Skip to main content

Автор: инфодеск

Едукативна работилница во НП Галичица: „Животните во зима“

Views: 68 Забавна и едукативна работилница „Животните во зима“ за деца на возраст од 6 до 12 години ќе се одржи на 9-ти јануари со почеток во 12 часот во Инфо центарот на НП Галичица – Охрид.-Понесете го вашето љубопитство и желба за учење! Работилницата е одлична можност да го разбереме светот околу нас и да се поврземе со природата, порачуваат од НП Галичица.Пријавување е најдоцна до 6 ти јануари на e-mail: taseska_angela@yahoo.com.

Продолжи со читање

pellet, heat, energy

Жител на Дебар приведен во Струга бидејќи крадел вреќи со пелети од влез од зграда

Views: 105 На 4-ти јануари 2025 година, во 00:30 часот, на улицата „Вељко Влаховиќ“ во Струга, лишен е од слобода 51-годишен жител на Дебар кој претходно, од влез од зграда во Струга, бесправно одзел седум вреќи со пелети.– Истите, се пронајдени и вратени на сопственикот а против сторителот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид

Продолжи со читање

Close-up of a hand signing insurance documents in an office setting.

Од овој месец печатените електронски документи се признаваат како оригинални

Views: 90 Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во синоќешното гостување во „За или против“ на Алфа телевизија, зборуваше за измените на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, кои со најновите измени предвидуваат испечатениот електронски документ кој што ќе биде изваден од граѓанинот, да има иста важност како и оригиналниот документ. Веќе од вчера секој електронски документ од Националниот портал и другите државни институции може да се употребуваа како оригинал документ.Нивната валидност ќе може да се потврди со скенирање...

Продолжи со читање

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Views: 63 Во утринските и претпладневните часови ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и на некои од повисоките места. Попладне облачноста ќе се намали.Во Охрид денес температурите од 3 до 6 степени.Од утре ќе преовладува стабилно време со слаб до умерен јужен ветер, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Локални врнежи од дожд се...

Продолжи со читање

Д-р Никола Бакрачески дел од тимот на болницата „Плодност“ од Битола

Views: 429 Доц. д-р Сци-Мед Никола Бакрачески, еден од најреномираните и најискусни кардиолози во регионот започнува со работа во Болница Плодност.-Како пионер и визионер во областа на кардиологијата, д-р Бакрачески носи со себе експертиза, иновативни пристапи и долгогодишно искуство, кои сега ќе бидат достапни за пациентите во Болница Плодност, се вели во соопштението од болнцата.Д-р Бакрачески има долгогодишно работно искуство, 28 години искуство во кардиологијата со едукација во водечки центри во Европа и Америка, тој е основач на регионалниот центар за интервентна...

Продолжи со читање

Вевчански карневал

Сѐ е подготвено за овогодинешниот Вевчански карневал

Views: 103 Сѐ е подготвено за овогодинешниот Вевчански карневал кој традиционално ќе се одржи на Василица. Карневалот и годинава ќе биде слика и прилика на се она што се случувало во општествено- политичкиот живот претходната година во Македонија, па и во Европа. Двете василичарски друштва, Горна и Долна маала ќе ги прикажат настаните на еден специфичен начин преку карневалските маски кои тие ги креираат, а Општината ќе се погрижи за забавниот дел, кажа градоначланикот на Вевчани, Спасе Кочовски денеска на прес конференција.„ Оваа година очекуваме многу гости од Македонија и...

Продолжи со читање

Александар Камбовски e нов претседател на Судскиот совет

Views: 131 Судијата Александар Камбовски е избран за нов претседател на Судскиот совет. За негово именување гласаа сите члена на советот со право на глас. Камбовски, кој летово стана член на Судскиот совет, доби доверба од 28 судии кои гласале за него. Судскиот совет има 15 членови, од кои 8 ги избираат судиите од своите редови, а од 5 членови што ги избира Собранието, двајца се на предлог на претседателот на државата.Изборот на Камбовски доаѓа откако Судскиот совет остана без претседател минатиот месец, кога Весна Дамева поднесе неотповиклива оставка.Фото: 24info.mk

Продолжи со читање

Денеска во Охрид теренско полагање на кандидати за полициски службеници

Views: 82 СВР Охрид ги известува учесниците во сообраќајот на подрачјето на Охрид дека, денеска од 11 часот, повеќе кандидати за  полициски службеници, распоредени во полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, ќе имаат теренско полагање.-Притоа,  кандидатите за  полициски службеници, на неколку сообраќајници во Охрид, под контрола на нивните ментори, ќе преземаат службени дејствија за контрола во патниот сообраќај по повеќе основи, согласно Законот за безбедност во патниот сообраќај, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање