Автор: инфодеск
Views: 88 Денеска (16.01.2025) во 01:50 часот, во полициската станица Струга пријавено е дека на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 32 годишно лице од с.Драслајца, струшко, удрило во 36 годишен пешак од Охрид.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.
Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути
Views: 78 Илире Даути, пратеничката и претседателка на Комисијата за социјална политика, денеска поднесе оставка. Пред да ја образложи оставката, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја напуштија собраниската сала. – Ако живеевме во нормална држава, тогаш ова седница немаше да се одвива и јас немаше да имам потреба да земам збор. Ова е врвот на срамот што се случил во Собранието и е директна закана кон еден избраник од граѓаните, како и држење под контрола на истиот. Моето дејствие за ставање на Законот за бранители е врз основа на членот 3, кој подразбира дополнителни услови...
И денес продолжува потрагата по тригодишно девојче во реката Сава во Загреб
Views: 95 Потрагата по тригодишното девојче во реката Сава продолжи и утринава. Покрај полицијата, денеска на терен се и Хрватската планинска спасувачка служба, пожарникари, волонтери на Црвен крст и цивилната заштита, а во потрагата на реката Сава се користат и дронови.Според надлежните институции, девојчето исчезнало вчера попладне, откако заедно со својата мајка влегло во реката. Мајката, која подоцна била пронајдена и ѝ била укажана лекарска помош, изјавила дека заедно влегле во студените води на Сава. Сè уште е нејасно што се слуило и зошто мајката решила среде зима да влезе со...
ООУ „Григор Прличев“ со информација за сменските настави за почетокот на второто полугодие
Views: 68 ООУ „Григор Прличев“ ги информира учениците дека второто полугодие започнува во понеделник 20 јануари, и како и претходно наставата ќе се одвива во две смени:првата смена започнува во 7.30 часот за учениците од I-3,4,5, II, IV, VI, VIII одделение и ПУ нас. Рача-предметна настава,втора смена започнува во 13.30 часот за учениците од I-1,2, III, V, VII, IX одделение и ПУ нас. Рача-одделенска настава.
Црвен крст- Охрид со иницијатива да и помогнеме на Ана
Views: 57 Охриѓани пред уште еден хуманитарен предизвик за помош на 16 годишна наша сограѓанка која боледува од ретката болест Аrnold Chiari Мalformation и потребно е да и се изврши итна операција на мозокот. За операцијата која ќе се изведува во Бамберг, Германија потребни се 37.000 евра.Црвен крст Охрид се вклучи во хуманитарната акција за собирање на финансиски средства за нашата сограѓанка Ана и на повеќе локации во градот (маркети, кафулиња, хотели) веќе се поставени собирни кутии со знакот на Црвен крст во кои секој ќе може да донира финансиски средства според своите...
Нерешено заврши натпреварот Македонија-Унгарија на Светското првенство во ракомет
Views: 106 Македонија одлично го отвори Светското првенство во ракомет во Хрватска. Одигравме нерешено 27:27 против Унгарија во првото коло од Светското првенство во Вараждин. Македонската репрезентација водеше и со 4 гола во првото полувреме против унгарците, но по неколкуте грешки и промашен седмерец на крајот на првото полувреме Унгарија успеа да го израмни резултатот. Најефикасни во нашиот табор беа Кузмановски со десет и Митев со три гола, а кај Унгарија се истакнаа Илиќ со шест и Лекаи со четири гола. Во второто коло вo петок Македонија игра со Холандија, а Унгарија за противник...
УХМР: Наутро студено со појава на слаба магла по одделни котлини
Views: 53 Наутро студено со појава на слаба магла по одделни котлини. Преку денот променливо облачно понекаде и претежно во планинските региони со услови за провејување на слаб снег. Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од -1 до 3 степени Целзиусови.Од утре ќе преовладува стабилно време со позитивни дневни температури кои ќе бидат во постепен пораст. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. По котлините ќе има појава на магла и во долините со магла дневните температури ќе остануваат пониски, информираат од УХМР.
Јавна презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички проект КП 144/1 КО Вапила
Views: 80 Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 51/11, 123/12 и 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 39/16 , 99/18, 89/22 и 171/22) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на Р.М. бр. 147/08), Градоначалникот на Општина ОхридО Р Г А Н И З И Р А1. Јавна презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието...








