Skip to main content

Автор: инфодеск

Бадник

Денеска е Бадник, утре Божик

Post Views: 263 За православните христијани денеска е Бадник, денот кога се собира семејството на трпеза, на која освен храна има и бадниково гранче, кое претставува симбол на светлината и топлината на домот и на сите членови на семејството.Бадниковата вечера треба да нè потсети на тоа колку е важно семејството и слогата во него.Утре е Божиќ, еден од трите најголеми празници, кога, според христијанското верување, е роден Синот божји, Исус Христос.Според стариот јулијански календар се раководат Ерусалимската патријаршија, Македонската православна црква, српската,...

Продолжи со читање

Бесплатен паркинг за Божик во Охрид

Post Views: 365 ЈП „Билјанини Извори” ја известува јавноста дека ден 07.01.2023 (сабота) јавниот градски паркинг со кој стопанисува јавното претпријатие ќе е бесплатен за сите нејзини корисници.ЈП „Билјанини Извори” се приклучува во одбележувањето и славењето на христовото раѓање и во таа насока ја донесе оваа одлука. Јавното претпријатие им го честита празникот на сите православни верници и им посакува многу здравје и бериќет. За многу години, „Христос се роди”, велат од ЈП „Билјанини извори“ Охрид.

Продолжи со читање

Мети Жаку подели пакети со овошје и зеленчук на сограѓани христијани во пресрет на Божик

Post Views: 480 Македонскиот мултирелигиски живот има длабоки корени во земјава, но токму за време на празниците тој е најмногу видлив. Традицијата на почит едни кон други без разлика на религијата продолжува.Во духот на најголемиот Христијански празник Божик, верниците од муслиманска вероисповед изразуваат почит кон своите соседи и сограѓани од христијанска вероисповед.Еден таков пример на меѓусебно поврзување на граѓаните преку нивната различна верска определба ни покажа денес, нашиот долгогодишен соработник и пријател Мети Жаку, кој подели пакети со овошје и...

Продолжи со читање

Платил паркинг со фалсификувана банкнота од 50 евра

Post Views: 246 На 04.01.2023 во 13:10 часот во СВР Охрид, А.Ј.(52) од Охрид, вработен во ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид, пријавил дека околу 11 часот на неговото работно место во канцеларија на ул. „Партизанска“ во Охрид, едно лице платило користење паркинг со фалсификувана банкнота од 50 евра.Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Младите не сакаат да учат занает

Post Views: 305 На пазарот на труд има недостаток од мајстори за монтажа и одржување на електронски системи, уреди и опрема, за сервисирање на TV и радио опрема како и одредени занимања од металската струка. За овие занимања нема интерес кај учениците за што говори податокот дека 10 години во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ не е запишан ученик во трет степен средно образование во овие профили, посочува директорот на училишниот центар, Сашо Недески.Интересот е многу слаб од моментот кога законски средното образование стана задолжително повеќето и ученици и родители сакаат децата...

Продолжи со читање

Православните христијани се подготвуваат за Бадник

Post Views: 252 Бадник е ден на радоста кој верниците го поминуваат во будност очекувајќи го доаѓањето на Спасителот меѓу луѓето како богочовек, вели отец Љупчо Симиџиоски. На Бадник во црквата се служи Утрена богослужба заедно со Царски часови, а потоа вечерна заедно со Василиева Литургија. Светата богослужба ги подготвува верниците телесно и духовно да го прослават Богомладенецот Христос.Празникот Бадник или бдеење во очи на нешто големо што ќе се случи, а тоа е раѓањето во тело на нашиот Спасител Исус Христос. Бог Од преголема љубов, она што го вети на нашите прародители...

Продолжи со читање

Објавена третата верзија на божикната песна Вечниот бог

Post Views: 404 Во пресрет на Бадник и одржувањето на Бадниковите поворки, објавена е третата верзија и спотот на божикната песна „Вечниот Бог“. Официјалната промоција на песната и спотот ќе се одржи утре на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје, во рамки на малиот божиќен концерт што ќе и’ претходи на Бадниковата поворка.Создадовме дело што треба да го предизвика вниманието на новата генерација деца, на коишто имаме света должност да им ја пренесеме нашата православна традиција на празнување Бадник и Божик, онака како што нашите претци ни ја оставиле нам во предание....

Продолжи со читање

Денеска се празнува Свети Наум Чудотворец

Post Views: 287 Денес се слави Свети Наум Чудотворец. Голем број верници присуствуваат на празничната богослужба, која традиционално се одржува во манастирскиот комплекс на брегот на Охридското Езеро.Свети Наум Охридски Чудотворец бил средновековен научник, писател, учител и еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. Основач на манастирот на Светите Архангели, денешен Свети Наум. Роден е во првата половина на IX век.Наум беше еден од основачите на Преславската книжевна школа и од 886 до 893 беше за учител таму. Беше еден од даровитите...

Продолжи со читање

Жителите на ул. Гоце Делчев повторно без вода

Post Views: 269 Поради дефект на водоводната мрежа на улицата „Гоце Делчев” ( пукнат yличен шибер), денес од 08:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата: „Гоце Делчев”, вклучувајќи ги и сите споредни улици на потегот од крстосницата со улицата „Македонски Просветители” до Здружение на возачи.Екипи на ЈП „ВОДОВОД“ Охрид се на терен, до завршување на санацијата.

Продолжи со читање

Гала оперски концерт за Василица во НОБ

Post Views: 273 На 12 и 13 јануари 2023 (четврток и петок) со почеток во 20 часот ќе се одржи Традиционалниот Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023.Традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува, оваа година нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Пучини, Верди, Џордано, де Либ, Штраус помладиот – велат од Националната опера и балет.Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер: Дејан...

Продолжи со читање

Денеска е светски ден на Брајовото писмо

Post Views: 404 Во чест на одбележувањето на 4 јануари – Светскиот ден на Брајовото писмо, востановен од Обединетите нации во чест на неговиот создавач Луј Брај, Издавачкиот центар АЛДЕБАРАН заедно со Печатницата Тифлографика на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ Скопје ќе му подари примероци од изданијата на Брајово писмо кои беа објавени минатата година.Издавачкиот центар Алдебаран во рамките на својата издавачка дејност, објави седум нови книги на Брајово писмо, и тоа лектирни изданија за основните и средните...

Продолжи со читање

Почина д-р Наум Целакоски

Post Views: 1.171 Уште една охридска легенда го напушти овој свет. Замина во вечноста проф. д-р Наум Целакоски, познат најнапред како професор по македонски јазик во Охридската гимназија, потоа како долгогодишен директор на Историскиот архив во Охрид.На крајот од својот работен век, како професор по културно наследство и декан на Факултетот за туризам во Охрид, напиша на својот фејсбук профил м-р Димитар Смилески, негов пријател и близок соработник.Во објавата на м-р Смилески стои запишано:Првпат го запознав како ученик во прва година во Охридската гимназија...

Продолжи со читање