Автор: инфодеск
Views: 102 Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Дирекција за заштита и спасување за 2023 година. Со ревизијата е утврдено дека ДЗС се соочува со сериозни предизвици во своето функционирање, поради недостаток на Национална стратегија за заштита и спасување, недостаток на квалификуван персонал и неадекватно управување со имотот и опремата. Ова создава значителни ризици за безбедноста на земјата, особено во услови на природни непогоди и други несреќи, каде брзата и ефективна реакција е од клучно значењеСо Одлуки на...
МВР потврди дека жената чие тело е пронајдено во Вардар е исчезнатата Лидија Трајковска
Views: 94 Телото кое пред неколку дена беше пронајдено во Вардар кај Зелениково, е идентификувано.По ДНК анализата, утврдено е дека станува збор за исчезнатата 43-годишната Лидија Трајковска од скопското село Јурумлери, која од 8-ми ноември минатата година се водеше за исчезната. При првичната полициска потрага, беше утврдено движењето на жената. Таа од Јурумлери се упатила по патот што води кон Драчево, а на тој пат, во близина на мостот на реката Вардар, при пребарување на теренот, биле најдени кутија од цигари, запалка и џемпер. Сопругот на Трајковска потврдил дека цигарите и...
Црвен крст ќе се грижи за здравствената безбедност на капачите за Водици
Views: 79 Со низа здравствено-превентивни активности Општинската организација на Црвениот крст од Охрид и оваа година ќе биде дел од црковно-световната манифестација со која се одбележуваат големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите.-Во сабота од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“. Апелираме и препорачуваме до „скокачите по крстот“ да ја проверат својата здравствена состојба и се...
Пливачки базен Струга нема да работи во недела
Views: 108 Од Пливачкиот базен Струга информираат дека нема базенот нема да работи поради масовната прослава на празникот Богојавление-Водици и положување на светиот крст во водите на реката Црн Дрим.Во соопштението се вели дека останатите денови остануваат истите термини за работа. Тимот на ЕСМ Молика и Пливачки базен Струга им посакуваат среќни празници на сите корисници.
Денес ќе навиваме за Македонија на Светското првенство
Views: 102 Вчера, актуелните светски шампиони, репрезентацијата на Данска со убедлива победа од 47:22 против Алжир го започна Светското првенство во ракомет. Данците доминираа на теренот од самиот старт., на полувремето предноста на фаворитот веќе изнесуваше девет голови разлика (20:11), а во вториот дел беа уште поубедливи. И Австрија го победи Кувајт со 37:26.Македонските репрезентативци вчера го одработија последниот тренинг во Вараждин во пресрет на официјалниот старт на светскиот шампионат. Селекторот Кире Лазаров изрази увереност дека неговите избраници ќе дадат сè од себе на...
И Светиот крст во Струга ќе го положи Архиепископот охридски и македонски, Г.Г. Стефан
Views: 101 Архиепископот охридски и македонски, Г.Г. Стефан, ќе ја води свечената литургија и ќе го положи Светиот крст во водите на Црн Дрим. Церемонијата ќе започне во 11 часот, веднаш по завршувањето на церемонијата во Охрид.
Фото клубот „Охрид“ организира изложба на тема „Православие Водици“
Views: 125 Во недела, во чест на големиот христијански празник Богојавление Водици, Фото клубот „Охрид“ организира изложба на тема „Православие Водици“.Изложбата ќе биде отворена во изложбениот салон при НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 13 часот, а се реализира со поддршка од Локалната самоуправа и во соработка со општинската организација на Црвен крст.
Јавен повик за субвенционирање на комунални услуги
Views: 109 Врз основа на член 36 од Законот за локална самоуправа (,, Сл.весник на РМ“ бр.5/02), член 11, 12 и 306 став 2 од Законот за социјална заштита (,,Сл.весник на РМ” бр.79/09, 36/11, 51/11, 166/12, 15/13, 79/13, 164/13, 187/13, 38/14, 44/14, 116/14, 180/14, 33/15, 72/15, 104/15, 150/15, 173/15, 192/15, 30/16, 163/17 и 51/18), програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2025 година како и Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги бр.08 – 15415/59 од 25.12.2024 година (,,Службен гласник на општина Охрид број...








