Автор: инфодеск
Views: 77 Претежно облачно и студено со локални врнежи од дожд и снег, особено претпладне. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, велат од УХМР.Во следните денови ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Од сабота следува период на стабилно, суво и понатаму студено време.Во Охрид денес температурите ќе се движат во интервал од 0 до 5 степени Целзиусови.
Општина Охрид: Високи гости од Турција во посета на Општината
Views: 111 Градоначалникот на турската општина Тосја Кастамону, Волкан Каваклигил во придружба на Шенол Крабалтуоглу од Министерството за образование, денеска беа во протоколарна посета на Општина Охрид.На средбата со градоначалникот Кирил Пецаков, гостите од Турција го изразија својот восхит од убавините на Охрид и гостопримливоста на охриѓани.Заеднички се разгледуваа можностите за соработка на двете општини во повеќе области. Се разговараше и за начинот на функционирање и ингеренциите на локалнта власт, а стана збор и за процесот на децентрализација на власта по чие...
Фонтаната Ди Треви повторно отворена за посетителите
Views: 75 Фонтаната Ди Треви во Рим вчера повторно беше отворена по завршувањето на вонредните работи за одржување во пресрет на јубилејната католичка „Света година“, која се слави на секои 25 години. Реновирањето траеше три месеци и чинеше 327.000 евра.Пристапот до споменикот сега ќе биде ограничен на 400 посетители во секое време за да се избегне голема гужва.-Посетителите засега нема да мора да плаќаат билет, иако во иднина не е исклучено воведување такса, изјави градоначалникот на Рим Роберто Гуалтиери.За време на реставрацијата, беше поставена патека за туристите да...
Во недела предновогодишна Импровокација
Views: 57 Предновогодишна „Импровокација“ ќе се одржи во недела, 29 декември со почеток 20.00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид.-За добрата забава ќе се погрижат стандардната 5 члена екипа, а за малите, слатки подароци нашите пријатели кои ни даваат ветер во грбот, додаваат организаторите.Карти може да се резервираат на телефонскиот број 075/283-066.
Масовни и мирни протести во Србија, 100.000 луѓе молчеа 15 минути во чест на петнаесетмината загинати во несреќата во Нови Сад
Views: 78 100 000 луѓе вчера се собраа на повик на студентите од белградските факултети да побараат исполнување на барањата да се дознаат деталите за несреќата во Нови Сад каде во падот на натстрешница во Нови Сад на почетокот на ноември загинаа 15 лица. Градежниот факултет во Белград неодамна ја анализираше достапната документација објавена од властите и тврди дека недостасуваат клучни ставки. На протестот одржан на белградскиот плоштад „Славија“ им се придружија земјоделци, медицински работници, актери, уметници и жители на Белград и околните градови. Ова е најголемиот настан во...
РЦСОО „Ванчо Питошески“ организира хуманитарен предновогодишен музички настан
Views: 83 Ученичката заедница при РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид организира предновогодишен музички настан за сите ученици и нивните семејства, како и за наставниците. Настанот од хуманитарен карактер ќе се одржи на 24.12.2024 година (вторник) со почеток во 12:00 ч. во рамки на училишниот двор.-Целта на овој настан е да ја разбудиме хуманоста во овој празничен период и заеднички да им помогнеме на оние на кои тоа им е најпотребно. На настанот ќе биде поставен штанд со храна и пијалаци каде ќе имате можност да донирате. Собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели,...
И оваа година традиционално се накити подводната елка во Охрид
Views: 101 Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид и годинава традиционално ја накитија новогодишната елка под вода кај Заливот на Коските во Охрид.Фото: Facebook – Diving Center Amfora
Денес Охрид ќе одбележи сто години од смртта на револуционерот Петар Чаулев
Views: 104 Денес во куќата на Христо Узунов во 15 часот, ќе се одржи пригоден настан по повод јубилејот 100 години од смртта на охридскиот револуционер Петар Чаулев.Предвидено е обраќање на претставник од локална самоуправа како и изведба на театарска претстава „Последниот лет на Чаулев“ авторско дело на Михаил Патчев, професор по историја. Претставaта ќе ја изведат ученици од охридската гимназија. Петар Чаулев е еден од најпознатите македонски револуционери од охридскиот регион. Член и раководител на Македонската револуционерна организација, Чаулев се смета за еден од...








