Skip to main content

Автор: инфодеск

Традиционален Василичарски појадок во Општина Охрид

Views: 109 На традиционалниот заеднички појадок по повод празникот Василица што се организира во Општина Охрид паричките ги најдоа Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески. Вработените си посакаа желби за добро здравје, среќна и бериќетна година, успех во работата и напредок на Општина Охрид.Појадокот беше организиран од минатогодишните кумови, Секретарот Александар Китески, Елена Јанковска – Цветаноска и Никола Прангоски.Во духот на традицијата новите и минатогодишните кумови градоначалникот Кирил Пецаков ги даруваше со сребрени парички.

Продолжи со читање

Вевчани е чисто, проодно и безбедно за возење

Views: 83 Вевчани е чисто, проодно и безбедно за возење. Ј.П. Еремја Вевчани преку координирана акција и активно учество на сите чинители во сообраќајот преку навремно, непречено и успешно дејствување на ангажираната механизација при чистење на снегот, овозможи нормално движење на возилата, пешаците и гостите на Вевчанскиот карневал.

Продолжи со читање

Вевчански карневал

Денес сатира под отворено небо на Вевчанскиот карневал

Views: 76 Вевчански карневал е 15 годишна традиција која не замира.  Карневалот и годинава ќе биде слика и прилика на се она што се случувало во општествено- политичкиот живот претходната година во Македонија, па и во Европа. Двете василичарски друштва, Горна и Долна маала ќе ги прикажат настаните на еден специфичен начин преку карневалските маски кои тие ги креираат.Вчера вевчанци и посетителите имаа можност да уживаат во настапите на „Пајак“, „Ареа“ и „Забрањено пушење“. Интензивните врнежите од снег не ги спречија присутните да уживаат во забавата.Денес од 19.30 часот по сите...

Продолжи со читање

топејнца

Охриѓани традиционално за Василица ќе подготват топејнца

Views: 128 Охриѓани ја негуваат традицијата и за Василица подготвуваат топејнца. Топејнцата се подготвува од варено тесто во кое има вода, сол, шеќер и брашно. Вареното тесто се дели на топчиња кои намастени  едно врз друго се плескаат колку што е ширината на тепсијата. Тестото се шара  засекувајќи го со лажица по целата површина на тепсијатат , на растојание од 1 цм и се пече полека, а потоа се крши и се дроби како за попара. Се продолжува од кога ќе се искрши на парчиња да се пржи на тивок оган и треба  да се истопи како алва.Охридските традиционални...

Продолжи со читање

За Водици во Охрид ќе пеат Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски и ДНК

Views: 117 Во рамки на свеченостите по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици, на 19.01.2025 година на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ е предвидена е богата музичка програма, информира градоначалникот Кирил Пецаков.По церемонијата за фрлање на чесниот крст во водите на Охридското Езеро, за доброто празнично расположение, ќе се погрижат: Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски и групата ДНК, со композиции од музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“.На 20.01.2025 година, на Денот на рибарите на месноста Сараиште, со почеток во 12...

Продолжи со читање

ЈП Охридски комуналец: Ретроспектива низ фотографии од денешните активности за чистење на снегот

Views: 81 Од вчера раното утро, па сѐ до вечерниве часови вработените на ЈП Охридски комуналец ангажирани на сите критични точки, централно градско подрачје, села и населби кои гравитираат на повисоки места, чаршија, плоштади, пешачки зони, тротоари, влезови од институции од посебен интерес, пешачки премини.Од претпријатието упатуваат благодарност до кафе-бар Инстинкт кој несебично со чај ги згреа вредните работници.

Продолжи со читање

new year's eve, champagne, sparklers, happy birthday, cork, sparkling wine, bottle, champagne bottle, champagne cork, glow, glowing, sparkling, bottle of sparkling wine, celebration, sparkle, light

Вечерва е Стара нова година, утре Василица

Views: 95 Православните христијани кои се водат според Јулијански календар вечер ќе ја пречекаат Православната или Стара нова година.Старата година ќе биде испратена и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили.Ваквата традиција сеуште се негува во Македонија, Србија, Русија, Црна Гора, Белорусија, Украина, Ерусалим.Се чествува и Свети Василиј Велики кој е христијански светец, теолог и епископ од Кападокија, Мала Азија. Во црквата се смета како голем поборник за православната вера, пристаниште...

Продолжи со читање

Забрана за движење на камиони на неколу патни правци

Views: 61 Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат. Врнежи од снег со променлив интензитет во утринските часови се бележат низ целата држава.Забрана за движење на тешки товарни возила има на следните патни правци:Гостивар – Маврово – ДебарГостивар – Стража – КичевоСтрумица – БеровоТетово – Попова Шапка (за патнички возила задолжителна е употреба на зимска опрема.)ПресекаПлетварЃаватоСтруга –...

Продолжи со читање