Автор: инфодеск
Post Views: 393 Исчезнат е 76-годишниот Фадил Брао од Охрид.Фадил исчезнал со неговиот автомобил голф 5 со регистрација OH131BS.Неговите најблиски молат за помош, а доколку имате било каква информација, јавете се на телефонскиот број 072573364.Случајот за исчезнувањето на Фадил е пријавен и во СВР Охрид.На 18.01.2023 година во 09:30 часот во СВР Охрид, С.А.(43) од Охрид пријави дека од семејниот дом се оддалечил неговиот татко Ф.Б.(76) од Охрид. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Тепачка во зграда на улицата Ванчо Николески
Post Views: 298 На 18.01.2023 година во 19:55 часот, во зграда на улицата „Ванчо Николески” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.С.(40) кон Т.Р.(54) и М.Р.(29), сите од Охрид.На нападот му претходеле закани кои Н.С. ги упатил кон двете лица на паркинг простор пред зградата. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР.
Охриѓанец физички ја нападнал сопругата
Post Views: 355 На 19.01.2023 во 02:30 часот во СВР Охрид е приведен Ш.Е.(43) од Охрид, кој претходно во семејниот дом во Охрид, физички ја нападнал неговата сопруга.Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Бројни интервенции, Црвен Крст на висина на задачата
Post Views: 307 Екипите на охридскиот Црвен Крст денеска беа на висина на задачата. За безбедноста на капачите и сите посетители на денешната манифестација по повод Водици се грижеа 4 тимови на Црвен крст со 12 спасители на вода, 4 медицински тимови со 20 медициниски лица за укажување прва помош кои не дозвоилија да се случи поголем инцидент.„Брановите си го направија своето се направи навистина голема гужва и за среќа помина се како што треба. Навистина беше голем предизвик за нас во делот на обезбедувањето со медицинските екипи и со спасителите на вода и со нуркачите....
Расте бројот на заболени од грип
Post Views: 298 Голем број заболени од грип во земјава, а расте бројот на заболени и во Охрид. Преку 70 пациенти дневно имаат на преглед матичните лекари, а пикот велат се уште не е ни достигнат.Според матичните лекари, симптомите со кои најчесто се јавуваат пациентите се силна болка во грлото, малаксаност и висока температура. Погодени се сите возрасти, од млади до повозрасната популација. Кај децата сега стагнира болеста бидејќи се на распуст.Има многу пациенти, имаме навала на пациенти во просек седумдесеттина прегледи, некогаш повеќе, некогаш помалку. Симптологијата...
После неколку обиди, оваа година среќна за Јован Рафтоски
Post Views: 526 Православните христијани во Струга го одбележаа големиот христијански празник Богојавление – Водици. После богослужбата во црквата „Свети Ѓорѓи“, светиот крст беше спуштен во водите на реката Дрим околу 11 часот. Оваа година, после неколку обиди, најсреќен 32 годишниот стружанец Јован Рафтоски. За Рафтоски не бил голем предизвикот и покрај силниот ветар да го извади крстот од матните води на Црн Дрим, но верува дека неговиот годинешен подвиг ќе му донесе среќа.Скокам 5-6 години, прв пат го фаќам оваа година, 2023-та. Сакам да им го честитам на сите овој...
(ВИДЕО) Мрестот на охридската пастрмка-Исконски ритуал
Post Views: 690 Нуркачите од Нуркачкиот Центар „Амфора“ од Охрид десеттина години во периодот од почетокот на декември до крајот на февруари секоја вечер го следат мрестот на Охридската пастрмка.Овој исконски ритуал кој се поврзува со самото настанување на езерото е привилегија за нуркачите од АМФОРА кои пред мрестот ги чистат местата од цврст отпад и нечистотии на длабочина од 2 до 40 метри за да можат пастрмките на чист терен да ја положат икрата.Воедно тие ги пратат навиките на пастрмките и ги документираат со подводни фотографии и видео материјал, а со единствена цел...
Васко Довлев го фати Светиот крст во Охрид
Post Views: 510 Среќниот фаќач на Светиот крст во Охрид е Васко Довлев.И покрај силниот ветер и големите бранови во Охридското езеро стотици верници скокнаа во студените езерски води да го фатат положениот крст.Фаќачот на крстот заедно со неговата тајфа, традиционално денеска ќе ги посетат домовите на охриѓани, а притоа ќе им го честитаат големиот празник Богојавление – Водици.Фото/Канал5
Денеска е Богојавление Водици
Post Views: 288 Православните верници денес го празнуваат големиот христијански празник Богојавление Водици.Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан.Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“. Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна која во Стариот Завет само се навестуваше, за која во Мисир и во Индија единствено се баснословеше: тајната...
Исчистени локациите каде што ќе се фрла Светиот крст во Дебрца
Post Views: 272 Во пресрет на утрешниот празник Богојавление-Водици со општинската механизација извршивме средување на повеќе локации во општината каде ќе се фрла Светиот Крст, информираше градоначалникот Зоран Ногачески на официјалниот фејсбук профил.Бог се јави! За многу години !
Македонија ќе воспостави европски систем за управување со цврст отпад
Post Views: 250 Република Македонија за првпат ќе воспостави европски систем за управување со цврст отпад. За реализација на овој проект Министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини потпишаа договори со Европската банка за обнова и развој. Средствата се обезбедени од ЕБОР, ЕУ, Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања (SECO) и Шведската агенција за меѓународна соработка за развој (SIDA).Со овие договори Владата обезбедува 55 милиони евра заем по поволни услови од ЕБОР. Дополнително од ЕУ е обезбеден...
ЕУ амбасадори во посета на НП Галичица
Post Views: 236 ЕУ амбасадорот Дејвид Гир заедно со амбасадорите и претставниците на повеќето држави членки на ЕУ во Македонија, денеска остварија посета во Јавната Установа Национален парк Галичица.Од страна на ЈУНП Галичица беа презентирани работата и активностите поврзани со заштита на природата, туризмот, еколошката едукација, финансирањето и реализираните проекти поддржани од бројни ЕУ фондови и поедниечни донации од земијите членки на ЕУ.На настанот покрај вработените во ЈУНПГ, присутни беа извршниот директор на PONT Мирјам де Конинг, како и претставници на...
