Автор: инфодеск
Post Views: 342 Денеска беше промовирана книгата „Славе Ѓорѓо Димоски во книжевната критика“ од авторот Димитар Пандев во издание на Општина Охрид.Во името на Локалната самоуправа пред присутните се обрати секретарот на Општина Охрид, Александар Китески кој искажа големо задоволство што е дел од промоцијата на ова значајно издание.Меѓу современите македонски поети, едно од најистакнатите места му припаѓа на поетот Славе Ѓорѓо Димоски, автор на забележителни книги поезија со густи метафори и слики кои како што нагласува Ефтим Клетников, „се кристално јасни, но во исто...
Утре на градскиот плоштад заедничка кампања на МВР и МПС
Post Views: 517 Утре, 25 март (сабота) 2023 година, во 12 часот на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски”, претставници од СВР Охрид ќе присуствуваат на промовирање на заедничката кампања на МВР и МПС, „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност”.Целта е доближување до граѓаните за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот – полициско работење со заедницата, важноста од градењето партнерство помеѓу полицијата и граѓаните, но и механизмите за контрола врз полицијата што придонесуваат за зголемување на нејзиниот кредибилитет и...
Продолжува субвенционирањето на организиран странски туристички промет
Post Views: 269 Пред македонскиот туристички сектор тимот на вработени во АППТ-Струга, Комисијата за субвенционирање на странски организиран туристички промет денес ги презентираа можностите за субвенционирање. Освен за начинот, видот и висина на субвенциите се одговараше на прашања за најчестите пропусти при доставување на потребната документација и поднесени барања.Директорот на АППТ д-р Љупчо Јаневски најави дека 99 проценти од исплаќањето на субвенциите се реализирани во 2022 година и дека во 2023 се исплатени околу 18 милиони денари, се очекува оваа динамика да продолжи...
Одржан Саем за сезонско вработување на средношколци и студенти
Post Views: 685 Средношколците и студентите кои бараат сезонска работа, имаа можност да се запознаат со понудата на дел од хотелите на охридско-струшката ривиера и да стекнат драгоцено искуство работејќи некоја од професиите во туризмот. Касарна Хаб денес го организираше Саемот за сезонско вработување на средношколци и студенти. Заинтересираните средношколците велат, потребни им се сопствени примања, не сакаат повеќе да зависат од родителите, а работното искуство со кое ќе се стекнат им е поважно од примањата. Нивен прв избор се големите хотели, бидејќи мислат дека овие...
Мој ДДВ прилагодена на повисокиот лимит
Post Views: 323 Управата за јавни приходи информира дека е извршено прилагодување на апликацијата МојДДВ согласно измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност за физички лица објавен во Сл.весник на РСМ бр.65/2023 објавен на ден 23.03.2023 година.Ова значи дека сите корисници на МојДДВ, ќе треба да ја превземат новата верзија на апликацијата од Playstore, Appstore и Huawei appgallery. Измените веќе се видливи во апликацијата МојДДВ во верзијата 2.1.6. Исплатите со зголемен максимален износ од 2.100 денари по корисник за скенираните...
Времето денеска сончево и топло
Post Views: 320 Претежно сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Наутро во долниот тек на Повардарието ќе има појава на ниска облачност.Утринската температура ќе се движи од 0 до 7 степени, а дневната ќе биде во интервал од 17 до 22 степени.За утре метеоролозите најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за локален краткотрајно пороен дожд и ретки грмежи.Во недела температурите повторно ќе се покачат, а од понеделник ќе...
Денеска е Светски ден за борба против туберкулозата
Post Views: 278 Секој ден, речиси 4.400 луѓе умираат како последица на туберкулоза – што се смета за една од најсмртоносните инфекции во светот. Околу 30.000 луѓе дневно заболуваат од оваа болест, според податоците од Светската здравствена организација. Во Македонија во последните 15 години забележан е континуиран пад на бројот на новозаболени. Од 2019 година сме во групата на земји со ниска инциденца, што има помалку од десет случаи на 100.000 жители.СЗО оваа година под мотото „Да! Можеме да ставиме крај на туберкулозата“, го одбележува 24 март – Светски ден на...
Мечка оштетила пчеларници во Рача
Post Views: 836 Мечка оштетила пчеларници во Рача, граѓани апелираат на поголемо внимание, пишува ОхридНет.Поголемо внимание и претпазливост на сите лица планинари, велосипедисти, сопственици на лозја, деца ученици и жители кои престојуваат и се движат јужно од населба Рача во Охрид. Денес повторно има активно движење, траги и оштетувања на пчеларници од мечка. Бидете крајно претпазливи се уште не е дефинирано дали се работи за една или повеќе мечки, но истите се возрасни и не реагираат на вообичаени сензори и различни техники за заплашување, апелираат граѓани на...
Куршуми за ловечка пушка пронајдени кај охриѓанец
Post Views: 379 На 23.03.2023 во 15:50 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид, со наредба од Основен суд Охрид, извршија претрес во дом и други помошни простории кај А.М.(51) од Охрид.При претресот беа пронајдени и одземени 39 куршуми за ловечка пушка калибар 16 милиметри, кои неовластено ги поседувал. Со лицето извршен е службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на...
Пендаровски го потпиша Указот за ковид-амнестија
Post Views: 297 Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој нема да се казнат граѓаните кои треба да отслужат казна затвор и не можат да ја платат санкцијата за непочитување на ковид-прописите.Лицата чија парична казна изнесува над 1.000 евра или изречената казна им е заменета со казна затвор, ќе добијат условна осуда од три години, додека оние лица што чија парична казна изнесува до 1.000 евра или изречената казна им е заменета со казна затвор ќе добијат условна осуда од две години, рок во кој не смеат да сторат ново...
Претставници на АППТ и грчко-италијанска стопанска комора на средба во Охрид
Post Views: 342 Претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Туристичката организација на град Солун и Грчко-италијанска стопанска комора како партнери на ИПА проектот за меѓугранична соработка, Interreg-IPA.CBC- “Аbove“, имаат креативна недела, односно средби во Струмица и Охрид.Целта на состаноците е да се презентира програмата пред засегнатите стејкхолдери од регионот и да се информираат засегнатите страни за предизвиците во создавање работни места преку туристичка промоција на прекуграничната област – информираат од Агенцијата за промоција и...
Настан за млади и релевантни чинители во Касарна ХАБ
Post Views: 310 Во Касарна ХАБ започна третиот настан за млади и релевантни чинители, кој се оранизрира во рамки на проектот „Neueyt – Youth Digital Participation“, каде ќе се дискутира за младинското учество во демократските процеси.Младите ќе имаат можност директно да разговараат со креатори на политки, да адресираат проблеми и предизвици со кои се соочуваат и заедно да дебатираат како може сите да придонесат кон подобри програми и активности за младинско учество – информираат од „Порака Нова“ Струга.
