Автор: инфодеск
Post Views: 59 Во конкуренција од над 20 библиотеки од земјава организаторите на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ од Македонска Каменица одлучија наградата за нај издавач за 2024 година за издавање на книги од домашни автори да и припадне на Националната установа Библиотека „Григор Прличев“.Јаков од Камена Река бил македонски свештеник и писател кој живеел во 16-тиот век. Тој е роден во местото Камена Река, денешна Македонска Каменица.На свеченоста закажана за 22 ноември – петок ќе биде прогласен и најчитаниот македонски автор според извештаите од...
Стендап шоуто „За македонските работи” со Марјан Георгиевски вечерва во Охрид
Post Views: 51 Денес, вторник, во 20 часот во големата сала на НУЦК Григор Прличев, доаѓа големата стенд ап турнеја на Марјан Георгиевски. Еден од првите стенд ап комичари во Македонија, конечно после цели петнаесет години прави ваков исчекор на задоволство на публиката.Насловот на турнејата е “За македонските работи”.“Ова е текст кој се бави со еден народ, со една земја, со еден менталитет, навики и обичаи. За Македонците во минатотот, сегашноста и иднината. Оваа турнеја е за сите нас кои што останавме овде, но и за оние кои заминаа. Ветувам едно поинакво сценско...
Климент Мостро повторно на врвот меѓу стрелците
Post Views: 114 Изминатиот викенд на стрелиштето во битолската касарна се одржа четвртиот Купво гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма, на кој учество зедоа 60-тина стрелци од клубовите во државата.И овај пат кај нашите стрелци во дисциплината возудушен пиштол – јуниори, најуспешен беше младиот Климент Мостро од ЖСК„ Лихнидос”, кој со резултат од 532 круга се пласира на првата позиција. Во истата дисциплина Иван Милевски од СК ,,Охрид’’ се пласира на втората позиција со резултат од 523 кругови. Никола Тодороски од СК...
Утрото студено, преку денот променливо облачно со студени периоди
Post Views: 49 Утрото студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд, велат од УХМР.Од утре до сабота под влијание на серија од влажни воздушни бранови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува засилен до силен ветер (над 70 km/h). Поради продор на постудена воздушна маса од север во петок во текот на ноќта и во сабота врнежите од дожд ќе...
Директор на болницата во Кичево неовластено присвоил ехо апарат
Post Views: 58 ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 49 годишно лице од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата”. Тој, во периодот од 08.07.2021 до 07.08.2024, во својство на директор на ЈЗУ Општа болница Кичево, со намера да се стекне со противправна имотна корист, неовластено присвоил ехо апарат M9 Mindray, кој му бил доверен во службата, како донација од Министерство за труд и социјална политика во вредност од 2.134.482 денари. Пријавениот, ехо апаратот не го ставил во употреба во услови на Ковид пандемијата.
Бајден и дозволи на Украина да ја нападне Русија со американските ракети од долг дострел
Post Views: 53 Претседателот на Соединетите Американски Држави во заминување, Џо Бајден ќе и дозволи на Украина да користи оружје обезбедено од САД за да нападне внатре во Русија, објавија различни медиуми, вклучувајќи ги Ројтерс, Асошиетед прес и Њујорк Тајмс. Тројца извори, запознаени со ова прашање, вклучително и двајца американски официјални лица, изјавија за Ројтерс во неделата дека Украина планира да изврши напади со долг дострел користејќи го оружјето во наредните денови.Во февруари 2025 година ќе се одбележи третата година од инвазијата на Москва на Украина, при што...
Околу 500 семејства во Охрид се борат со сиромаштија
Post Views: 51 Не се намалува бројот на сиромашни. Изминативе неколку години бројот на социјално загрозени семејства во Охрид е доста голем, се движи околу 500 семејства на кои им е неопходна помош. Најпогодени се многудетните семејства, заедници со болни и инвалидизирани лица и самохраните родители.Од 2000 до 2500 луѓе секојдневно се борат со глад, а голем е бројот и на оние кои имаат проблеми, но се срамат да побараат помош.„Опслужуваме голем број семејства, преку 500 во текот на годината кои имаат најразлични потреби, не се...
Утре ќе се одржи отворен ден со граѓаните и граѓанските организации во општина Дебрца
Post Views: 40 Тимот на проектот “ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар” организира отворен ден со граѓаните и граѓанските организации во општина Дебрца утре, 19ти ноември 2024 година со почеток во 11:00 часот, во просториите на Општина Дебрца. Оваа средба, која што е дел од Мобилниот ресурсен центар, планирано е да трае околу 1 час.Целта на средбата е да се информираат локалните организации за актуелните случувања на национално ниво за развој на граѓанското општество, можностите за финансирање и јакнење на граѓанските организации, можностите што ги нуди Граѓанскиот...







