Skip to main content

Автор: инфодеск

Ногачески : Даночните обврзници да ги подмират своите обврски

Post Views: 219 При последната внатрешна ревизија во општина Дебрца, во делот на остварувањето на изворните приходи ( данок на имот и комунална такса за истакнување на фирма ) се констатира дека одреден број на даночни обврзници ( физички и правни лица ) не ги имаат подмирено своите обврски по овие основи и затоа градоначалникот на општината и даночната администрација се задолжени да ги преземат сите со закон предвидени мерки за наплата на зостанатите обврски на даночните обврзници.Во наредниот период, општинската даночна администрација до сите даночни обврзници-должници по...

Продолжи со читање

Одложено дербито Воска-Пелистер поради доаѓањето на Вучиќ и Курти

Post Views: 324 Претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Албин Курти, се „виновниците“ што дерби-пресметката од Втората лига помеѓу Воска и Пелистер наместо следниот викенд, ќе се одигра три дена подоцна односно на 22 март од 15 часот.Политичката средба во Охрид е причината поради која припадниците на МВР ќе имаат многу работа и нема да може да го обезбедат второлигашкиот фудбалски дуел, па од ФФМ побарале да најде друг термин.Воска во моментов е второпласирана со 47 бодови, два помалку од лидерот Вардар, додека Пелистер е на четвртата позиција на...

Продолжи со читање

Менторски услуги

Јавен повик за менторски услуги на мали и средни претпријатија

Post Views: 302 Агенцијата за поддршка на претприемништвото објави Јавен повик за спроведување бесплатни стандардизирани менторски услуги во мали и средни претпријатија (МСП). Повикот е отворен до крајот на месецов, а право на учество имаат микро, мали, средни претпријатија кои се занимаваат со производствени или услужни дејности.Целта на менторските услуги е обезбедување навремена поддршка на претпријатијата во клучен момент за нивниот понатамошен развој, по методологија развиена и применувана во Јапонија.Корисниците на менторските услуги заедно со менторот ќе работат...

Продолжи со читање

10 години затвор за девојката која уби момче во тетовско

Post Views: 236 На 10 години малолетнички затвор е осудена 17-годишната девојка за убиството на 16-годишниот Б.Х., чиешто тело беше пронајдено во реката Пена на крајот на минатата година.Пресудата ја соопшти тетовскиот суд, од каде претходно не беа споделувани детали за јавната расправа бидејќи се работи за малолетници.Истражителите утврдија дека на 21 декември, по вербална расправија во автомобил, девојката со предмет го удрила оштетениот во главата неколку пати, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Потоа го турнала во Пена.Телото на момчето беше...

Продолжи со читање

Претежно облачно време со повремен дожд

Post Views: 286 Денеска нè очекува претежно облачно и посвежо време со повремен дожд. Пообилни врнежи се најавени во попладневните и вечерните часови. На повисоките, но и на некои пониски места, особено во западните делови на земјава, врнежите ќе преминат во снег.На планините ќе се формира нова снежна покривка, а помала и на некои повисоки места – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Минималните температури денеска во земјава ќе бидат од 0 до 5 Целзиусови степени, а максималните ќе се движат во интервал од 3 до 12 степени.Променливо...

Продолжи со читање

Денес завршува обврската за зимска опрема во возилата

Post Views: 305 Денеска официјално завршува обврската за поседување зимска опрема во возилата.АМСМ потсетува дека законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата започна на 15 ноември лани, а трае до 15 март годинава, односно до денеска.Инаку, казната за неносење на задолжителна зимска опрема изнесува 45 евра во денарска противвредност, односно 25 негативни бодови согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде,...

Продолжи со читање

Висока реализација на буџетот за 2022 година, но и понатаму без капиталните проекти

Post Views: 295 Кога се носеше овој буџет локалната власт најави дека ќе се стреми истиот да се реализира со високи над 93%, но на крај и понатаму има 0% реализација кај капитални инвестиции како плоштад Крушевска Република, улица „Гоце Делчев“, паркот кај споменикот Ден Долард, велосипедска патека Охрид-Св Стефан и Катна гаража, бидејќи со ребаланси се менуваше структурата на буџетот и се отстрануваа одредени проекти, кажа координаторката на советничката група на СДСМ, Живка Ангелоска. Во програмата за туризам како најглавни проекти се категоризација на станоиздавачи од мал...

Продолжи со читање

Продажбата на лажни бисери се провлекува со години

Post Views: 585 Нелојалната конкуренција на Охридските бисери се провлекува со години. Државата во 2012 година ги брендира бисерите на двете охридски семејства, Филеви и Талеви, како најстара трговска марка и патент. Охридскиот бисер е заштитен како географски назив и интелектуална сопственост од страна на македонските институции, а по извршена анализа и изготвен елаборат на Технолошко-металуршкиот факултет, кој ги утврдил посебностите и сите својства кои го карактеризираат производот. Но, заштитата е само на хартија, во Охрид на секој чекор се продаваат лажни бисери....

Продолжи со читање

Зголемен бројот на туристи

Post Views: 324 Вкупниот број на туристи во јануари 2023 година во однос на јануари 2022 година е зголемен за 10,3 отсто, а бројот на ноќевањата бележи раст од 1,8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.Бројот на домашните туристи во јануари 2023 во однос на јануари 2022 година е намален за 9,8 отсто, а на странските е зголемен за 32,9 проценти. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2023 година во однос на јануари 2022 година е намален за 10 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 17 проценти.Бројот на туристите во...

Продолжи со читање

Санкционирани 36 возачи во Охрид, 13 во Струга

Post Views: 268 На 13.03.2023 во периодот од 7 до 12 часот извршени се сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид.Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 56 возачи на моторни возила кои извршиле престигнување на небезбедни и непрегледни места, каде со сообраќаен знак тоа е забрането (Охрид-36, Струга-13, Кичево-04, Дебар-03) – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Приведено лице во Охрид барано поради бегство од затвор

Post Views: 326 На 13.03.2023 во 22.25 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Е.С.(35) од Штип.Тој бил баран по распишана централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Струмица, поради бегство од затворот.Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Продолжи со читање

Во четврток цела Струга без вода

Post Views: 501 Од Јавното претпријатие „Водовод и Канализација“ Струга информираат за прекин во водоснабдувањето.Во четврток на 16.03.2023 поради изведување работи од „ЕВН“ ќе биде прекинато водоснабдувањето на целата територија на општина Струга од 10:00 до 17:00 часот – велат од ЈП „Водовод и Канализација“ Струга.

Продолжи со читање