Автор: инфодеск
Views: 54 Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни и во северните делови ќе преминуваат во снег и во пониските места.Во Охрид максималните температури од 4, а максималните ќе се движат до 9 степени Целзиусови.Во недела не очекува облачно и студено време со врнежи претежно од снег, наместа пообилни. На повеќе места се очекува да се формира снежна покривка, а на планините позначително да се зголеми.
Пецаков: Продолжија активностите за асфалтирање на пристапни патеки и краци од улиците во Велгошти
Views: 64 Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков информира дека продолжија активностите за асфалтирање на пристапни патеки и краци од улици во Велгошти.-Пред почетокот на новогодишните празници се асфалтира поголемиот дел кој е предвиден со овој договор, а согласно предвидената динамика, активностите продолжија после празниците и се очекува деновиве да завршат, вели градоначалникот.Вредноста на договорот изнесува околу 2 900 000 денари, а средствата се обезбедни преку Министерството за транспорт и врски и буџетот на општина Охрид.
ЈП Градски Пазар доби донација на канти за селекција на органски отпад
Views: 67 Канти за селекција на органски отпад, кој е клучен во процесот на компостирањето, доби ЈП Градски Пазар како донација во рамки на проектот „Процес на компостирање за одржливост“ кој го спроведува во соработка со организацијата „AGRO Ecolife – Ohrid”. Проектот е поддржан од Американската амбасада во Скопје.-Како одговорен партнер, посветени сме на промовирање на еко-пријателски практики и подигање на свеста за селекција на отпадот во нашата заедница. Овој проект е уште еден чекор напред во нашите заложби за заштита на животната средина и поттикнување одржлив развој....
Пецаков: За Водици чинот на полагање на Светиот крст ќе го изврши Митрополитот тетовско-гостиварски Јосиф
Views: 101 Градоначалникот Кирил Пецаков претпладнево го одржа првиот координативен состанок со Организцискиот одбор за подготовка на најмасовната културно- верска манифестација кај нас Богојавление- Водици. Очекувањата се дека и годинава празникот ќе биде одбележан на највисоко ниво со бројни посетители од земјава и странство. Во согласност со традицијата, Богојавленските чествуавања ќе бидат составени од два дела. Првиот дел е црковниот, за кој е задолжена Дебарско-кичевската епархија при МПЦ и вториот е граѓански и го координира Општина Охрид, а се однесува на целокупната...
Куратица подготвена по 26ти пат за Василица
Views: 89 Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку 500 години), но со реорганизирање на здружението Св.Василиј и надополнување на содржини навршуваат 26 години. Жителите ги привршуваат последните подготовки, се дотеруваат маските се набавуваат дрва за василичарскиот оган .Организирањето на една ваква манифестација носи голема одговорност. Најголема помош се добива од ентузијастите –волонтери од здружението “Св Василиј” од с.Куратица, иселениците од дијаспората и локалната власт.Традиционалниот дел остана оригинален,...
Завршена е реконструкцијата на објектот на месната заедница во село Климештани
Views: 57 Од Општина Дебрца информираат дека пред крајот на 2024 година завршен е уште еден проект-реконструкција на објектот на месната заедница село Климештани, каде извршена е реконструкција на кровот, замена на прозорци и врати, обработка на внатрешни ѕидови и тавани со кнауф, надворешна фасада со абрип и бетонски тротоари.Вкупната вредност на работите изнесува: 1.003.000 денари,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината.
Најмалку 10 жртви во најразорниот пожар во Лос Анџелес
Views: 85 Aмериканските медиуми објавија дека бројот на загинати во пожарите што ја зафатија областа Лос Анџелес се зголеми на 10, а наредена е евакуација на околу 180.000 луѓе. Официјални лица соопштиле дека во Палисадес вкупно биле мобилизирани повеќе од 7.500 пожарникари, а околу 400 членови на Националната гарда на Калифорнија се исто така распоредени за да помогнат во гаснењето на пожарот. Во моментов има пожари на површина од околу 8.000 хектари.Пожарот Итон во близина на Пасадена на 5500 хектари останува целосно неконтролиран. Пожарната активност во Холивуд Хилс е намалена,...
Охридски Комуналец со апел до граѓаните да ги дислоцираат паркираните возила
Views: 61 Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид со апел пред најавениот снежен бран граѓаните да ги дислоцираат паркираните возила.-Заради најавените снежни врнежи во следните денови во охридскиот регион, Ј.П.,,Охридски Комуналец” упатува апел до граѓаните на општина Охрид и приградските населби да ги дислоцираат моторните возила од коловозните површини во централното градско подрачје, У.З.Стар Град, тесни улици, потоа сите улици кои согласно категоризацијата се од највисок приоритет на интервенција, каде и движењето во зимски услови е отежнато, се вели во нивното...








