Автор: инфодеск
Post Views: 397 Со огромна заложба на командирот на ТППЕ Охрид Борко Јанкулоски и силна поддршка од Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, целокупната локална администрација и Советот на Општина Охрид, конечно ТППЕ Охрид доби нови интервентни одела за технички интервенции и пожар на отворен простор.Потребата од соодветна опрема и алат за беспрекорно функционирање на нашата единица наиде до разбирање кај сите засегнати страни во овој наш процес на обновување и опремување. Голема благодарност за поддршката и продолжуваме уште посилно и поенергично – велат од...
СДСМ до ВМРО ДПМНЕ : Времето бргу минува, Вашите проекти се невидливи
Post Views: 256 „Почитувана господо од ДПМНЕ, за да говорите за проекти кои носат развој треба да знаете да ги реализирате. Само ако ги реализирате, граѓаните ќе го видат и почувствуваат развојот кој очигледно е само во Вашите глави, илузии и замисли. Но, тоа за Вас не е својствено, она што најдобро го знаете е да навредувате, клеветите, омаловажувате и да губите време во барање виновник за Вашата неспособност“, се вели во соопштение на ОО СДСМ Охрид.Во продолжение ви го пренесуваме соопштението во целост:„Времето бргу поминува, Вашите проекти се невидливи. На крајот на...
Жители на ул. Асном : Ќе ја тужиме Општината во Стразбур
Post Views: 1.001 До редакцијата на ТВМ и „Ти си твојот град“, пристигна допис од жители на улицата „Асном“ кои реагираат на лошата состојба на нивната улица. Овој допис, велат, е со цел да побудат професионална одговорност, но пред се’ човечност кај одговорните од Општина Охрид за да ги добијат правата на цивилизирано битисување, замислете, во 21-ви век.„Сликите што ги гледате се секојдневие за станарите на улицата АСНОМ. Улица што, иако го носи името на АСНОМ улицата, или таканаречената “ПИСТА” , претставува нејзина темна опачина: без било какво инфраструктурно...
Стружанец доби кривична пријава
Post Views: 321 СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(28) од Струга поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанци и прекурсори“.На 21.02.2022 во Струга, пријавениот му овозможил на лице од Дебар да користи марихуана. Истиот ден во Охрид, при преглед на патничко возило „ауди а3“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал А.Д., а сопатник било лицето од Дебар, кај А.Д. била пронајдена и одземена марихуана – информираат од СВР Охрид.
Битолчанец приведен во Охрид
Post Views: 274 На 29.12.2022 во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода И.А.(23) од Битола, со привремен престој во Охрид.При претрес во домот во кој престојува, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Конкурс за избор на најдобра беседа 2023
Post Views: 243 Во пресрет на манифестацијата „Прличеви беседи“ 2023 година НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид распишува Конкурс за избор на најдобра беседа посветена на нашиот патрон, големиот поет и преродбеник Григор Прличев под наслов ПРЛИЧЕВ И НИЕ.Познато е и од неговата „Автобиографија“ дека Прличев најчесто во недела држел беседи пред своите сограѓани – охриѓани на различни теми во црквата „Св. Богородица – Перивлепта“. Ние од Библиотека преку овој прв Конкурс – на локално ниво сакаме да се обидеме да го поттикнеме творештвото на младите луѓе да пишуваат...
Успешна реализација на Полетарче
Post Views: 318 Успешно заврши реализацијата на есенскиот циклус на „ПОЛЕТАРЧЕ“. Програмата за подготовка на деца за во училиште, во организација на Црвен крст Охрид ја посетуваа деца од 3-5 годишна возраст, кои сѐ уште не тргнале на училиште.Децата на возраст од 3-5 години кои во претходните 3 месеци ја следеа програмата, имаа единствена можност, преку игра, забава и дружење да ја развиваат и јакнат самодовербата, да стекнуваат вештини важни за успешно извршување на училишните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на...
Велгоштанец оштетил дел од инвентар во угостителски објект
Post Views: 388 На 28.12.2022 во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле А.Ч.(43) од с.Велгошти, охридско, затоа што околу 17:50 часот се однесувал агресивно и оштетил дел од инвентарот во угостителски објект на кеј „Македонија“.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Традиционален Гала оперски концерт по повод Василица 2023
Post Views: 269 На 12 и 13 јануари 2023 (четврток и петок) со почеток во 20 часот ќе се одржи Традиционалниот Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023.Традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува, оваа година нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Пучини, Верди, Џордано, де Либ, Штраус – помладиот – информираат од Националната опера и балет.Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ,...
Масовни протести во Лабуништа
Post Views: 383 Лабуништани повторно на масовни протести. Со блокада на патот Струга-Дебар го изразија својот револт поради работата на каменоломите. Велат, според податоците на Здравствениот дом една третина од населението во Лабуништа има респираторни заболувања поради штетните честички и правот кој го вдишуваат.Анализите покажуваат и големо загадување на плодното земјиште. Мештаните, бараат каменоломите итно да прекинат со работа, во спротивно најавуваат порадикални протести и бојкот на настава.Во случај Владата да нема слух за нашите граѓани и покрај сите наши...
Поевтинува струјата за занаетчиите
Post Views: 268 20 проценти поевтина струја од идната година ќе плаќаат малите занаетчии во државава. Неколку месечните заложби на Занаетчиската комора на Република Северна Македонија, средбите и барањата кон Владата за намалување на струјата за занаетчиите се успешни. Сашо Богојевски Претседателот на регионалната комора на занаетчии смета дека ваквото намалувањето е во чии рамки се опфатени над 70 илјади мали фирми кои се на регулираниот пазар е за поздравување.„Меѓу кои и занаетчиите. Цената од 17 денари по киловат е намалена на 13, односно за 20 проценти од нова...
Јаневски : Недостасуваат организирани новогодишни програми во туристичките центри
Post Views: 239 За Новогодишните празници во туристичките центри во земјава најбројни ќе бидат домашните и регионалните туристи, од Србија, Бугарија, Грција и Албанија.Првиот човек на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот смета дека Охрид и Струга треба да имаат поорганизирани празнични манифестации за привлекување на што повеќе туристи од европските земји. Новогодишни концерти со ѕвезди, базари и организирани програми кои тур операторите ќе може да ги нудат ширум светот.Дочекот на Новата година треба да создаде поголема конкурентност помеѓу градовите. Ние не...