Skip to main content

Автор: инфодеск

ФК „Св. Троица“ донираше пакетчиња за сите првачиња во ОУ „Кочо Рацин“

Views: 111 ФК Св. Троица, по претходна хуманитарна акција во рамките на клубот, донираше пакетчиња за сите првачиња во двете основни училишта, Кочо Рацин (Радоица Новичиќ и Лакочереј).– Од народот за народот! Благодарност до наставничкиот кадар во ООУ “Кочо Рацин”- Охрид, што овозможи ова да се случи. Клубот ќе се стреми за организирање повеќе хуманитарни настани во иднина, со цел да го поттикне локалниот развој и поддршката на различни општествени групи. – велат од фудбалскиот клуб.

Продолжи со читање

Денес работилница за изработка на ѕвездичките за Бадниковата поворка

Views: 69 Денес во 12 часот во спортската сала на ОУ „Христо Узунов“ ќе се одржи работилница за изработка на ѕвездичките што ќе ги носат дечињата учесници во Бадниковата поворка.– Ќе ја пееме „Вечниот Бог“ и ќе изработуваме ѕвезди. Најмили охриѓани ве очекуваме, порачуваат организаторите.Во меѓувреме продолжуваат пробите за Бадниковата поворка 2025 во Охрид.Годинава се очекува околу 2000 деца на 6-ти јануари низ охридските улици да ја пеат песната „Вечниот Бог“, носејќи ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата Деница што го покажала патот на мудреците до пештерата.

Продолжи со читање

ЈП “Билјанини Извори” подари новогодишни пакетчиња на неколку здруженија во Охрид

Views: 61 Традиционално, ЈП “Билјанини Извори” пред новогодишните празници во посета на неколку здруженија, Добротољубие-Св. Ѓорѓија, Зраци, деца со ретки болести, паралелка со посебни потреби во ООУ Св. Климент Охридски, инклузивна игротека Радост – Здружение Вопс и здружението Тајните на моето срце и на сите им подари новогодишни пакетчиња.-Тимот на јавното претпријатие на здруженијата и нивните штитеници им посакаа среќни празници и многу љубов и здравје во новата 2025 година, се вели во соопштението од јавното претпријатие.

Продолжи со читање

Спроведена aктивноста ,,Пакетче за секое дете” во сите училишта во Општина Дебрца

Views: 67 Општина Дебрца и Јавнотo претпријатие за комунални дејности (ЈПКД) Дебрца, успешно ја спроведоа активноста под наслов „Пакетче за секое дете“. Во сите училишта на територијата на Општина Дебрца, учениците добија пакетчиња, кои им беа поделени како подароци во пресрет на Новата 2025 година.Вкупно 180 деца беа вклучени во оваа активност, а пакетчињата се поделени со цел да се донесе радост и насмевка на децата во овој празничен период.-Од страна на Општина Дебрца и ЈПКД Дебрца, им се посакува среќна и успешна нова година на сите деца и нивните семејства, како и многу...

Продолжи со читање

Утре во Струга ќе се одржи Зимски Младински Шаховски Фестивал „Езерска Кралица 2024“

Views: 103 Утре Струга ќе биде домаќин на второто издание на Зимскиот Младински Шаховски Фестивал “Езерска Кралица 2024”. Младинската шаховска школа „Струга“ во соработка со шаховската школа „Ласкер“ од Охрид го организираат второто издание на зимскиот младински шаховски фестивал “Езерска Кралица 2024”.Посочуваат дека турнирот е поделен во 4-ри категорни групи: деца на возраст до 8 години, деца на возраст до 10 години, деца на возраст до 12 години и деца на возраст до 14 години. Ќе се игра Швајцарски систем од 6 кола со темпо на игра 10+5.Планирано е момчињата и девојчињата да...

Продолжи со читање

Поемата „Никогаш пред ил’ потем“ лауреат на наградата „Григор Прличев“ за 2024

Views: 81 Oд Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид информираат дека добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2024 година е авторот на поемата „Никогаш пред ил’ потем“, пријавена под шифра „Хидаспес“.Одлуката едногласно ја донесе комисија во состав Славе Ѓорго Димоски – претседател и Бранко Цветкоски и Димитар Пандев како членови.– Од вкупно 13 пристигнати ракописи, пет од нив се издвоија со своите поиздржани естетски, стилски, композициски и содржински квалитети. Во потесен избор влегоа поемите „Никогаш пред ил’ потем“ и „Питагорин сведок“, информираат...

Продолжи со читање

Две детски претстави на Градскиот плоштад за најмладите

Views: 86 Детската новогодишна програма продолжува и денеска на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.Во 12:30 часот ќе биде изведена новогодишната претстава „ Каде е Дедо Мраз?!“. Во претставата се раскажува интересна приказна за новогодишна авантура на помошниците на Дедо Мраз. Во претставата играат: Дарко Богески, Јана Пауноска, Фаик Мефаиловски и Филип Кипровски.Со почеток во 18:00 часот најмладите ќе можат да уживаат во претставата за деца „Четирите принцези и Дедо Мраз“. Во претставата преку креативна театарска игра и веселиот кловн Кики се интерпретира новогодишна...

Продолжи со читање

Подигнат кабаст и зелен отпад од мапирани диви депонии во с.Подмоље

Views: 54 Екипите на Ј. П.,,Охридски Комуналец” реализираа активности за подигање кабаст и зелен отпад од три локации во с. Подмоље, каде несовесни граѓани создале диви депонии.-За расчистување на локациите ангажирана е специјална механизација и подигнати се 23 м3 отпад, информираат од претпријатието.

Продолжи со читање