Skip to main content

Автор: инфодеск

Одблесоци за д-р Анастас Коцарев во Париз

Post Views: 403 Викендов во Париз се одржаа низа активности во чест на светски познатиот научник д-р Анастас Коцарев во рамките на одбележувањето 133 години од неговото раѓање и 92 години од неговата прерана смрт под мотото: „Одблесоци. Д-р Анастас Коцарев. Еден век потоа“.Активностите беа поделени во два дела на неколку локации каде живеел и работел д-р Коцарев, односно денес музејот Кири и Институтот за радиум во Париз, а централната комеморативна церемонија беше вчера на неговиот гроб во париската општина Бонди на која за првпат присуствуваа градоначалниците на...

Продолжи со читање

Од утре исплата на пензиите

Post Views: 251 Од утре (28 март) почнува етапното исплаќање на пензиите за месец март 2023 година.Фондот за пензиското и инвалидското осигурување е задолжен да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година.Се препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.03.2023 година.Се препорачува на деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат...

Продолжи со читање

Временските услови погодни за земјоделски активности на отворено

Post Views: 245 Ако почвените услови дозволуваат, земјоделците може да почнат или да продолжат со активностите на поле, велат агрометеорoлозите.Времето е погодно за резидба на виновата лоза и овошките, за отстранување на старите, слаби, неразвиени и болни изданоци (гранчиња), но и за засадување нови лозја.Доколку почвените услови дозволуваат, земјоделците може да продолжат со пресадувањето на нови лози на празните места, со прихранување на есенските култури, со припрема на почвата за сеидба на раните пролетни култури, како и со садење на одредени рано градинарски...

Продолжи со читање

Грк Охрид

По голема битка Пролет го победи Охрид

Post Views: 382 Ракометарите на Пролет со гол на капитенот Ласко Андоновски во последните моменти дојдоа до прва победа во ракометната Суперлига, откако тесно го победи Охрид со 27-26 во денешната пресметка од петтото коло.Иако мечот почна со негатива за Пролет, па охриѓани дојдоа и до плус четири (6-10), Пролет направи фантастична серија од 8-3 за да замине со гол предност на полувреме, како најава за многу возбудливо второ полувреме во кое се играше егал во заврпните 15 минути од мечот. До тогаш, Пролет држеше дистанца од најмногу три гола, но Охрид успеа да израмни на...

Продолжи со читање

Македонија утре на контролна средба со Фарските острови

Post Views: 351 Деновиве во фокусот на вниманието се квалификациите за ЕУРО 2024-та кои репрезентација на Македонија ги започна победнички совладувајќи ја Малта во четвртокот, но во 2-то коло црвено-жолтите се слободни, па утре ќе одиграат контролен меч со Фарските Острови.Без разлика што се работи за натпревар од пријателски карактер, селекторот Милевски најави сериозен пристап и атак на позитивен исход. И на овој натпревар Милевски не може да смета на Дориан Бабунски кој се повреди пред натпреварот со Малта, како и Ѓоко Зајков кој се повреди во четвртокот. Поради клупски...

Продолжи со читање

Охриѓанец фатен со марихуана

Post Views: 276 На 26.03.2023 година во 00:40 часот, во СВР Охрид приведен е А.Р.(34) од Охрид.При преглед извршен на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници, кај него пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Казнети возачи во Охрид кои управувале возила под дејство на алкохол

Post Views: 307 На 25/26.03.2023 година од 23 до 05 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли.Притоа, полициските службеници, затекнале 7 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-03, Струга-01, Кичево-03). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Исфарбани и обележани пешачката и велосипедската патека кај Студенчишта

Post Views: 627 Во рамки на акцијата за обележување на хоризонталната сигнализација, деновиве започна обележувањето на пешачко-рекреативните патеки. Исфарбани и обележани се пешачката и велосипедската патека кај каналот Студенчишта.Се започна со обележување на пешачката патека крај каналот Студенчишта, а наредните денови се продолжува со останатите патеки – информира градоначалникот Кирил Пецаков.

Продолжи со читање

Превентивна активност на СВР Охрид

Post Views: 332 СВР Охрид, денеска на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски” во Охрид ја спроведе заедничката кампања на МВР и Македонскиот полициски синдикат „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност”.Целта на овој превентивен проект е доближување на полицијата до граѓаните за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот – полициско работење со заедницата, важноста на градењето партнерство помеѓу полицијата и граѓаните, но и механизмите за контрола врз полицијата што придонесуваат за зголемување на нејзиниот кредибилитет и...

Продолжи со читање

Приведени три лица од струшко за злоставување малолетничка

Post Views: 507 На 25.03.2023 година во ОВР Струга, лишени од слобода се Т.Л.(57), од струшкото село Враништа, Н.К.(69) од селото Драслајца и 17 годишно лице од селото Мороишта, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“.По целосно документирање и расветлување на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Денеска ќе биде одбележан Часот на планетата земја

Post Views: 538 Со гаснење на светилките во траење од еден час денеска ширум светот ќе биде одбележан Часот на планетата Земја. Милиони луѓе ширум светот во исто време симболично во своите домови ќе го исклучат осветлувањето во знак на солидарност за планетата Земја.Кон акцијата неколку години наназад се приклучува и нашата земја. Светилките ќе бидат изгаснати во периодот од 20:30 до 21:30 часот по локално време.Часот на планетата Земја е најголемата светска еколошка акција, која секоја година обединува милиони луѓе ширум светот.

Продолжи со читање

Работилница за донесување одлуки со примена на екосистемски услуги

Post Views: 305 Во Музејот на Белчишкото Блато се одржа работилница за донесување одлуки со примена на концептот на екосистемски услуги.На настанот се обрати градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески, кој ја истакна исклучителната важност на Белчишкото Блато, како за општината, така и за регионот, како и ја истакна поддршката во спроведување на вакви проекти.Презентација за концептот на екосистемски услуги одржа проф. д-р Сашо Трајановски, биолог, а дискусијата беше модерирана од проектниот координатор Ѓоко Зороски.Работилницата е во рамките на проектот...

Продолжи со читање