Автор: инфодеск
Views: 108 Сѐ е подготвено за најголемата црковно народна манифестација Богојавление Водици во Охрид. На 19-ти јануари, богослужбите во охридските парохиски цркви ќе започнат во 7 часот наутро. Оваа година Свети Литургии ќе се одржат во четири парохиски цркви; Успение на Пресвета Богородица – Каменско, Св. Никола- Геракомија, Св. Никола- Долна Влашка Мала и Св. Георгија- Горна Влашка Мала. Литијата кон градското пристаниште ќе се упати во 9:45 часот.Светиот крст во водите на Охридското Езеро ќе биде положен во 10:00 часот од градското пристаниште, а чинот на полагањето за прв пат ќе...
Денеска во Куќата на Уранија ќе биде отворена XIII Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2025″.
Views: 53 Денеска во просториите на Македонската академија на науките и уметностите во „Куќата на Уранија” во Охрид ќе биде отворена XIII Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2025″.Oваа година конференцијата, ќе се одржува од 17-19 јануари, во два града- Битола и Охрид, а тематски е фокусирана на „Колективната меморија,политики на меморија и современите идентитети во контекст на локалните, регионалните и глобалните конфликти и сојузи”.На конференцијата ќе бидат презентирани 54 трудови од 68 учесници кои доаѓаат од 14 држави....
Во недела Црвен крст Охрид ја организира традиционалната крводарителска акција „Водици 2025“
Views: 94 Традиционалната крводарителска акција „Водици 2025“ под мотото „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СẺ“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира на 19.01.2025 (недела) од 9-15 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.-Ги покануваме нашите сограѓани и гости да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, а организаторот, со поддршка на Дебарско-Кичевската епархија ќе им возврати со должно внимание и скромни подароци, велат од Црвен крст Охрид.
Известување за корисниците на финанскиски средства кои се дел од Програмата за култура
Views: 88 Се известуваат сите корисници на финансиски средства кои се дел од Програмата за култура за 2025 година, дека потпишувањето на Договорите за финансирање на проекти,програми и активности од јавен интерес за општина Охрид од областа на културата ќе се врши во периодот од 21.01.2025 година (вторник), најдоцна до 14.02.205 година, во канцеларијата на Одделението за култура, втор спрат во новата зграда на Општина Охрид во периодот од 09.00 до 15.00 часот (одговорни лица: Весна Јованоска и Ива Николоска).Овластените потписници на правните лица со себе треба да носат и печат...
Ирец приведен во Охрид за недозволена трговија со дрога
Views: 61 На 16-ти јануари 2025 година, во 13:30 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид лишиле од слобода 31-годишно лице од Ирска, со привремен престој во Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот во Охрид во кој престојува, при што биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, дробилка и повеќе други предмети со остатоци од марихуана и бела прашкаста материја. Лицето било задржано во Полициска станица и по целосно...
Утрото студено, попладнето сончево
Views: 51 Утрото многу студено со услови за магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала до умерена облачност.Во Охрид денес температурите ќе се движат од -1 до 5 степени Целзиусови.Во деновите од викендот утре ќе преовладува стабилно време со утринските температури кои насекаде ќе бидат под нула, а дневните ќе бидат во постепен пораст. По котлините ќе има појава на магла и таму дневните температури ќе остануваат пониски. Од понеделник ќе има зголемување на облачноста, а локални врнежи од дожд, на планините од снег се очекуваат во текот на ноќта кон вторник и во...
Проодни и прочистени сите патни правци во Општина Дебрца
Views: 68 Со чистење на патните правци за село Турје и село Мраморец и патната врска село Врбјани-село Годивје-село Лактиње сите патни правци во општина Дебрца се проодни, а паралелно се работи на чистење на улици во селата, каде што тоа не е дозавршено.Од Општина Дебрца апелираат на внимателно возење бидејќи поради ниските температури по коловозите има мраз и подмрзнат снег.
Пецаков: Привршуваат подготовките за празникот Водици
Views: 62 Привршуваат подготовките по повод претстојниот христијански празник Богојавление – Водици. Ова беше денес констатирано на координатиовниот состанок кој се одржа во просториите на Општина Охрид.Од утре започнува китењето на централното градско подрачје и пристаништето со зеленило и верски знамиња. Викендов е исчистен делот од езерото и кејот каде ќе бидат сместени капачите и каде ќе се одвива полагањето на Светиот крст.На 19-ти јануари, богослужбите во охридските парохиски цркви ќе започнат во 7 часот наутро. Оваа година Свети Литургии со почеток во 8:15ч. ќе се...








