Skip to main content

Автор: инфодеск

Објавена програмата на Струмичкиот карневал

Post Views: 267 Годинешното издание на Струмичкиот карневал ќе се одржи од 22 февруари до 1 март. Организациониот одбор ја објави програмата, а карневалот ќе почне со свечено предавање на клучот од градот од градоначалникот на карневалистите.Веднаш потоа е закажана изложба на карневалски маски на СОУ „Никола Карев”, а наредниот ден е резервиран за Концертот под маски на Музичкото училиште „Боро Џони” од Струмица, како и за објавување на резултатите од темата за проза и поезија за карневалот во организација на Библиотеката „Благој Мучето”.В петок, на 24...

Продолжи со читање

Ер Србија од јуни ќе ја обнови авиолинијата Белград-Охрид

Post Views: 294 Српскиот национален авиопревозник, Ер Србија од јуни годинава ќе ги обнови летовите меѓу Белград и Охрид, известува ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, по најавата на авиокомпанијата за повторното воведување на оваа авио-конекција.Охрид, македонскиот бисер и македонскиот туристички и културен центар ќе биде воздушно поврзан со Белград четири пати во неделата, односно секој понеделник, среда, петок и сабота, од 5-ти јуни 2023 година.ТАВ како аеродромски оператор секогаш топло...

Продолжи со читање

Основците ќе учат до 14-ти јуни, средношколците до 9-ти

Post Views: 522 Министерството за образование го измени календарот за организација и работа на училиштата за учебната 2022/2023 година со што основците остануваат во училишните клупи до 14 јуни, наместо до 9-ти. За средношколците во тој дел нема промена, тие ќе завршат на 9-ти јуни и летниот распуст ќе го почнат на 10 јуни.МОН го продолжи зимскиот распуст и второто полугодие стартуваше на 23 јануари наместо на 18, како што е предвидено во календарот. Според календарот во учебната 2022/2023 година наставата се остварува во 180 наставни денови.Измените се објавени...

Продолжи со читање

Од четврток умерени врнежи претежно од снег

Post Views: 259 Во следните денови ќе се задржи студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула.Во среда времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Во четврток времето ќе биде умерено до значително облачно, кон крајот на денот со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.Во петок времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, претпладне со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец

Продолжи со читање

Денеска е Св. Атанасиј

Post Views: 493 Денеска е Св. Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие.Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо, па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при...

Продолжи со читање

Екипите на ЈП Водовод интервенираа на повеќе локации

Post Views: 278 Екипите на ЈП „Водовод“ Охрид, во периодот од 23-ти до 29-ти јануари, покрај редовните проверки и теренски активности, интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници.Отстранети беа дефекти во селото Лескоец (3 дефекти), нас. Св.Стефан (2 дефекти), ул. „Прилепска“, ул. „Крали Марко“, бул. „Туристичка“ бр.102, „Билјанини Извори“, ул. „Кленоец“, ул. „Мите Богоески“ – информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.

Продолжи со читање

Охридската Библиотека со богата програма ќе го чествува Патронот

Post Views: 364 Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид на пригоден и достоинствен начин годинава ќе ја одбележи 130 годишнината од смртта на Патронот, поетот и преродбеник Прличев.Традиционалните „Прличеви беседи“ ќе започнат во петок на 3 февруари во 12:00 часот со промоцијата на книгата „70 Години Библиотека Григор Прличев-Охрид“ од авторот Милчо Јованоски. Промотор ќе биде новинарот и публицист Свето Стефаноски, а настанот ќе се одржи во „Прличевата одаја“ на Библиотеката.Свеченостите во рамки на беседите на општинско ниво, а во директна...

Продолжи со читање

Уставен суд ќе ја преиспитува одредбата за исплата на апанажа на јавни функционери кои се разрешени или дале отказ

Post Views: 359 Уставниот суд ќе ја преиспитува уставноста на одредбата за исплата на апанажа на разрешени јавни функционери, но и на оние кои дале отказ пред завршување на нивниот мандат. Иницијатива за преиспитување и оспорување на уставноста на одредбите од законот за надоместоци и плати на јавните функционери, пред десет месеци ја поднесоа правници од Струга.Тие бараа целосно укинување на апанажата, како класна привилегија, но Уставен суд одби.Ова практично значи дека мислењето на Уставниот суд во конкретниот случај беше дека со ваквата одредба, самиот чин што...

Продолжи со читање

Гасен пиштол пронајден кај малолетник од струшко

Post Views: 936 Денеска, во близина на средно училиште во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга привеле малолетник од струшко село затоа што кај него бил пронајден гасен пиштол.Околу 07:20 часот денеска на улица „Пролетски бригади“ во близина на средно училиште во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга привеле малолетник од струшко село затоа што кај него бил пронајден гасен пиштол – информира Министерството за внатрешни работи.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 80 од...

Продолжи со читање

Изгласани новите цени за паркинг и користење на спортските терени на ЈП Билјанини извори

Post Views: 587 Со 17 гласа За и 5 против на денешната седница на Совет беше дадена согласност за дополнување и изменување на одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори“.Со стапување на сила на оваа одлука во Премиум зона, паркирањето во шест месеци од октомври  до март ќе чини 30 денари по час, а останатите шест месеци од април до септември 100 денари по час. Во Зона А и зона Б паркирањето поскапува за 10 ден по час. Дневните карти ќе чинат 400 денари во Зона А и 300 ден во Б во текот на...

Продолжи со читање

Поскапуваат горивата

Post Views: 275 Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.01.2023 година.Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 86,00 ден/лит.Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на...

Продолжи со читање

Црвен крст спроведе акција за донирање мобилни телефони

Post Views: 245 Во текот на минатиот месец Црвен крст Охрид заедно со MI&DA Mobile Service Center спроведе акција за донирање на стари телефони кои што не се користат или кои се неупотребливи.Мобилните беа поправени и донирани на граѓани на кои им се најпотребни во секојдневниот живот.Ги мотивираме сите хумани граѓани доколку имаат стар телефон кој не го употребуваат или кој што не можат да го употребуваат да го донираат во просториите на Црвен крст Охрид или MI&DA Mobile Service Center – велат од Црвен крст Охрид.

Продолжи со читање