Skip to main content

Автор: инфодеск

Охрид облачно

Денес не очекува претежно облачно и студено време

Views: 53 Претежно облачно и студено со повремени локални врнежи од дожд во делови од Повардарието и од снег во повеќе останати делови од земјата а особено на северозападот и на северот. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h.До петок ќе се задржи значително облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег, долж Повардарието со повремен дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во северозападните, северните делови и на крајниот исток. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60...

Продолжи со читање

Избувна пожар на Ајфеловата кула, евакуирани 1200 туристи

Views: 77 Сабајлево биле евакуирани околу 1.200 луѓе од Ајфеловата кула откако избувнал пожар. Според француската полиција, пламенот бил забележан во окното на лифтот помеѓу првиот и вториот кат, а пожарникарите се сомневаат дека пожарот настанал поради прегревање на уредите во близина на каблите.Светските медиумски агенции јавуваат дека за време на интервенцијата, Ајфеловата кула била затворена за туристи. Инаку, овој светски познат споменик секој ден го посетуваат меѓу 15.000 и 25.000 луѓе.Во јануари годинава социјалните мрежи беа преплавени со фотографии и видеа во кои се...

Продолжи со читање

Агенција за храна и ветеринарство: Спроведени 62 вонредни контроли за безбедноста на новогодишните пакетчиња

Views: 67 Инспектори  од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), минатата недела спроведоа вонредни надзори во магацини за пакување на новогодишни пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со новогодишни  пакетчиња. Во рамки на спроведените 62 контроли, утврдено е несоодветно означување на пакетчиња кај 4 оператори. Кај 3 вида на пакетчиња, констатирано е дека на збирното пакување нема наведено рок на траење, односно датум на минимална трајност на производите кои ги содржи новогодишното пакетче, поради што наредено е повлекување на истите од промет. ...

Продолжи со читање

Одбележани 100 години од смртта на охридскиот револуционер Петар Чаулев

Views: 65 Вчера во „Спомен куќата на Христо Узунов“ беа одбележани јубилејни 100 години од смртта на Петар Чаулев, истакнат охридски револуцинер и војвода. Во името на локалната самоуправа пред присутните се обрати претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.– Денес е исклучителен ден, во кој се одбележува 100 годишнината од смртта  на големиот охридски и македонски револуционер  Петар Чаулев. Во славната Илинденска епопеја, младиот Чаулев бил војвода и раководител на Охридскиот револуционерен комитет, учествувал во Балканските војни и Тиквешкото востание, а бил и...

Продолжи со читање

Денес започнува „Охридска новогодишна приказна“

Views: 87 Денес започнува осумдневната „Охридска новогодишна приказна“, програма организирана од Општина Охрид за најмладите. Најмладите дечиња ќе можат да уживаат во детски претстави, новогодишни базари и музички настани.Програма:24.12.202412:30 часот   Детска театарска претстава „Добредојде Нова Годино“Градски плоштад „Свети Климент Охридски“18:00 часотТеатарска претстава за деца: „Ех да може и во зима сладолед да има“Градски плоштад „Свети Климент Охридски“25.12.202412:30 часотДетска новогодишна театарска претстава:...

Продолжи со читање

Нормализиран патниот сообраќај на Буково и Ѓавато

Views: 122 Патниот сообраќај превоите на Буково и Ѓавато е нормализиран. Воведени се забрани за движење на товарни моторни возила на следните патни правци: Тетово – Попова Шапка (забрана за ТМВ, за сите останати видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема), Гостивар – Стража, Маврово – Дебар, Прилеп – Македонски Брод и Охрид – Кичево.Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат.Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на...

Продолжи со читање

Со злато веслачите на Горица Ремо ја завршија овогодинешната сезона

Views: 111 Викендов во Палиќ, Република Србија се одржа ROWLE ERGO штафета 2024 во склоп на проектот ROWLE како дел од програмата Interreg VI-A помеѓу Унгарија и Србија.Ова забавно и возбудливо натпреварување Rowle Ergo Relay се одржа во салата на училиштетоШандор Петефи во Бачки Виноград, каде што учество зедоја преку 250 учесници од Србија,Унгарија и Македонија. Штафетниот формат подразбира секоја екипа да биде составена одчетири членови, кои што заедно треба да извеслаат 2000 метри, така што секој член на екипататреба да извесла 500 метри.Овој концепт не само што е забавен,...

Продолжи со читање

Католичката заедница денеска слави Бадник, а утре Божик

Views: 71 Припадниците на католичката вероисповед денес го прославуваат Бадник. Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, овој ден го прославуваат на 24 декември. Бадник означува бдеење пред раѓањето на Исус Христос, Божиќ. На Божик според католичките обичаи, му претходат четири недели на подготовка, т.н. адвентски недели, време кога се потенцира духовниот пост, хуманоста, одрекување од лоши навики. За Бадник или бдеење обичај е посна трпеза и кршење на бадниково лепче, додека за Божик е правењето...

Продолжи со читање