Автор: инфодеск
Views: 91 Првиот метеорски дожд во 2025 година кој НАСА го смета за еден од најдобрите годишни дождови се предвидува да го достигне врвот на својата активност вечерва, со стотици метеори кои ќе го осветлат ноќното небо доколку временските услови се оптимални.Метеорскиот дожд квадрантид се случува секоја година на почетокот на јануари и е еден од најинтензивните годишни прикази на метеори. Своето име го добил од некогашното соѕвездие Quadrans Muralis, именувано од францускиот астроном Џеј Џеј Лаланд во 1795 година. Овој дожд првпат бил забележан во 1830-тите од белгискиот астроном...
Сè уште се трага по возачот на автомобилот што вчера падна во Вардар
Views: 84 Трагична несреќа ја потресе Македонија вчера, кога автомобил излета од патот на делницата Рашче – Кондово – Сарај и падна во реката Вардар. Од МВР утринава информираа дека вчеравечер во 21:05 часот екипи на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ од водите на Вардар го извлекле возилото марка „ауди“ во кое биле пронајдени три починати лица. Полицијата сè уште трага во четвртото лице кое го управувало автомобилот.Во автомобилот се наоѓало и 4 годишно дете, кое за среќа било спасено од страна на случајни минувачи. Детето е пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“, а потоа...
Денес Света архиерејска заупокоена литургија на Плаошник за 40 дневниот помен на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј
Views: 75 Денес во манастирот Свети Климент и Пантелејмон – Плаошник со почеток во 08:45 часот по повод 40 дневниот помен на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј, ќе се служи Света архиерејска заупокоена литургија.– На Литургијата молитвено ќе присуствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, со членовите на Светиот Архиерејски Синод, а ќе чиноначалствува Епископот Стобиски г. Јаков. По Литургијата ќе се отслужи парастос на гробот, информираат од Дебарско-кичевска епархија од Охрид.Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј почина на 25 ноември 2024...
Променливо облачно со сончеви периоди
Views: 68 Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а попладне во западните делови врнежи од дожд во пониските места и снег на планините. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират во поголем дел од земјата и во западните делови ќе бидат пообилни (20 л/м2). Со засилен северен ветер врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.Во Охрид температурите денес од 0 до 8 степени Целзиусови.Под влијание на влажен бран попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд...
„Збогум Буково“ посадија 14 садници див костен на АСНОМ
Views: 64 Дел од тимот на „Збогум Буково“ денес посади 14 садници на див костен во слободните предвидени места за дрвца во дрворедот на улицата АСНОМ во Охрид. Оваа мала акција е вовед во новата, позелена и похумана година во која ќе дојдеме поблиску до целта, а тоа е Буково да биде излетничка зона.Во нивното соопштение објаснуваат за нивната одлука зошто да посадат баш див костен.„Дивиот костен е впечатливо и прекрасно листопадно дрво. Обично достигнува височина од околу 12 метри и широчина на крошната од околу 8 метри. Иако е брзорастечко дрво,за да ја постигне крајната...
Утре Света архиерејска заупокоена литургија на Плаошник за 40 дневниот помен на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј
Views: 63 Од Дебарско-кичевската епархија информираат дека утре во манастирот Свети Климент и Пантелејмон – Плаошник со почеток во 08:45 часот по повод 40 дневниот помен на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј, ќе се служи Света архиерејска заупокоена литургија.– На Литургијата молитвено ќе присуствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, со членовите на Светиот Архиерејски Синод, а ќе чиноначалствува Епископот Стобиски г. Јаков. По Литургијата ќе се отслужи парастос на гробот, информираат од Дебарско-кичевска епархија од Охрид.Митрополитот...
Продолжува хуманата мисија на охридските гимназијалци – „Подари компјутер”
Views: 61 Хуманата мисија на охридските гимназијалци продолжува. И оваа година беа поправени и подарени компјутери на социјално ранливите категории – иницијатива на професорот по информатика Дарко Цветкоски во ОСУ „Свети Климент Охридски“. Охридските гимназијалци во текот на целата година собираа и поправаа компјутери и компјутерска опрема која на крај заврши во рацете на оние на кои им се најпотребни, а немаат услови да си го овозможат тоа.„Силата ни е во заедништвото”, вели проф. Дарко и додава дека оваа акција, која започна во 2022 година, ќе станува уште поголема. Оваа година...
Нашата сограѓанка Бојана ја загуби битката со тешката болест
Views: 92 За жал, нашата сограѓанка Бојана Танеска Бонеска ја загуби битката со тешката болест. На Бојана и беше дијагностициран Small Bowel Neuroendocrine Carcinoma, а охридската и македонската јавност заедно и сплотено организираа хуманитарни акции со цел да се соберат парични средства за нејзино лекување.Во нејзина чест, ја објавуваме пораката која таа ја објави кога дозна дека сите потребни парични средства се собрани:„Господ не дава на сите се’, туку на сите по нешто, за да можеме да си’ се најдеме. Како што вие ми се најдовте мене. Најголемата лична победа на секој човек...







