Skip to main content

Автор: инфодеск

Македонскиот филм „Утре наутро“ денес премиерно во НУ „Григор Прличев”

Post Views: 179 „Утре наутро“ – македонски долгометражем филм од 2025 година, по сценарио и режија на Јани Бојаџи, премиерно ќе биде прикажан денес во НУЦК “Григор Прличев” – Охрид со почеток во 19.30 часот.Содржина:Аида, млада докторка е силувана од нејзин постар колега, влијателен и богат хирург. Корумпираниот суд ја отфрла нејзината тужба со образложение дека за време на настанот таа не давала доволно силен отпор.Јоана Пеласка, сопругата на поранешниот премиер и нејзините деца се прогонувани заради видео фајлот на кој се гледа што се случило во нивната куќа...

Продолжи со читање

Преподобен Акакиј Синајски

Post Views: 135Во својата славна книга Лествица, свети Јован Лествичник известува за житието на овој светител. Младиот Акакиј беше искушеник кај еден зол старец во Синајскиот манастир. Гневниот старец везден го укоруваше и го навредуваше Акакиј, а често и го тепаше, и на сите начини го измачуваше и малтретираше. Но, Акакиј не се жалеше и сето тоа го поднесуваше трпеливо, со уверение дека тоа е корисно за неговото спасение. Кога и да го запрашаше некој како живее, одговараше: „Добро, како пред Господ Бог!“ После девет години послушание и мачење Акакиј умре. Старецот го...

Продолжи со читање

Продолжува периодот на претежно сончево време

Post Views: 133 Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Претпладне по котлините и речните долини ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.Минималните температури во Охрид од 1, а максималните до 11 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.

Продолжи со читање

Општина Дебрца се приклучува кон регионалниот систем за управување со отпад

Post Views: 135 Општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион, во Скопје, одржаа конститутивна седница и официјално го формираа Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) – формален и функционален механизам што ги обединува двата региона во единствена структура за управување со отпад. Со ова, државата прави решителен чекор кон воведување модерен, координиран систем за управување со отпад по европски стандарди.На настанот се обратија Златко Перински, министер за локална самоуправа, Ане Лашкоска, заменик-министерка за животна средина и просторно планирање, Душица...

Продолжи со читање

Започнуваат подготовките за Бадниковата поворка

Post Views: 119 Во сабота во 12 часот започнуваат подготовките за годинешната Бадникова поворка, а ќе се одржуваат во спортската сала на ООУ Христо Узунов во Охрид.Сите заинтересирани кои сакаат да учестуваат на поворката подетални информации можат да добијат на телефонскиот број 078/271-793 и на фејсбук страницата Бадникови поворки Охрид.Во Велгошти пробите започнуваат во недела, на 14ти декември, со почеток во 18:00 часот во манастирот Св. Петка. Сите кои сакаат да се пријават можат да го сторат тоа на телефонскиот број 078 335 363.-Ве очекуваме со радост! Со...

Продолжи со читање

Штип и Охрид добиваат целосно реновирани метеостаници за поефикасно следење на времето

Post Views: 139 Од Управата за метеоролошки работи информираат дека се реализираат активности за целосно реновирање и унапредување на клучните метеоролошки станици на национално ниво. Акцијата е во рамките на Програмата за поддршка за рурален развој на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,По отпочнувањето на интервенциите во Прилеп и Битола, следниот значаен чекор е модернизацијата на главната метеоролошка станица во Штип. Со оваа инвестиција ќе се подобри следењето на температурните екстреми, врнежите и ветерот во Источниот регион, што е од особено...

Продолжи со читање

Формиран Меѓуопштински одбор за управување со отпад

Post Views: 168 Претставници од Општина Охрид заедно со колеги од  останатите општини  од Пелагонискиот и Југозападниот регион  деновиве , во Скопје, одржаа конститутивна седница и официјално го формираа Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО). Станува збор за формален и функционален механизам што ги обединува двата региона во единствена структура за управување со отпад. Со ова, државата прави решителен чекор кон воведување модерен, координиран систем за управување со отпад по европски стандарди. На настанот се обратија Златко Перински, министер за...

Продолжи со читање

Министерска конференција на „Советот на министри за култура од ЈИЕ-јакнење на културата во функција на одржливиот развој“ во Охрид

Post Views: 119 Охрид денес и утре ќе бидe домаќин на министерската конференција на „Советот на министри за култура од ЈИЕ-јакнење на културата во функција на одржливиот развој“.Конференцијата официјално ќе биде отворена утре, 12 декември во 10:00 часот со воведно обраќање на министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Свои обраќања ќе имаат и директорката на Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа, со седиште во Венеција, Магдалена Ландри, министри за култура, заменици-министри и претставници од земјите од ЈИЕ.На конференцијата ќе биде усвоена...

Продолжи со читање

И оваа година Црвен крст Охрид ја организира Новогодишната хуманитарна акција „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“

Post Views: 105 Стартува Новогодишната хуманитарна акција на Црвен крст Охрид „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ наменета за децата од социјално загрозените семејства. Во соработка со OHRIDMALL, во просторот на молот кај големата Новогодишна елка, волонтерите на Црвен крст Охрид во посебен сад ќе постават волшебни лампиони во кои ќе се напишани скромните новогодишни желби на децата од социјално загрозените семејства од Охрид и Дебрца. – Секој наш хуман сограѓанин, фирма, институција ќе има можност да избере еден или повеќе волшебни лампиони и да ја исполни новогодишната желба...

Продолжи со читање

Јавен увид на донесените нацрт програми и нацрт буџетот за 2026

Post Views: 158 Советот на општина Охрид на седницата одржана на 10.12.2025 година ги донесе нацрт програмите и Нацрт буџетот за 2026 година. Се ставаат на јавен увид донесените нацрт документи, се повикуваат сите буџетски корисници, сите невладини организации и здруженија на граѓани како и сите заинтересирани физички и правни лица своите предлози и забелешки по нацрт документите да ги достават до стручните служби на општина Охрид.  Јавниот увид трае 7 дена почнувајќи од 11.12.2025 год.Повеќе информации на линкот.

Продолжи со читање

Денес намален притисок и прекин на водата во делови од Охрид и Пештани

Post Views: 115 ЈП Водовод информира дека поради изведување на одредени зафати при реконструкција на пумпената станица Метропол, денес од 08:30 часот до завршување на активностите, со намален притисок ќе бидат делови од градот Охрид како и околните места.Во нивното соопштение се додава дека ист така ќе се врши замена на постоечки вентили на главната водоводна линија во Пештани, при што ќе има прекин во водоснабдувањето на овој потег од 08:30 часот до завршување на активностите.

Продолжи со читање

Св. Петнаесет тивериополски (струмички) маченици

Post Views: 149 За време на владењето на императорот Јулијан Отстапник (361-363) беше извршен страшен прогон на христијаните. Тогаш во целата Римска империја беа издадени посебни наредби и беа испраќани луѓе да ги спроведуваат. Со тие заповеди секој што ќе се откажеше од Христа добиваше големи почести од царот, а ако пак не сакаше да се откаже од неговата вера и не сакаше да им принесе жртви на паганските идоли требаше да биде подложен на жестоки казни и мачења. Тогаш, пред ваквата опасност од Никеја побегнаа во Солун, а оттаму во Тивериопол – денешна Струмица, епископите Теодор...

Продолжи со читање