Автор: инфодеск
Post Views: 363 Кон крајот на оваа недела, поточно во четврток 19-ти јануари истекува рокот за аплицирање на јавниот повик за финансиска поддршка за нови авиолинии. Апликациите треба да се достават до 12 часот во архивата на МТСВ. Државата ќе доделува субвенции од седум евра по патник за нови авиолинии што ќе бидат воведени на Скопскиот аеродром и по 4,5 евра по патник од аеродромот во Охрид, со јавниот повик за финансиска поддршка за наредните три години изјави Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.Секоја нова дестинација за која се одредува финансиска...
Жител на Струмица поттикнувал говор на омраза на фејсбук
Post Views: 246 СВР Охрид до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против З.П.(56) од Струмица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.Тој на 24.06.2022 година на текст од портал објавен на социјалната мрежа Фејсбук, објавил коментар со недолична содржина, со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Прилепчанец приведен во Охрид
Post Views: 292 На 16.01.2023 година во СВР Охрид приведен е М.Д.(28) од Прилеп.При претрес извршен со судска наредба во стан во Охрид што тој привремено го користел, полициските службеници пронајдоа и одзедоа предмети со остатоци од марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Три лица нападнале маж на бул. Туристичка
Post Views: 285 На 16.01.2023 година во 15:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на булеварот „Туристичка” во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од Б.Х. од Струга заедно со уште две лица, врз М.А.(42) од Охрид.По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
56 казни за пушење во затворен простор
Post Views: 504 Од 10 до 14 јануари пазарните инспектори извршиле 200 инспекциски надзори, а издадоа 56 прекрошни налози за непочитување на Законот за заштита од пушење.Казните за овие прекшоци, пушење во затворени простории во угостителски објекти, се од 2.000 до 4.500 евра, а за одговорното лице од 500 до 1.000 евра.Казна е предвидена и за гостинот кој пушел во затворена просторија во некој ресторан или кафуле – од 100 до 300 евра во денарска противвредност.Од Државниот пазарен инспекторат најавуваат дека ќе продолжат со контролите.
Маж загина во пожар во Струмица
Post Views: 295 Едно лице загина во пожар што избувнал синоќа по 20 часот во куќа на улица „Пиринска“ број 26 во Струмица.Според информациите од ТППЕ Струмица, загинатиот во пожарот е член на семејството кое живеело во куќата и засега се непознати причините за трагедијата.Пожарот е пријавен во 20:16, а во гаснењето учествуваа три противпожарни возила и 9 пожарникари. Пожарот е ликвидиран за еден час, но за жал во него има загинато едно лице, информираше командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.Екипи на ЈО Струмица и полицијата вршат увид на местото на пожарот.
Струшка невладина собра пари за лекување на прегазената жена
Post Views: 279 Невладината организација „Хумани стружани” за неполни два дена ги собра потребните 3.100 евра за болничките трошоци на повредената 58-годишна жена, која пред една недела беше прегазена и оставена на пешачки премин во Струга, објави СДК.мк.Таа во критична состојба, со тешки повреди и крвавење во мозокот била примена во болницата „Свети Еразмо“, откако несовесниот возач ја прегазил и избегал од местото на несреќата. Настанот го пријавил минувач, а полицијата сѐ уште работи на расчистување на случајот.Семејството на жената, која е од Албанија, а живее...
Водоводната пумпна станица Свети Еразмо нема да работи до 10-ти февруари
Post Views: 295 ЈПКД Дебрца ги известува жителите на Оровник, Подмоље и Горенци дека поради изведување на градежни работи кај водоводната пумпна станица Свети Еразмо и промена на водоводни цевки ф315 во должина од 70метри, водоводната пумпна станица Свети Еразмо нема да работи од 17.01.2023 година до 10.02.2023година.Водоснабдувањето за Оровник, Подмоље и Горенци во овој период ќе се врши од водоводната пумпна станица Требеништа.
Поскапуваат горивата
Post Views: 241 Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 3,918 %, кај дизелот 3,712%, кај екстра-лесното масло 4,303 % и кај мазутот 1,552 %.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,785 %.Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се зголемува 1,50 денар/л.Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“...
Театарски настапи на Драмското студио Цвет 75
Post Views: 381 Драмското студио за деца и млади „Цвет 75“ од Охрид веќе 5 години претставува простор кој младите ентузијасти, театарџии го користат за развивање на својот креативен потенцијал. Ги користат просториите на Средното економско училиште каде поделени во две групи, малата за деца од 6 до 9 години и голема група од 10 и повеќе, вежбаат и творат во различни форми, креираат претстави и создаваат емисии претежно наменети за детската популација. Малата група по повод Божик и новогодишните празници настапи во детската градинка „Јасна Ристеска-Росица“ со едночинката Утринско...
19 јануари неработен за граѓаните од православна вероисповед
Post Views: 248 Богојавление Водици 19 јануари (четврток), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.Од Министерството им го честитаат празникот Богојавление Водици на граѓаните од православната вероисповед.
Казнети 13 возачи во Охрид
Post Views: 400 На 15.01.2023 година од 08 до 14 часот, на подрачјето на Охрид, реализирана е засилена сообраќајна акциска контрола.Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 13 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (09-во населено место, 04-надвор од населено место.) – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.