Skip to main content

Автор: инфодеск

Струга

Утре прекин во водоснабдувањето во цела Струга

Views: 246 Поради изведување работи за замена на вентили, утре, 2 септември (среда), ќе има прекин во водоснабдувањето на целата територија на Општина Струга.Од ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга информираат дека прекинот ќе трае во периодот од 10:00 до 12:00 часот.Од претпријатието им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето.

Продолжи со читање

Подароци и поддршка од општината за првачињата во Дебрца

Views: 158 Првиот училишен ден за најмладите ученици од Општина Дебрца беше одбележан со подароци и дополнителна финансиска поддршка од локалната самоуправа.Градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, денеска ги прими првачињата од ООУ „Дебрца“, на кои им беа доделени училишни ранци со потребниот прибор.За секое прваче е обезбедена и еднократна финансиска поддршка од 10.000 денари, со цел да им се помогне на семејствата на почетокот на новата учебна година.Од Општина Дебрца најавуваат и нови училишни униформи за учениците. Како што информираше градоначалникот...

Продолжи со читање

Во петок започнува есенскиот циклус за подигнување кабаст и зелен отпад, првaта акција ќе биде во Стар Град

Views: 144 Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид од петок, 4 септември, го започнува есенскиот циклус од Календарот за 2026 година за акции за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на Општина Охрид.Во рамки на првата акција од есенскиот циклус, во петок, 4 септември 2026 година, ќе се врши подигнување кабаст и зелен отпад од У.З. 1 „Стар Град“.Од „Охридски Комуналец“ ги повикуваат жителите на оваа урбана заедница кои имаат кабаст или зелен отпад, истиот уредно да го депонираат најдоцна до 07:00 часот во петок, на 4 септември.Од претпријатието апелираат...

Продолжи со читање

Нова генерација првачиња тргна по патот на знаењето

Views: 186 Најстарото охридско училиште денеска ги отвори вратите за нова  генерација ученици, а меѓу нив и за првачињата  кои  зачекорија во светот на знаењето.Претседателката Сиљановска-Давкова и градоначалникот Кирил Пецаков им посакаа добредојде на првачињата во ООУ „Св. Климент Охридски“На свечениот пречек, претседателката порача дека  највредната инвестиција е онаа во знаењето.Не заборавајте дека ако учите, сигурноста ќе ја имате во себе и затоа ви посакувам да се натпреварувате, ама не за оценки, туку за знаење и за успех, рече Давкова.„Нема подобра...

Продолжи со читање

Меѓународна ликовна колонија „Лихнид – Охрид“

Views: 230 Од 1 до 9 септември, Охрид ќе биде домаќин на првата Меѓународна ликовна колонија „Лихнид – Охрид“, во организација на Општина Охрид. На колонијата ќе учествуваат 17 ликовни уметници од земјава и странство, кои преку својот уметнички израз ќе создаваат инспирирани од Охрид, неговото културно наследство и уникатниот амбиент.Запознајте ги уметниците кои ќе бидат дел од оваа уметничка приказна на следниот ЛИНК.

Продолжи со читање

Свеќи

Светиот маченик Андреј Стратилат

Views: 147 Беше офицер-трибун во римската војска во времето на царот Максимијан. Роден е во Сирија и таму беше на служба. Кога Персијците го загрозија со војска римското царување, на Андреј му беше доверена војска во борба против непријателите. Во таа прилика, го произведоа за војвода, односно стратилат. Бидејќи беше потаен христијанин, иако уште некрстен, Андреј се понадева во живиот Бог, па од мнозинството војници ги избра само најдобрите и со нив појде во битка. Пред битката им рече на своите војници дека ако сите Го повикуваат на помош единствениот вистински Бог Господ Исус Христос,...

Продолжи со читање

Фото Ѓоко Симјаноски

Сончево и топло

Views: 197 Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Во Охрид денес температурите од минимални 18, до максимални 32 степени Целзиусови.Фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Започнаа уписите за Бреинобреин програмата на Црвен крст Охрид

Views: 184 Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН – Црвен крст Охрид започнува со уписи на нови деца од 4 до 14-годишна возраст, заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма.Преку следење на програмата децата ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.Сите заинтересирани можат да се информираат и пријават на телефоните 046 261 909 или 078...

Продолжи со читање