Skip to main content

Автор: инфодеск

Два натпревари суспензија за Винисиус Жуниор поради нападот на Столе Димитриевски 

Views: 89 Бразилецот Винисиус Жуниор доби два натпревари суспензија за неспортскиот потег кон македонскиот голман Столе Димитриевски во натпреварот со Валенсија, и откако доби директен црвен картон на првенствениот натпревар против Валенсија, во кој Реал победи со 2-1.Бразилецот одговори агресивно и заработи црвен картон на „Месталја“, а откако дисциплинската комисија реши да му додели суспензија од два меча, Шпанците решија да откријат и една конверзација меѓу Столе и Вини од стартот на вториот дел.– Ти ќе шутираш, или не? Не се осмелуваш да шутираш, – му порачал Димитриевски на...

Продолжи со читање

Вонредна ситуација во Калифорнија поради шумскиот пожар во луксузниот дел на Лос Анџелес

Views: 121 Шумски пожар предизвикува уништување и хаос на југот на американската сојузна држава Калифорнија, во областа Пасифик Палисејдс, каде малиот шумски пожар се претвори во огнен пекол за неколку часа поради силните ветрови.Најмалку 1.180 хектари изгореа во Пасифик Палисејдс меѓу крајбрежните градови Санта Моника и Малибу откако официјални лица предупредија на екстремна опасност од пожари поради силните ветрови и продолженото суво време. Пожарот во Пасифик Палисејдс, каде што живеат и холивудски ѕвезди, се зголемил од четири на 1.180 хектари во рок од само неколку часа. Во...

Продолжи со читање

Втор ден Божиќ: Собор на Пресвета Богородица

Views: 78 На вториот ден од Божик христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, Којашто Го роди Господ и Спасителот наш Исус Христос. Ова празнување се нарекува Нејзин собор затоа што на тој ден се собираат сите верни за да Ја прослават Нејзе, Која е Богородица. Тогаш се служи торжествено, соборно, во Нејзина чест. Во Охрид од древноста беше устроено спроти вториот ден на Божик вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена Челница. Целото свештенство со народот овде соборно Ја прославуваше Пречистата Божја Мајка.Црквата утврдила веднаш после...

Продолжи со читање

Стабилно време до петок, за време на викендот не очекува дожд и снег

Views: 62 Претпладне променливо облачно. По одделни котлини постудено со појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.До петок ќе се задржи стабилно време со слаб, наместа умерен јужен ветер. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност и таму температурите ќе останат пониски. Во останатите места ќе биде релативно топло, особено на планините каде ќе има постепено топење на снежната покривка. Во петок попладне и во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од дожд,...

Продолжи со читање

Андреј Ал-Асади e добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2024 година

Views: 75 Андреј Ал-Асади е авторот на поемата „Никогаш пред ил’ потем” што под шифрата „Хидаспес” беше избрана на конкурсот за најдобра поема „Григор Прличев” за 2024 година што секоја година се доделува во чест на големиот македонски поет и преродбеник. Поемата под шифра „Хидаспес“ едногласно беше избрана од страна членовите на Комисијата.Андреј Ал-Асади е роден во 1996 година во Лондон, а дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на стихозбирките „Midnight Blues” (2013, Антолог), како и „Под дервишовото...

Продолжи со читање

Охрид паркинг

Денес за Божиќ бесплатен паркинг

Views: 120 ЈП “Билјанини Извори” информира дека денес, 07. 01. 2025 година (вторник) сите паркинг места со кои стопанисува јавното претпријатие ќе бидат бесплатни за сите корисници во текот на целиот ден.-ЈП “Билјанини Извори” на сите православни верници им го честита големиот празник и им посакува многу здравје и бериќет. За многу години, Христос се роди, стои во соопштението од претпријатието.

Продолжи со читање

Градоначалник Пецаков

Честитка од градоначалникот Пецаков по повод Божиќ

Views: 52 Божиќна честитка до поглаварот на МПЦ-ОА г.г.Стефан, до членовите на Синодот, до свештенството, како и до сите православни верници од Охрид и Македонија од страна на градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.– Божиќ е празник на семејството, празник на среќата. Да правиме добри дела, да имаме разбирање еден со друг, да бидеме љубезни , да го следиме нашиот Бог по патот кој за нас го има поставено. Вербата во Бога и понатаму нека нè води на нашиот заеднички пат, уште повеќе нека нè зближи во нашата соработка и взаемно почитување, нека ни даде сила и поткрепа да ги умножиме...

Продолжи со читање

Свр охрид

Опожарено возило на улицата „Париска комуна“ во Охрид

Views: 71  На 5-ти јануари 2025 година, во 21:30 часот во СВР Охрид, 50-годишна жена од Охрид пријавила дека пред нејзиниот дом на улицата „Париска комуна“ во Охрид било опожарено нејзиното патничко возило „БМВ х3“ со охридски регистарски ознаки.– Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител возилото било однесено во кругот на СВР Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. 

Продолжи со читање