Автор: инфодеск
Views: 55 Претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охрид денес температурите ќе се движат во интервал од -4 до 1 степен Целзиусов.Денес ќе има повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, а услови за провејување на слаб снег ќе има и во вторник. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а и дневните наместа ќе се задржат под нула. Потоа во следните денови ќе преовладува стабилно и натаму студено време, со ниски утринските температури...
Ј.П.,,Охридски Комуналец” со логистичка поддршка во акцијата на нуркачите за расчистување на охридското пристаниште
Views: 82 Ј.П.,,Охридски Комуналец” како дел од координативното тело за организација на празнувањата и активностите поврзани со големиот христијански празник Богојавление-Водици, денес логистички се вклучи во акцијата од Клубот за подводни дејности „Охрид“ кои го чистеа дното на Охридското Езеро кај градското пристаниште.Од претпријатието информираат дека од дното на езерото нуркачите подигнаа поголема количина најразличен цврст отпад кој претставува опасност за капачите.
Апел за помош за Ивица Срезоски кој боледува од
Views: 100 Ивица Срезоски од Гостивар боледува од спиноцеребална атаксија, болест која му оневозможува да се движи нормално, му го отежнува секојдневието и му предизвикува низа други здравствени проблеми.Ивица може повторно да застане на нозе со помош на медицински третман, рехабилитација со роботика во поликлиниката Neuromedic во Ниш, Србија за што му се потребни 20 илјади евра. Семејството апелира до сите хумани граѓани да донираат во рамките на нивните можности.Хуманите граѓани може да донираат на следните начини:Телефонски броеви за донации: А1: 143 487, Телеком: 143...
Денес започнува Вевчанскиот карневал
Views: 85 Денеска со забавно-уметничка програма и концертни настапи на домашни и регионални изведувачи започнува „Вевчанскиот карневал“ кој ќе трае до вторник, 14ти јануари.Забавно музичката програма покрај главното дефиле на маските, годинава ќе се одвива во две вечери. Преку маските, игрите и движењата на василичарите, на сатиричен начин се истакнуваат и исмеваат негативните појави и аномалии во општеството од изминатата година.Вечерва во Вевчани ќе настапат мегапопуларниот македонски трапер, охриѓанецот Пајак, потоа една од најдобрите македонски поп-рок групи „Ареа“, а...
Охрид под снежна покривка
Views: 50 Облачно и студено насекаде со врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни (локално над 40 л/м2). На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително да се зголеми (локално и над 50 см). Позначителна снежна покривка (над 20 см) ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси, информираат од УХМР.Денес во Охрид температурите ќе се движат во интервал од -2 до 0 степени Целзиусови.Денес насекаде ќе има врнежи од снег, а на...
Атина ќе биде домаќин на Европските филмски награди во 2027 година
Views: 69 Во јануари 2027 година, Атина ќе биде домаќин на 39 Европски филмски награди кои за првпат ќе се одржат во град во југоисточна Европа.Предлогот Атина да биде град-домаќин го подготвил Грчкиот центар за филм, аудиовизуелни средства и креативност „Creative Greece“, го доставил до Европската филмска академија и бил прифатен, церемонијата ќе се одржи на 16 јануари 2027 година во Културниот центар на Фондацијата Ставрос Ниархос, а активностите во пресрет на доделувањето на наградите ќе започнат 12 месеци претходно, со бројни настани посветени на грчката и европската...
Renault 5 и Alpine A290 се најдобрите автомобили за 2025 година
Views: 91 Прогласени се европските автомобили на годината за 2025 година: Renault 5 и Alpine A290. Наградата за Европски автомобил на годината за оваа година беше објавена на салонот за автомобили во Брисел во 2025 година. Alpine A290 ја освои престижната титула Автомобил на годината за 2025 година, доделена од европското жири COTY. Оваа меѓународно призната награда го крунисува првиот модел на нова електрична генерација за брендот Alpine.Гласовите на 60 автомобилски новинари од 23 земји го избраа победникот. Дуото Alpine A290 и Renault 5 E-Tech го освоија првото место со 353 поени,...
Општина Битола организира бесплатен превоз до скијачките центри Нижеполе и Копанки
Views: 74 Општина Битола во соработка со јавните претпријатија „Стрежево“, „ЕСМ Молика“ и меѓуопштинското претпријатие за превоз „Пелалинк“ како и општествено одговорната компанија за превоз „МИГ Травел“, вчера ја реализираа првата тура со бесплатен превоз до скијачките центри Нижеполе и Копанки.Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски вчера го посети скијачкиот центар Копанки, каде имаше можност да се сретне со задоволните граѓани кои го искористија организираниот бесплатен превоз и ја поздравија иницијативата на општина Битола, за можноста битолчани да уживаат во...








