Автор: инфодеск
Post Views: 361 Владата денеска на седница треба да донесе одлука за замрзнување на цените на хигиенските производи, а во тек на неделава да одлучува и за цените на дел од овошјето и зеленчукот. Од Владата оценуваат дека нејзините одлуки за цените генерално се почитуваат и најавуваат дека ќе има и други интервенции ако анализите покажат дека е неопходно.Нема да чекаме несоодветно работење на одредени комисии во Собранието. Со одлука на Владата ќе ги намалиме цените на лепеза хигиенски прозводи на истиот начин како што го сторивме тоа и кај цените на прехранбените...
Дејвид Гир во работна посета на Општина Дебрца
Post Views: 277 Шефот на Делегацијата на Европската Унија, Н.Е Давид Гир, во понеделник 03.04.2023 година ќе биде во целодневна работна посета на Општина Дебрца.За време на посетата покрај работна средба со градоначалникот Ногачески и Членовите на Совет на Општина Дебрца, предвидено е и посета и промоција на претходно реализираните проекти кои се поддржани од страна на Европската Унија.Во попладневните часови амбасадорот исто така ќе оствари и непосредни средби со НВО и граѓаните на Општина Дебрца.
Премиера на Кајмак во Италија
Post Views: 323 Филмот „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски ја имаше и италијанската премиера, во селекцијата на Меѓународниот филмски фестивал во Бари. Овој фестивал е еден од најголемите во Италија и е поврзан со две легендарни имиња на италијанската кинематографија – директорот Феличе Лаудадио, кој во богатата кариера беше на чело и на Венецискиот фестивал и на низа значајни филмски инситутции, како и филмскиот критичар Енрико Марџели кој го претстави „Кајмак“ пред премиерната проекција и го водеше разговорот со авторот Манчевски. „Кајмак“ беше...
Почнува проектот Медиумите за ЕУ
Post Views: 284 Евротинк – Центарот за европски стратегии и партнерите АЛДА и БИРС, денеска го почнуваат проектот „Медиумите за ЕУ“ – Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, кој ќе се спроведува во наредните три години со поддршка од Европската Унија.Целта на проектот е да се поттикне соработката меѓу медиумите, граѓанските организации и релевантните државни институции кои ќе работат во преговарачките процеси на земјата со релевантните институции од ЕУ, како и подобрување на квалитетот на информации и...
Времето денеска сончево и ветровито
Post Views: 270 По студеното утро, во текот на денот нè очекува релативно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.Минималните температури ќе се движат во интервал од -7 до 3 Целзиусови степени, а максималните ќе достигнат од 3 до 14 степени.Слично време УХМР најавува и за утре.
Академски дијалози на Министерката за одбрана во УИНТ Охрид
Post Views: 371 На 30.03.2023 година со почеток од 12 часот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” ќе се одржат академски дијалози на Министерката за одбрана Славјанка Петровска со академскиот кадар и студентите на Универзитетот.Исто така, ќе има научно – стручна дебата на тема „Клучни предизвици за сајбер одбраната на Република Северна Македонија – можности по членството во НАТО” и презентација на можностите за професорите и студентите на НАТО Фондот “Наука за мир”. Академските дијалози претставуваат можност за дебата, размена...
Се уредуваат пристапни патишта во Вевчани
Post Views: 320 Во тек се градежни активности за уредување на пристапни патишта, како дел од активностите на годишната Програма за изградба, реконструкција, заштита и одржување на локални улици и патишта на територијата на општина Вевчани за 2023 година.Во текот на 2023 година преку неколку проекти ќе биде реконструиран значителен дел од сообраќајната инфраструктура во општина Вевчани – информира градоначалникот Спасе Кочовски.
Охридските гимназијалци со одлични резултати на државен натпревар по информатика
Post Views: 503 На факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје на 25-ти се одржа 34-от државен натпревар по информатика – област програмирање на кој учество зедоа ученици од Охридската гимназија.Нашите ученици постигнаа одлични резултати. Филип Ѓорѓески IV год. освои II награда, стипендија од факултетот ФИНКИ, ваучер од СЕМОС едукација – ментор Елизабета Левеска Нина Стевоска III год. пофалница – ментор Елизабета Левеска Илија Волканоски I год. III награда – ментор Ѓоко Доревски – информираат од ОСУ „Св. Климент Охридски“ Охрид.
Ученици од Белчишта и Ботун се запознаа со професијата пожарникар
Post Views: 391 Учениците од прво до петто одделение од с. Белчишта и с. Ботун преку проектот „Пожарникарите поблиску до нас” одблиску се запознаа со професијата пожарникар.Исто така научија во која ситуација треба да повикаат пожарна и како да постапат доколку се најдат во некоја опасност од пожар – информираат од ООУ „Дебрца“.
Обновената претстава Заспаната убавица вечерва во НОБ
Post Views: 408 На големата сцена на Националната опера и балет, на 28 март 2023, со почеток во 20 часот, ќе се изведе обновената балетска претстава „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски. Втората изведба е закажана за 12 април 2023, во 20 часот. Премиерата на балетската претстава се одржала во 2011 година, во рамките на фестивалот „Мајски оперски вечери“.Под диригентската палка на Бисера Чадловска, во кореографија на гостинот од Украина Виктор Јаременко, асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, светло дизајн...
Јавен повик за пријавување на локации поволни за инвестирање
Post Views: 329 Општина Охрид во својот делокруг на работа, а во врска со спроведување на Г1 Програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2023 година под точка 1.3. Промоција на можностите за инвестирање во општина Охрид има за цел подготовка и промоција на брошура „Инвестирајте во Охрид“ .Оваа активност предвидува изработка на брошура за промоција на мерките кои се насочени кон поддршка на економијата, чија основна цел е стимулирање на инвестиции, технолошки развој и зголемување на конкурентноста на македонските компании, но и промоција на...
ЈП Билјанини Извори со известување до сопствениците на пловни објекти
Post Views: 601 Согласно Одлуката за давање на времено користење на недвижен имот на ЈП „Билјанини Извори” – Охрид бр. 08-4086/60 од 28.04.2021 година од страна на Советот на општина Охрид како и врз Мислењето од Капетанија бр. 03-236/2 од 13.04.2022 година, ЈП „Билјанини Извори” ги известува сите сопственици на пловните објекти кои веќе се усидрени или се заинтересирани за усидрување на своите пловни објекти на градското пристаниште, најкасно до 25.04.2023 година да дојдат во просториите на претпријатието (Спортска сала „Билјанини Извори”) за да склучат...