Автор: инфодеск
Views: 86 Тринаесет години по пристапувањето во ЕУ, Бугарија и Романија сега се полноправни членки на Шенген зоната на слободно движење. Контролите на копнените граници на овие две земји беа укинати на полноќ на новогодишната ноќ, откако ЕУ донесе ваква одлука на 12 декември на состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите членки на Унијата во Будимпешта.За Бугарите и Романците, тоа значи дека сега можат да патуваат со автомобил во Франција, Шпанија или Норвешка без пасош. Возачите и патниците повеќе не мора да покажуваат лични документи, а возилата можат да поминуваат без...
Масовно убиство во Цетиње: 12 жртви и најмалку 4 повредени
Views: 76 45-годишен маж со огнено оружје вчера уби 12 лица во Цетиње, меѓу кои и две деца. Сторителот делото го извршил во кафеана, а потоа при бегството наводно убил двајца малолетници и ранил една жена, соопшти министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ. Убиствата биле извршени на пет локации низ градот, а потоа на шестата локација осомничениот извршил самоубиство. Тој со тешки повреди бил пренесен во болница, но на пат кон Подгорица им подлгеднал на повредите.Полицијата претпоставува дека не се работи за кривично дело поврзано со организиран криминал, туку за емотивен...
Завршено е монтирањето на централно топловодно греење во училишната зграда во Оровник
Views: 84 Од Општина Дебрца информираат дека завршено е монтирањето на централно топловодно греење во училишната зграда во село Оровник.Монтирана е топлинска пумпа 34 kW и 21 челични панелни радијатори.Вкупната вредност на работите изнесува 793.123 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година, Програма за основно образование, средства од сметката на ООУ Дебрца.
Сончево со мала до умерена локална облачност
Views: 74 Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.Утре попладне, во текот на ноќта и во сабота претпладне под влијание на влажен и студен бран ќе има врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а во останатите предели од дожд и ќе преминуваат во врнежи од повремен снег. Во сабота ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно и суво со услови за појава на магла по котлините. Нови врнежи од дожд се...
Нека ни е среќна и бериќетна Новата 2025 година
Views: 65 Драги пријатели,Нека ни е среќна Новата година!Да биде исполнета со многу здравје, љубов, среќа и успех. Да се потрудиме да поминуваме повеќе моменти со најсаканите и да градиме позитивни вредности.Во оваа прилика би сакале да Ви се заблагодариме за целокупната поддршка што ни ја давате, продолжете да не читате на tvm.mk и следете ги вестите во редовните термини во 17 и 22 часот на ТВМ ТелевизијА.Уште еднаш, нека ни е среќна и бериќетна Новата 2025 година! Уживајте во празниците. За многу години!
Пецаков: Се обезбедуваат подобри услови за дечињата во ЈОУДГ “Јасна Ристеска”
Views: 68 Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков информира дека се обезбедуваат подобри услови за дечињата во ЈОУДГ “Јасна Ристеска”.Набавени се 95 дрвени мобилни креветчиња и душеци наменети за деца од 2 до 6 години. Креветчињата се анатомски и изработени од буково дрво, а душеците се од 100 % памучен материјал. Новиот инвентар, градинката го набави со сопствени средства.-Во континуитет продолжуваме да бидеме посветени на најмладата популација во нашата општина, затоа што тие ја заслужуваат целата наша грижа, се додава во соопштението.
Утре започнува зимскиот распуст, ќе трае до 20 јануари
Views: 82 За учениците во основните и средните училишта во Македонија започнува зимскиот распуст за учебната 2024-2025 година. Наставата од второто полугодие ќе продолжи на 20 јануари. Учебната година ќе заврши традиционално на 10 јуни.Оваа година нема да биде продолжена како минатата учебна година, кога за основците заврши на 17 јуни, бидејќи ќе нема пролетен распуст кој беше воведен минатата година и траеше од 29 април до 6 мај 2024.
Богата Новогодишната забава за дочек на 2025 година на Градскиот плоштад
Views: 102Вечерва на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2025 година, охриѓани и туристите ќе може да уживаат во настапот на поп дивата Каролина Гочева, македонската фолк ѕвезда Наум Петрески, миленикот на младата публика Пајак и охридската група Take 5, DJ Gec и DJ Face.Утре, на 1-ви јануари на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ ќе има дневна забава за која ќе се погрижат уникатната Сара Мејс и групата „Балканикос Бенд“.








