Автор: инфодеск
Views: 69 Денес времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 4 до 11 степени Целзиусови.Утре кон крајот на денот и во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер, во сабота врнежите постепено ќе преминуваат во снег и во повисоките, а во недела и во пониските места. Локално се очекуваат пообилни врнежи, информираат од УХМР.
Јавен повик за распределување на буџетски средства од програмата за спорт и рекреација
Views: 101 Врз основа на член 36 од Законот за локална самоуправа (,,Сл.весник на РМ“ бр.5/02), програмата за спорт и рекреација за 2025 година бр.08-15415/8 од 25.12.2024 година Службен гласник на општина Oхрид број 14/24 од 26.12.2024 година, Градоначалникот на Oпштина Охрид објавува:ЈАВЕН ПОВИК ЗА РАСПРЕДЕЛУВАЊЕ НА БУЏЕТСКИТЕ СРЕДСТВА ОД ПРОГРАМАТА ЗА СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2025 ГОДИНА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОГРАМИ ОД СПОРТСКИ КЛУБОВИ, СПОРТСКИ ЗДРУЖЕНИЈА, СПОРТСКИ МАНИФЕСТАЦИИ, СПОРТИСТИ, ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА ОД ОБЛАСТА НА СПОРТОТ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА...
Јавен повик за субвенционирање трошоци за користење на спортските терени на ЈП „Билјанини извори“
Views: 112 Општина Охрид согласно Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на Ј.П. ,,Билјанини Извори”- Охрид бр. 07-785/20 донесена од страна на Советот на Општина Охрид, на седницата одржана на ден 29.10.2014 година и Одлуката за давање согласност на Oдлуката за утврдување цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП„Билјанини извори-Охрид“ бр.08-804/10 од 30.01.2023 година, објавува конкурс за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Охрид преку...
Конкурс за доделување награди и признанија за најуспешни спортисти, тренер и спортска екипа на Охрид за 2024
Views: 142 Врз основа на член 3 од правилникот за критериумите, условите и постапката за избор на „Најдобрите од спортот во општина Охрид“, Градоначалникот на Општина Охрид, распишува:КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ВО ИЗБОРОТ НА НАЈУСПЕШНИ СПОРТИСТКИ И СПОРТИСТИ, ТРЕНЕР И СПОРТСКА ЕКИПА НА ОХРИД, ЗА 2024 ГОДИНАПовеќе информации на линкот.Фото: Архива 2023
Возило излетало надвор од коловозот на регионалниот пат Охрид – Св.Наум
Views: 89 Денеска во 00.15 часот во СВР Охрид беше пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, патничко возило „пежо 206“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 20 годишно лице од селото Оровник, општина Дебрца, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговите сопатници, 20 годишно лице од селото Велмеј, општина Дебрца и 21 годишно лице од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од СВР Охрид. Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.
Соопштение за организирање повторена јавна анкета за ДУП за УЗ 6 за планскиот период 2019-2029
Views: 105 Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 05/02) и член 34 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр. 08/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20),а во врска со член 35од Законот за просторно и урбанистичко планирање(„Сл. Весник на РМ“бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18) и член 93 од Законот за урбанистичко планирање („Сл. Весникна РСМ“бр. 32/20, 111/23, 73/24, 171/24 и 224/24), Градоначалникот на општина Охрид, донесе:СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПОВТОРЕНА ЈАВНА...
Артан Груби ќе остане без професорската титула на Тетовскиот универзитет
Views: 75 Тетовскиот универзитет ја започнал законската постапка за разрешување на Артан Груби, кој работеше 13 години како доцент на Правниот факултет, отсек новинарство. Причината за постапката за отказ е неговото отсуство, не се појавил на работа откако заминал од Македонија, па се распиша потерница по него. Осомничен е за сторени злоупотреби.Според Сафет Емрули – декан на Правниот факултет, Груби, поради вршењето јавна функција до август 2024 кога се вратил на работа, го ставил во прекин работното место на Универзитетот, но неколкудневното отсуство без да даде објаснување значи...
Денес и утре богослужби во манастирот Св. Стефан по повод истоимениот празник
Views: 91 За празникот Св. Стефан, во манастирската пештерна црква Свети Стефан Панцир во истоимената крајезерска наслеба ќе има богослужби.-Во среда на 08.01.2025 г. попладне во 16 часот ќе се богослужи вечерна богослужба, а четврток во 7, 30 ч. утрена богослужба со света божествена литургија. Ги покануваме сите верници да дојдат на заедничка молитва, порачуваат од свештенството на манастирот Св. Стефан.







