Skip to main content

Автор: инфодеск

Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба

Post Views: 40 По повод 8-ми Декември – Св.Климент Охридски – Патрон на градот, Општина Охрид распишува:НАГРАДЕН УЧЕНИЧКИ ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ПОЕТСКА ТВОРБА Темата на Конкурсот треба да  се однесува на Охрид и животот и дејноста на Свети Климент ОхридскиПо овој Конкурс, Општина Охрид ќе додели три први награди за најдобра поетска творба во три различни категории:За ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение);За ученици од предметна настава(од шесто до деветто одделение);За ученици во средно образование (од прва до четврта...

Продолжи со читање

Општина Охрид

Јавен оглас за поставување на рекламни паноа-билборди

Post Views: 48 Врз основа член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.05/02), член 34 од Статутот на општина Охрид („Сл. гласник на општина Охрид“ бр. 8/07……..15/20), член 80 од Законот за градење („Сл.весник на РМ“ бр. 130/09……….111//23), со годишната Програмата за поставување на урбана опрема на територијата на општина Охрид за 2024 година („Сл.гласник на општина Охрид бр.03/24) а во врска со Одлуката за утврдување на почетна цена за поставување на рекламни паноа-билборди и информативни табли на канделабри („Сл.гласник на Општина Охрид” бр. 01/23), донесени...

Продолжи со читање

Вечерва премиерно ќе се одржи претставата „Земја на штркови“ на Театар Провокација

Post Views: 46 Вечерва во НУЦК „Григор Прличев“ во 20 часот ќе се одржи премиерата на „Земја на штркови“ на Театар Провокација.Претставата „Земја на штркови“ е претстава која предупредува и отворено говори за причините и последиците од енормниот број иселувања на младите луѓе од татковината, поставувајќи ги прашањата: Дали доколку го гледаме само својот пат, можеме да бидеме среќни? И дали доколку остануваме инертни, можеме да промениме нешто? Дали најлесното и наједноставно решение е да се замине таму некаде во туѓина, барајќи подобро место за живеење, или заминувањето е...

Продолжи со читање

Македонија ги порази Фарски Острови со 1:0 и ќе има скок за најмалку две места на УЕФА Лигата на нации

Post Views: 75 Вчера, на национална арена „Тоше Проески“ во Скопје се одигра фудбалскиот натпревар меѓу селекциите на Северна Македонија и Фарски Острови. Македонија на домашен терен со резултат 1:0 ја совлада селекцијата на Фарски острови во натпревар од Групата 4 на Лигата Ц, што се игра во рамките на УЕФА Лигата на нации.Според пресметките, Македонија на новата листа, која ќе излезе откако ќе завршат сите мечеви во овој ноемвриски циклус, ќе има скок за најмалку две места. Македонија ќе ги прескокне европските Грузија и Финска, а може да биде и пред некоја друга...

Продолжи со читање

Стабилно време со ниски утрински температури

Post Views: 54 Денес и утре времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури и со услови за појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Потоа во следните денови под влијание на серија од влажни воздушни бранови времето ќе биде променливо облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, кои на планините повремено ќе преминуваат во снег. Од среда до петок ќе дува засилен југоисточен и западен, а во сабота засилен северен ветер.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 1 до 12 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Вечерва нова „Импровокација“

Post Views: 39 Вечерва, во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ охриѓани ќе можат да уживаат во театарската импровизација „Импровокација“.

Продолжи со читање

Прекин вода

Неколкучасовен прекин во водоснабдувањетo на улиците „Богомилска“ и дел од „Даме Груев“ и „Бул.Туристичка“

Post Views: 40 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 10:30 часот ќе има неколкучасовен прекин во водоснабдувањетo на улиците: „Богомилска“ и дел од „Даме Груев“ и „Бул.Туристичка“.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање

Трипуновски: Охридско езеро се става во функција, со што се заштитува и рибниот фонд

Post Views: 44 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со риболовните здруженија и риболовците од Охрид и Стругај. Целта е запознавање на риболовците со новата риболовна основа која што ја донесе владата.„Новата риболовна основа предвидува седум риболовни зони за комерцијален излов на риба и една рекреативна зона на ниво на цело Охридско езеро“, појасни министерот Трипуновски.Тој додаде дека ова е уште едно во низата на исполнети ветувања кои што ги има дадено во предизборниот период.Министерот посочи дека целото...

Продолжи со читање