Автор: инфодеск
Post Views: 299 Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Управата за хидрометеоролошки работи ги информираат земјоделците дека во наредните денови 29 и 30 март (среда и четврток) земјата ќе биде зафатена од ниски температури под нулата.Минималните температури на 29 март ќе изнесуваат -5 степени во Крива Паланка, -4 во Ресен и Битола, -3 во Прилеп и Тетово, – 2 во Скопје, Струмица и Кочани, -1 во Демир Капија и Штип, додека 0 степени ќе биде минималната температура во Кавадарци. За 30 март пак минималната температура ќе изнесува -4 степени во Крива...
Најмногу дожд во Охрид
Post Views: 221 За изминатите 24 часа до 08 часот утрово (во l/m2) најмногу дожд има во Охрид со 31 литар на м2, 23 во Маврови Анови, 19 Претор, Крушево 16 Битола, 15 Прилеп, 11 Виница, 10 Пожаране, Тополчани, 9 Струмица, 8 Штип, Демир Капија, Попова Шапка, Охрид, 7 Тетово, 5 Куманово, Крива Паланка, 4 Дојран, 3 Скопје – Зајчев Рид, Ѓуриште, Гевгелија, 2 Скопје – Петровец и 1 л/м2 во Берово. На Попова Шапка во 8 часот, се измерени 3 см снежна покривка.Утрово на Попова Шапка е измерена најниска темепратура од -9 степени. Следат Маврови Анови, Крушево и Лазарополе со -3, -1 во...
Во Вевчани работи последната воденица
Post Views: 750 Воденичарството во изумирање. Во минатото имало 30, денес во Вевчани се слуша вртежот на старите воденички камаења на последната воденица.Вевчани било познато во целата околина, жителите од регионот доаѓале тука да мелат жито.Последната воденица која работи на Вевчанските извори е стара 150 години, денес меле и произведува пченкарно брашно, раскажува сопственичката на воденицата, 90-годишната Душанка Русеска од Вевчани.Воденицата постоела уште во турско време затоа што Македонија тогаш била под Турците. Свекрва ми ја наследи од мајка и и татко...
Утре замрзнување на цените на хигиенските производи
Post Views: 328 Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави дека најверојатно утре на владина седница ќе се донесе одлука за замрзнување на цените на хигиенските производи, а во текот на оваа недела ќе бидат замрзнати и цените на дел од овошјето и зеленчукот.Нема да чекаме несоодветно работење на одредени комисии во Собранието. Со одлука на Владата ќе ги намалиме цените на лепеза хигиенски прозводи на истиот начин како што го сторивме тоа и кај цените на прехранбените производи, до одреден датум, но датумот до кога ќе трае замрзнувањето ќе се дознае утре –...
Регионална конференција Партнерство за подобро образование во Европа и Евроазија
Post Views: 228 На 28-ми март со почеток од 15 часот, на Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” Охрид, Џуниор Ачивмент Македонија ја организира конференцијата „Партнерство за подобро образование во Европа и Евроазија“.Настанот има за цел да го привлече вниманието на јавноста во нашата земја за важноста на претприемничкото образование и дека секој млад човек треба да има барем едно практично претприемничко искуство пред да го напушти училиштето. Конференцијата ќе спои претставници од Џуниор Ачивмент организации од Албанија, Бугарија,...
Протест на пензионерите
Post Views: 372 Незадовоството од досегашното работење на раководните структури во пензионерската организација е причина за протест кој ќе се одржи утре пред седиштето на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија (СЗПМ), стои во информацијата од пензионерите.Незадовоството ја достигна својата кулминација со последната манипулацијата при спроведувањето на редовните избори во здруженијата на пензионери во Македонија и во СЗПМ, кога во најголемиот дел случаи незаконски, нелегитимно и нерегуларно беа избрани старите за нови членови во органите и телата за новиот...
Утре се решава судбината на Цар Борис Трети
Post Views: 267 Основачите на бугарскиот клуб „Цар Борис III“ сѐ уште не дале предлог за ново име на клубот откако се согласиле со одредбите од новите законски решенија за називите на организациите и граѓанските здруженија. Како што најави денеска министерот за правда Кренар Лога, за утре е закажана седница на Комисијата за употреба на имињата која треба да одлучи дали името на ова здружение е согласно македонското законодавство.Претставници на клубот „Цар Борис III“ од Централниот регистар побарале дополнителни објаснувања што ја оддолжи постапката за решавање дали овој...
Генералки на плажите Канео и Потпеш
Post Views: 345 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ спроведоа генерално темелно чистење на плажите Потпеш, Канео и во Пештани.Активности за генерално чистење (подигнување расфрлан отпад) и косење на трева во околниот простор од плажите Потпеш и Канео и пристапните улици во населба Канео. Тековно одржување на јавната чистота во с. Пештани – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Вечерва хит претставата Енергични луѓе
Post Views: 415 По повод Светскиот ден на театарот, вечерва во 20 часот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, на репертоарот повторно хит претставата „Енергични луѓе“ според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски.Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска.Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака...
Општина по мерка на бизнисот
Post Views: 322 Локалните самоуправи од целиот регион, од денес, можат да се пријават на јавниот повик за учество во Програмата за сертификација на градови и општини со поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа (BFC SEE) и со тоа да ги унапредат условите за привлекување инвестиции и побрз развој на постоечкото стопанство.Јавниот повик е објавен од страна на Партнерството за конкурентен регион (CORE Partnership) во соработка со Германската развојна соработка што ја спроведува ГИЗ. Ова е уникатна програма за подобрување на квалитетот на услугите и информациите кои...
Струшко Подгорци нуди уникатна автентична авантура
Post Views: 731 Струшко Подгорци станува рурална туристичка дестинација. Преку уникатна автентична авантура на Јабланица јавање коњи, стрелање, подготовка локална храна, палење логорски оган, берење чаеви и шумско овошје, туристичкиот работник Шабан Адемоски на својот ранч над селото ја презентира земјава пред странските гости.Туристите се запознаваат со културата, традицијата и мултиетничноста, начинот на живот во областа на Дримколскиот регион.Пред се се’ е природно овде имам градина сами си собираат салата. Ги организирам сите. Се качуваме на коњите, си...
Жител на Ресен фатен со кокаин во ноќен клуб во Охрид
Post Views: 508 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Ш.(26) од Ресен, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.При контрола извршена во ноќен клуб на улицата „Стив Наумов” во Охрид, полициските службеници кај него пронашле и одзеле кокаин, наменет за натамошна продажба – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
