Автор: инфодеск
Post Views: 301 Делегација од Европска унија, составена од 21 амбасадор на држави членки на ЕУ, а предводена од шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Дејвид Гир, во посета на Охрид. Како дел од агендата беше и посетета на Касарна Хаб. Преку соработка на Локалните власти, младите, бизнис секторот Охрид може да стане развоен центар и да понди многу повеќе, а исто така и да биде град каде што ќе има можност за живот вели Амбасадорот Гир.„Постојат луѓе во градот и земјата кои имаат одлични идеи за тоа како може да се стане поконкурентен, да се...
Се продолжува рокот за аплицирање на конкурс
Post Views: 369 Се информираат сите заинтересирани дека рокот за аплицирање по конкурсот и јавните повици се продолжува до понеделник 23.01.2023 година до 14 часот.„КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ВО ИЗБОРОТ НА НАЈУСПЕШНИ СПОРТИСТКИ И СПОРТИСТИ, ТРЕНЕР И СПОРТСКА ЕКИПА НА ОХРИД, ЗА 2022 ГОДИНА“ ,„ЈАВЕН ПОВИК ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ПРЕКУ СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ НА ЈП,, БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ”-ОХРИД ЗА 2023 ГОДИНА“ и„ЈАВЕН ПОВИК ЗА РАСПРЕДЕЛУВАЊЕ НА БУЏЕТСКИТЕ СРЕДСТВА ОД ПРОГРАМАТА ЗА СПОРТ...
Медицински тимови од вечерва ќе прават прегледи на капачите
Post Views: 417 Од вечерва медицинските тимови на Црвен крст Охрид вршат основни здравствени прегледи на лицата кои ќе „скокаат по Светиот крст“. Температурата на водата во Охридското езеро изнесува 9 С, токму затоа од Црвениот крст апелираат капачите да бидат исклучитлено претпазливи.Според прогнозите ќе има и релативно ниска температура на воздухот (околу 9 С, а ќе дува југозападен ветар со брзина од околу 9 м/с.)Апелот е да не влегуваат во вода доколку чувствуваат слабост или имаат било каков здравствен проблем, да не конзумираат алкохол пред влегување во вода,...
Крводарителска акција Водици 2023
Post Views: 250 Традиционалната крводарителска акција „Водици 2023“ под мотото „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СẺ“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира на 19.01.2023 (четврток) од 9-15 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.Ги покануваме нашите сограѓани и гостите да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, а организаторот, со поддршка на Дебарско-Кичевската епархија ќе им возврати со должно внимание и скромни подароци – информираат од Црвен крст Охрид.
За Водици бесплатен паркинг во Охрид
Post Views: 433 ЈП „Билјанини Извори” ја известува јавноста дека на ден 19.01.2023 (четврток) јавниот градски паркинг со кој стопанисува претпријатието ќе биде бесплатен за сите нејзини корисници.Одлуката традиционално се носи во име на големиот христијански празник Богојавление – Водици. ЈП „Билјанини Извори” на сите учесници на утрешниот настан им посакува мирно езеро и добро здравје. За многу години!
Охрид подготвен за чествување на Богојавление Водици
Post Views: 339 Привршуваат подготовките за одбележување на најмасовната црковно-културна манифестација посветена на празникот Богојавление-Водици во Охрид. На денешниот координативен состанок организацискиот одбор ги разгледа сите детали што се однесуваат на чествувањето.Доколку дозволат временските услови, Светиот крст во водите на Охридското Езеро ќе биде положен во 10:00 часот од колцето на градското пристаниште. Но доколку дува силен ветар како што најавуваат метеролозите положувањето на крстот ќе биде од бродот „АРМАДА“ кој заедно со бродот „Македонија“ ќе бидат...
Гувернерот на Ротари дистриктот 1912 во посета на Ротари клуб Охрид
Post Views: 967 На вчерашниот состанок на Ротари Клубот Охрид, раководството и членовите на клубот имаа чест и задоволство да бидат домаќини на Гувернерот на Ротари дистриктот 1912 кој го сочинуваат клубовите од Словенија и Македонија, г-динот Раде Христовски од Ротари Клубот Битола.Ротари Клубот од Охрид важи за еден од првите Ротари клубови во Македонија и претставува важна алка на Ротаријанството како во Македонија, така и пошироко, клуб кој со својата долгогодишна дејност се истакнал со проекти од голема важност за нашата заедница, градот Охрид, околината и државата,...
Струга бара помош од Владата за изградба на стационар за уличните животни
Post Views: 269 Општина Струга изработи проект за изградба на прифатилиште за бездомни кучиња. Градоначалникот сега бара помош од Владата да помогне во реализацијата, преку заеднички средства или од ИПА фондовите.Мерко вели општините немаат капацитет сами да се справат со проблемот со бездомните животни. Потребни се итни измени во законот, грижата да ја преземе Агенцијата за храна и ветеринарство, а општините финансиски да партиципираат.Ние веќе поднесовме барање за измена на законот за заштита на животните, со тоа што апелираме до централната власт оваа обврска...
Контроли, санкции и пониски цени на продуктите
Post Views: 275 Континурани контроли и изречени санкции за охридските трговци. Постојано се врши инспекциски надзор според одлуката на Владата за посебни услови во трговија на одделни стоки, вели Цветко Ристески раководител на Државниот пазарен инспекторат – Одделение за инспекциски надзор Охрид. Нотирана е пониска цена на оснвните прехрамбени производи во јануари, како резултат на намалување на трошоците за производство, вклучувајќи ја намалената цена на електрична енергија.„За напоменување е дека во месец Јануари годинава има намалување на цените кај лебот од 500 грама од...
Во Струга казнети 8 возачи за недозволено престигнување
Post Views: 330 На 16.01.2023 година од 07 до 11 часот, преземени се сообраќајни мерки на подрачјето на Струга.Притоа, полициските службеници затекнале 8 возачи на моторни возила кои извршиле престигнување на непрегледни и на места каде престигнувањето со сообраќаен знак е забрането. Против нив поднесени се соодветни платни налози – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Малолетник каснат од куче скитник во Струга
Post Views: 403 На 16.01.2022 година во 15.30 часот, А.Б.(35) од струшкото село Боровец, во ОВР Струга пријави дека на улицата „Маршал Тито” во Струга, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник, информираат од СВР Охрид.
Меѓународна конференција Охрид-Водици 2023
Post Views: 359 На 18 и 19 јануари 2023 по 11-ти пат ќе се одржи меѓународната научна конференција „Охрид- Водици 2023“- годинава насловена „Предизвици на идентитетот, културното наследство, одржливиот развој или туризмот поврзани со нови кризи“.Конференцијата е во организација на Центарот за напредни истражувања, а во партнерство со „MIRAS“ – Социјалната Организација за Поддршка на проучувањето на културното наследство од Баку, Азербејџан, Универзитетот Ајдин Аднан Мендерес од Турција, како и списанието Журнал за Глобални процеси од Мајами, Флорида, САД.„Тематски фокус...