Skip to main content

Автор: инфодеск

Централен регистар го избриша здружението Иван Михајлов од Битола

Post Views: 407 На ден 22.03.2023 година, од страна на Министерство за правда до Централниот регистар на Република Северна Македонија е доставенo Решение за неусогласеност на Здружението КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ИВАН МИХАЈЛОВ Битола согласно член 5 од Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, по претходно прибавеното мислење од страна на Комисијата за употреба на имиња на личности.Централниот регистар по приемот на Решението за неусогласеност, а во врска со член 5 од Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации го избриша...

Продолжи со читање

Забрана за паркирање на ул. Марко Цепенков

Post Views: 321 Општина Охрид започна со реконструкција на дел од улицата „Марко Цепенков“ на потегот од кружната крстосница со ул. „Питу Гули“ до кружната крстосница со ул. „Момчило Јорданоски“.Заради непречено одвивање на градежните активности, се известуваат и воедно сите учесници во сообраќајот од ден 23.03.2023 година и понатака, да не ги паркираат своите возила на овој потег – информираат од Локалната самоуправа на Општина Охрид.

Продолжи со читање

Марихуана и шприц со смола од хашиш пронајдени кај охриѓанец

Post Views: 383 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Т.(37) од Охрид поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.При претрес извршен во неговиот дом по судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана и шприц со смола од хашиш – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

СДСМ Охрид на средба со пензионерите

Post Views: 289 Претседателката на ОО СДСМ Охрид, Кристина Крлеска Деспотоска, заедно со пратениците Жаклина Лазаревска и Лазе Таневски, советниците, пошорокото раководство на ОО СДСМ Охрид , Форумот на пензионери и Форумот на жени, остварија средба со пензионерите од град Охрид. На средбата се разговараше за историското покачување на пензиите од 8,4 проценти, кое овој месец го добиваат пензионерите. Ова е второ покачување на пензиите за само неколку месеци или вкупно околу 16%. На општо задоволство на сите, беше разговарано и за тоа дека во оваа 2023 година освен сегашното...

Продолжи со читање

169 бугари во земјава се пријавиле за гласање на бугарските избори, во Охрид ниту еден

Post Views: 632 Само 169 бугарски државјани кои живеат во Македонија се пријавиле да гласаат на парламентарните избори во Бугарија што ќе се одржат на 2-ри април годинава. Станува збор за лица кои ќе гласаат на избирачките места што на денот на изборите во Бугарија ќе бидат отворени во Северна Македонија, како и во други држави во Европа и во светот.Списоците на пријавени за гласање се објавени на веб-страницата на бугарското Министерство за надворешни работи од седум избирачки места во исто толку градови во земјава, ќе се гласа во шест: Скопје, Битола, Кавадарци, Прилеп,...

Продолжи со читање

Пронајдена марихуана, приведени две лица

Post Views: 314 На 22.03.2023 околу 18:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа С.Ѓ.(38) и Х.Г.(40), двајцата од Охрид.При преглед во патничко возило „опел астра” со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Денес Париз ќе биде центар на странската македонистика во светот

Post Views: 259 Денес Париз ќе биде центар на странската македонистика во светот, по повод 50 години Лекторат по македонски јазик на престижниот Национален институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) – најстариот активен лекторат по македонски јазик. Значајниот јубилеј за македонистиката и за македонската држава и култура ќе се чествува со голем меѓународен симпозиум на ИНАЛКО. Со учесници од седум држави – странски македонисти и слависти, универзитетски професори – лингвисти, книжевни истражувачи и културолози, книжевни преведувачи и поети. Почитувачи на македонскиот...

Продолжи со читање

Сообраќајна несреќа во близина на Климештани

Post Views: 370 На 22.03.2023 во 12:30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на влез за с. Климештани, општина Дебрца, патничко моторно возило „опел” со охридски регистарски ознаки, управувано од С.М.(60) од Охрид, изгубило контрола и излетало надвор од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.Х.А.(62) од Охрид констатирани во болницата „Св. Еразмо” во Охрид. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Охрид – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Донесување на одлуки со примена на концептот на екосистемски услуги

Post Views: 215 Во организација на Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016” денеска ќе се одржи работилница: „Донесување на одлуки со примена на концептот на екосистемски услуги“.Работилницата е во рамките на проектот „Екосистемски услуги од Белчишко Блато и еколошка едукација“ (Belchishta Wetland Ecosystem Services & Environmental Education (BW-ESEE)“, кој започна на 1-ви декември 2022 годинаи ќе трае до 1-ви октомври 2023 година.Целта на проектот е да ги идентификува најзначајните екосистемски услуги кои се добиваат од блатото, за да се интегрираат во...

Продолжи со читање

Кривична за скопјанец кој ширел говор на омраза на фејсбук

Post Views: 335 СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.С.(36) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.Тој, по објавен текст од еден портал поставен на социјалната мрежа „Фејсбук”, постирал коментар со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Григор Прличев во компаративен клуч

Post Views: 244 Во пресрет на 25-ти март, денот на кој големиот поет и преродбеник Григор Прличев во 1860 година во Атина за поемата „Сердарот“ бил награден и овенчан со ловоров венец НУ Библиотека „Григор Прличев“ и ќерката на академик Милан Ѓурчинов, проф. д-р Анастасија Ѓурчинова во петок на 24-ти март организираат книжевен настан под наслов: „Григор Прличев во компаративен клуч“.Со ова случување продолжува чествувањето по повод 130 години од  смртта на Прличев, но и одбележувањето на 95 годишнината од раѓањето на Милан Ѓурчинов. Не случајно за првпат за јавноста се...

Продолжи со читање

Вевчани стана првата зелена приказна во земјава

Post Views: 638 Општина Вевчани стана првата зелена приказна во земјава, дел од престижната листа на најдобрите топ 100 зелени дестинации за 2022 година во светот.Беше избрана на натпреварот „Top 100 Green Destinations“ при што се избираа одржливи туристички приказни и добри практики од дестинации ширум светот кои ќе бидат инспиративни примери.Клучното на овој епитет и признание е развој на еко одржлив туризам и подигнување на свеста за заштитата на природата.Заштитеното подрачје опфаќа голем дел и од планинскиот појас така што сите активности кои ќе се одвиваат,...

Продолжи со читање