Skip to main content

Автор: инфодеск

Горива

Дизелот поевтинува за 6,5 денари

Views: 251 Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за 6,5 денари за литар, а бензините поскапуваат за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.Според одлуката дизелот ќе се продава по цена од 95,00 ден/лит., ЕУРОСУПЕР БС-95 за 94,00 ден/лит, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 за 96,00 ден/лит. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,50 ден/лит, и ќе изнесува 97,00 ден/лит., додека на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,166 ден/кг. и ќе биде 44,410 ден/кг.

Продолжи со читање

Вечерва средба во „Касарна Хаб“ за Буково

Views: 163 Проблемот со депонијата „Буково“ ќе биде тема на средба вечерва во „Касарна Хаб“. Еко активисти преку социјалните мрежи повикуваат вечерва во 19 часот на средба на која граѓани, организации, активисти и експерти ќе разговараат за конкретни чекори за итно и трајно решавање на проблемот.Повикот следува по последниот пожар на депонијата, поради кој Охрид деновиве повторно се соочува со чад и непријатна миризба. Од „Касарна Хаб“ велат дека нема да има официјални говорници, политика и партиски поделби, туку отворена дискусија за предлози, активности и граѓански притисок за...

Продолжи со читање

Прекин во водоснабдувањето на „Кеј Македонија”

Views: 156 Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 11:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Кеј Македонија”, информираат од ЈП Водовод Охрид.Eкипи на претпријатието се на терен до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање

Меѓународни џез звуци на последната вечер од Охрид Џез Фестивал

Views: 253 Со меѓународната џез вечер синоќа свечено заврши овогодинешното издание на Охрид Џез Фестивал 2026.Завршната вечер беше посветена на 100-годишнината од раѓањето на легендите на светскиот џез – Miles Davis и John Coltrane. Пред охридската публика настапи Branko Sterpin Quartet, во состав Branko Sterpin – труба, Kristian Terzić – пијано, Zvonimir Šestak – контрабас и Adriano Bernobić – тапани, со специјалниот гостин Vojkan Jocić, еден од истакнатите хрватски тенор-саксофонисти.Концертната програма ги обедини композициите на Davis и Coltrane, претставени низ...

Продолжи со читање

Преподобен Јован Рилски

Views: 133 Овој голем подвижник и светилник на Православната Црква се роди близу Софија во местото Скрина, во времето на царот Борис. Се роди од бедни, но благочестиви родители. По смртта на родителите се замонаши и се оддалечи во една дива гора и таму во една пештера почна да се подвизува. Овде претрпе многу напади од демоните и од луѓето, од разбојници и од своите роднини. Потоа се пресели на Рилската Планина и се насели во едно шупливо дрво. Се хранеше само со трева и со грав, што по Божја Промисла почна да расте во близината. Долги години тој не виде човечко лице, додека, повторно по...

Продолжи со читање

УХМР: Во наредните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност

Views: 147 Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.Во Охрид денес температурите од минимални 20, до максимални 32 степени Целзиусови.Во наредните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност која ќе биде поизразена во среда и четврток кога процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град.

Продолжи со читање

На училиште без страв, што навистина треба да знае едно прваче

Views: 325 Поаѓањето за прв пат во училиште е голем настан и за првачињата и за нивните родители. Први септември носи возбуда, но кај децата може да предизвика и стрес, па училишните психолози советуваат родителите да не создаваат непотребна „фама“ околу почетокот на училиштето, туку да го претстават како природен дел од растењето.На децата не треба да им се зборува дека со тргнувањето на училиште завршуваат игрите и безгрижното детство, но ниту пак училиштето треба да им се претставува како нешто сосема лесно, а на детето да му се прави притисок дека тоа е понапредно и поинтелигентно...

Продолжи со читање

Кеј Македонија фото Ѓоко Симјаноски

Неексплодирана бомба пронајдена во водите на Охридското Езеро, во близина на кеј Македонија

Views: 185 На 28 август 2026 година, во 15:33 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во водите на Охридското Езеро, во близина на кеј „Македонија“, е пронајдена неексплодирана бомба.– Местото е обезбедено од страна на полициски службеници по што, бомбата е безбедно подигната од страна на преставник од Дирекција за заштита и спасување, за натамошна постапка, информираа од СВР Охрид

Продолжи со читање