Skip to main content

Автор: инфодеск

Казнети 18 возачи во Охрид, 48 во Струга

Post Views: 259 На 29.01.2023 година од 10 до 15 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли.Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 80 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-18, Струга-48, Кичево-05, Дебар-09) – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Охриѓанец упатил закани кон три лица на ул. Абас Емин

Post Views: 331 На 30.01.2023 во 03:40 часот на улица „Абас Емин” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.К.(30) од Охрид.Тој го нарушил јавниот ред со викање и упатил закани кон Н.К.(20), С.Ј.(23) и Д.Ј.(54), сите од Охрид. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Петкоска : Излеговме на терен за да се увериме како лаже Ковачевски

Post Views: 233 Излеговме на терен за да се увериме како лаже Ковачевски и дали навистина се завршени 1300 км патишта коишто Премиерот гордо ги исчита на седницата за пратенички прашања во четвртокот и за кои дури видовме и совршено склопен и намонтиран видеоспот, кажа денеска пратеничката од Охрид, од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Лидија Петкоска.Во моментов се наоѓаме на делот од 57-те километри од автопатот Кичево-Охрид за кои Димитар Ковачевски во четвртокот излажа дека се завршени – истакна Петкоска.„Не гледаме работници, не гледаме машини, но треба да веруваме во...

Продолжи со читање

Беседата „Прличеви и ние“ најдобра на конкурсот објавен од Библиотеката

Post Views: 238 Во пресрет на манифестацијата „Прличеви беседи 2023“ годинава за прв пат НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид распиша Конкурс за избор на најдобра беседа посветена на нашиот патрон, големиот поет и преродбеник Григор Прличев под наслов: „Прличев и ние“.Од пристигнатите седум беседи на распишаниот Конкурс комисијата оценувајќи ја нивната уметничка, јазична и естетско – етичка содржина одбра три. За најдобра е прогласена беседата „Прличев и ние“ под шифра: „Гроф“, втората награда е за беседата под ист наслов, но под шифра „Ѕвезда“, а третата награда ќе оди...

Продолжи со читање

Ѓоковиќ шампион на Австралија опен

Post Views: 306 Новак Ѓоковиќ е шампион на Австралија опен, со што повторно стана светски рекет број еден.Во финалето во Мелбурн, триесет и пет годишниот српски тенисер го победи Стефанос Циципас со 6:3, 7:6, 7:6 во натпревар кој траеше два часа и 59 минути. Со оваа победа Ѓоковиќ го освои по десетти пат во кариерата трофејот на Грен-слем турнирот на Австралија опен. Новак со само еден загубен сет стигна до својата 22. Грен-слем титула и се изедначи со Рафаел Надал на првото место на вечната листа.Со победата, рекордна 28. по ред во Мелбурн, против 11 години помладиот...

Продолжи со читање

Утре започнува исплатата на јануарските пензии

Post Views: 312 Од утре пензионерите ќе може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.На деловните банки им се препорачува преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата.Исплатата на пензиите до 11.000 денари ќе се изврши на 30 јануари (понеделник), пензиите во износ од 11.001 денар до 14.000 денари на 31 јануари, (вторник), пензии во износ од 14.001 до 18.000 денари на 1 февруари (среда) и пензиите над...

Продолжи со читање

Битолчанка пронајдена почината во куќа во Рамне

Post Views: 366 На 27.01.2023 година во СВР Охрид пријавено е дека во куќа во охридското село Рамне, што привремено ја користела, пронајдена почината е В.Г.(54) од Битола.Лекар од Итната медицинска помош од Охрид, констатирал смрт без траги на насилство, а увид изврши увидна екипа. По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Полицијата упадна во 185 локали низ земјава

Post Views: 281 Синоќа по полноќ, полициски службеници од Одделот за униформирана полиција на подрачјата на СВР Скопје, СВР Битола, СВР Охрид, СВР Куманово, СВР Велес и СВР Тетово, во координација со претставници на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на 185 локации.Притоа, констатирани се 5 прекршоци за присуство на малолетници после 00.00 часот, и тоа на подрачјата на СВР Скопје, СВР Битола, СВР Куманово, СВР Велес и СВР Тетово.При контролите бил констатиран и еден прекршок по член 80 од Законот...

Продолжи со читање

13-годишно дете стои зад нападот во Ерусалим

Post Views: 436 Две лица се ранети денес при пукање во нов напад во источен Ерусалим, соопшти израелската полиција и го оквалификува како терористички чин.Израелската полиција соопшти дека напаѓачот е неутрализиран и ранет и дека мотивот е тероризам.Државниот телевизиски канал Кан објави дека напаѓачот бил од областа Силван и дека имал 13 години. Од израелската служба за итни случаи соопштија дека двајца мажи биле тешко ранети и пренесени во болница. Според пишувањата на локалните медиуми, станува збор за татко и син.Shooting attack near Jerusalem's Old City: 22...

Продолжи со читање

Охриѓанка упатила закани кон малолетничка во училиште

Post Views: 291 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.К.(20) од Охрид поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница”.Пријавената, на 23.11.2022 во едно училиште во Охрид го нарушила јавниот ред и мир со викање и закани кон малолетничка – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Нов случај на семејно насилство во Охрид

Post Views: 371 На 26.01.2023 во 20:20 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Р.(53) од Охрид.Тој во семејниот дом во Охрид физички ја нападнал неговата сопруга и се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Објавен конкурс за новинарски награди

Post Views: 279 Македонскиот институт за медиуми го објави конкурсот за новинарските награди „Никола Младенов 2022“.Ќе бидат доделени три годишни награди во категориите: најдобра истражувачка сторија, најиновативен новинарски производ и најдобра репортерска фотографија.На конкурсот може да се пријават сите новинари и фоторепортери кои професионално работат во медиумите или соработуваат како фриленсери со нив.Пријавените материјали треба да бидат објавени во текот на 2022 година во весник, на радио, на телевизија, на информативни интернет-портали или од новински...

Продолжи со читање