Skip to main content

Автор: инфодеск

Албанија ги лансираше првите сателити во вселената

Post Views: 370 Албанија ги лансираше своите први сателити во вселената, објави премиерот Еди Рама.Речено, сторено. Ракетата Фалкон 9 што ги носеше нашите два сателити Албанија 1 и Албанија 2 во вселената е лансирана – напиша Рама.Тој истакна дека Албанија сега има повеќе можности да ја контролира и заштити својата територија.Од денеска Албанија има повеќе високотехнолошки способности за контрола и заштита на територии, обезбедувајќи во реално време важни податоци во голем број клучни аспекти за одржлив развој – изјави албанскиот премиер....

Продолжи со читање

Во тек е исплатата на социјална и детска заштита

Post Views: 295 Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец декември 2022 година.Корисниците на парични права кои што поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 4 јануари 2023 година.Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се...

Продолжи со читање

ТАВ Македонија : Утрово беа откажани два лета

Post Views: 296 Од 8 часот наутро до 11:30 часот два лета беа откажани на Меѓународниот Аеродром Скопје, како резултат на ниската видливост поради густата магла, информираат од ТАВ Македонија.Очекуваме подобрување на временските услови после 12 часот напладне. За евентуални промени во редовниот распоред на летови ги упатуваме патниците да ја следат нашата веб-страница www.skp.airports.com.mk каде што сите промени со летовите се ажурираат во реално време, како што ги добиваме во нашите системи. За итни информации, патниците можат да се јават на Шалтерот за информации на...

Продолжи со читање

Богата музичка програма на Вевчански карневал

Post Views: 522 Музичката програма за овогодинешното издание на Вевчанскиот карневал полека, но сигурно се крчка.Ќе биде полна со македонска музика и легендарни музичари, па се надеваме дека сите вкусови ќе ги задоволиме. Легендите на македонскиот Рок енд Рол – Ласт Експедишн на 12-ти и Легендата на Македонската народна музика, кралот на тамбурашите Нино Величковски и кумановските тамбураши на 13-ти. На 12-ти Венко Серафимовски (Конкорд) и проектот П’рпл Цепелин (Deep Purple and Led Zeppelin трибјут) ќе не движат и развеселат низ музичко патување од младоста,...

Продолжи со читање

Медиумска промоција за зголемување на визибилноста на македонскиот туризам

Post Views: 239 Медиумска промоција во примарните туристички пазари за зголемување на визибилноста на македонскиот туризам започна со реализација на почетоков на годинава. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот активно работи на медиумски туристички кампањи во таргет земјите Полска, Србија, Бугарија, Албанија, Косово и Турција. Учеството на туристите од примарните земји од вкупниот број на странски туристи и остварени ноќевања е 30% за првите 10 месеци од 2022 год.Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и во вториот дел од медиумската кампања, промоцијата ја...

Продолжи со читање

Финансиска поддршка за граѓанска организација која координира центар за згрижување деца со атипичен развој

Post Views: 242 Општина Охрид за буџетската 2023 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува финансиски да поддржи граѓанска организација која работи на територијата на општина Охрид и координира Центар кој згрижува и третира деца со атипичен развој и аутистичен спектар. Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на семејства од социјален ризик и теба да овозможуваат намалување на трошоците на овие семејства кон Центарот. Вкупната финансиска поддршка за оваа намена изнесува 432.000,00 денариУслови кои организациите треба да ги...

Продолжи со читање

Еднократна парична помош за лице згрижено во згрижувачко семејство

Post Views: 257 Општина Охрид за буџетската 2023 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува еднакратна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општина Охрид. Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на лица (деца) кои се згрижени во семејства што опфаќа основна заштита и 24 часовна грижа за деца и возрасни лица кои немаат свое семејство или немаат услови за живот во сопственото семејство. Предвидената финансиска поддршка изнесува 10.000,00 денари по згрижено дете.Услови кои лицата...

Продолжи со читање

Вевчани се подготвува за Вевчанскиот карневал

Post Views: 415 Вевчани се подготвува за Вевчански карневал – најпознатиот бренд на Македонија, што традиционално ќе се одржи на 12-ти, 13-ти и 14 Јануари. Музичката програма за овогодинешното издание на Вевчанскиот карневал полека, но сигурно се „крчка“.Се најавува богата културно-уметничка програма.Македонска музика и ЛЕГЕНДАРНИ музичари, почнуваме со објавување на дел од Артистите: Се надеваме дека сите вкусови ќе ги задоволиме. Легендите на македонскиот Рок енд Рол – Ласт Експедишн на 12-ти и Легендата на Македонската народна музика, кралот на тамбурашите Нино...

Продолжи со читање

Турски државјанин приведен на охридскиот аеродром

Post Views: 283 На 02.01.2022 во 13:00 часот на Граничниот премин Аеродром „Св. Апостол Павле” во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода Е.К.(36) од Република Турција, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека хрватската патна исправа што ја приложил на увид била фалсификувана.Исто така, при преглед кај него биле пронајдени фалсификувани хрватска лична карта и хрватска возачка дозвола. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Охрид за понатамошна постапка – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

ТАВ Македонија : Откажани 10 лета, пренасочени 3

Post Views: 275 Од 20 часот на 2-ри јануари до 9 часот наутро денеска на трети јануари 2023 година, авиокомпаниите откажаа 10 лета, а пренасочија 3 лета, поради намалена видливост како резултат на густата магла во скопската котлина, велат во соопштение од ТАВ Македонија.Согласно правилата на авиопревозниците за вакви ситуации, тие им организираат превоз и хотелско сместување на патниците.„За сите натамошни информации во врска стекнување на патничките права, ги упатуваме патниците да се обратат кај својата авиокомпанија, со чии услови и правила на користење се согласиле...

Продолжи со читање

Од полноќ поскапуваат горивата

Post Views: 244 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,68 % во однос на одлуката од 26.12.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 5,153%, кај дизелот за 2,830%, кај екстра лесното масло за 3,424% и кај мазутот за 0,596%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за...

Продолжи со читање

Новогодишниот викенд навестува враќање на туризмот на старите патеки

Post Views: 279 Туризмот се враќа на старите патеки. Ако Новогодишните празници се земат за репер може да се каже дека, до вчера Охрид беше преполн со туристи исто како пред пандемијата. Наликуваше како среде лето во шпицот на сезона.Според анализите на туристичките работници најбројни беа туристите од Србија, но имаше групи и од Бугарија, Хрватска, Албанија, Турција Романија и Израел.Убавото време, празничната атмосфера придонесоа за бројните туристи да уживаат во прошетките на брегот на Охридското езеро, но и да ги посетат културно историските споменици во...

Продолжи со читање