Skip to main content

Автор: инфодеск

Пчињското евангелие од XVI век, повторно во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

Post Views: 115 По повод враќањето на вредното Пчињското изборно евангелие од 16 век во депото на Националната установа Библиотека „Григор Прличев“во Охрид утре, петок на малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ од 13 часот ќе се одржи пригодна свеченост.За значењето на евангелието се очекува да говорат министерот за култура и туризам Зоран Љутков, директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Христина Трпеска, м-р Зорица Јаковлевска – Спировска од НУБ „Св. Климент Охридски“ Скопје, д-р Илија Велев од Институтот за македонска литература во Скопје и м-р Милчо...

Продолжи со читање

Првото судење за пожарот во Кочани е закажано за 19 ноември

Post Views: 144 Главната расправа за кривично правниот – предмет поврзан со несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани е закажана за 19 ноември 2025 година со почеток во 09:30 часот, во судницата во КПУ Идризово, информираше утрово Кривичниот суд во Скопје.Од таму велат дека дополнително, заради ефикасно и економично постапување, определени се повеќе термини за главна расправа односно 25.11.2025 год., 26.11.2025 год., 2.12.2025 год., 4.12.2025 год., 10.12.2025 год. и 11.12.2025 год, а по отпочнување на расправата ќе се усогласат и дополнителни термини.Ниту еден од...

Продолжи со читање

При изведба на градежни работи поради невнимание урнат ѕид од куќата на Владо Малески која е заштитена како културно наследство

Post Views: 142 При изведба на градежни работи на индивидуален објект во старото градско јадро во Струга, во сокачето на Миладиновци, срушен е јужниот ѕид од стара струшка куќа, заштитена како културно наследство. Објектот што се уривал не бил под заштита, но при изведба на работите не било водена сметка, при што дошло до обрушување на дел од земјиштето и кровот на спомен-куќата на познатиот поет и писател, автор на текстот на македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“, Владо Малески.Министерството за култура и туризам во врска со оштетувањата на споменик на културата...

Продолжи со читање

18 години од трагичната смрт на Тоше Проески

Post Views: 164 Македонија и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред 18 години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981. и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде испеал песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997. година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004-та ја претставуваше Република Македонија на...

Продолжи со читање

УХМР: До сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Post Views: 102 Променливо облачно со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Од УХМР велат дека до сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта и утре, кога се очекува локално да наврнат и над 20 l/m². Утре ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, особено долж Повардарието. Потоа следува стабилно време и натаму со потпросечни температури за овој период од годината.Минималните температури во...

Продолжи со читање

Меѓународен ден на белиот стап – Повик за вистинска ПРОМЕНА НЕ СМЕ НЕВИДЛИВИ!

Post Views: 143 15 октомври го одбележува Меѓународниот ден на белиот стап, ден што ја симболизира независноста и мобилноста на слепите лица низ целиот свет. Сепак, за коалицијата Менуваме, овој ден често се чувствува како момент кога политичките личности се појавуваат накратко, ги споменуваат слепите лица во минување, фотографираат, а потоа удобно ги кријат итните прашања околу нашите секојдневни борби под тепих.Коалицијата Менуваме се залага за вистинска промена на секое ниво, но слепите лица продолжуваат да се соочуваат со системско занемарување. Тие велат дека иако...

Продолжи со читање

1.000.000 денари за најдобрата бизнис идеја на првиот натпревар „Средношколец Милионер“

Post Views: 163 Средношколци од сите делови на државата до 26 октомври можат да се пријавуваат за главната награда за најдобрата бизнис идеја во Македонија – „Средношколец милионер“. Право на учество имаат сите средношколци од прва до четврта година, од државните и приватните средни училишта, кои можат да се пријават самостојно, во пар или во тим до шест члена.Од „Бреинстер“ информираат дека стотици средношколци од сите делови на државата веќе ја пријавиле својата идеја за главната награда за најдобрата бизнис идеја. Натпреварот има за цел да ја поттикне креативноста,...

Продолжи со читање

Шајн: Реални и праведни мерки за достоинствен живот за сите охриѓани ќе бидат мој приoритет

Post Views: 121 Како иден градоначалникт на Охрид мој приоритет е да обезбедиме реални и праведни мерки кои дирекно ќе им помогнат на нашите сограѓани, кажа на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ и Коалицијата, Асен Шајн. Тој најави сет на мерки што имаат за цел да ја намалат финансиската тежина врз домаќинствата и да создадат услови за достоинствен живот за секој граѓанин.„Субвенционирање на данокот од 5% ДДВ за вода за пиење, собирање отпад и одведување отпадни и атмосферски води и гробарина. Со оваа мерка ќе овозможиме финансиско...

Продолжи со читање

Алкохолизирани граѓани вмешани во нарушувања на јавниот ред и мир во Охрид и Лескоец

Post Views: 140 На 15.10.2025 во 01:20 часот на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 53-годишно лице од Охрид затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување и лажно пријавил дека бил физички нападнат. По преземени мерки и извршено алкотестирање, полициските службеници од СВР Охрид, кај него констатирале 1,51 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 14.10.2025 во 07:30 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски...

Продолжи со читање

Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето на улиците „Коста Абраш“ и „Цар Самоил”

Post Views: 117 Од ЈП Водовод инфомираат дека поради интервенција на водоводната мрежа денес од 10:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците „Коста Абраш“ и „Цар Самоил”.

Продолжи со читање

Грчкиот парламент денес ќе гласа за воведување на 13-часовен работен ден

Post Views: 115 Грчките пратеници денес треба да гласаат за контроверзната реформа што би ѝ овозможила на централно-десничарската влада да воведе 13-часовен работен ден до 37 дена во годината под одредени услови. Моменталното законско работно време во Грција е осум часа, со можност за три часа прекувремена работа.Државните службеници во Грција денес започнуваат 24-часовен прекин на работата, поттикнати од Синдикалната федерација на државните службеници (АДЕДИ).Се очекува само партијата Нова демократија (НД) на премиерот Кирјакос Мицотакис, која е на власт од 2019...

Продолжи со читање

Поставени пунктови на Црвен крст за донација храна во рамки на Неделата на борба против гладта

Post Views: 109 И оваа година Црвен крст Охрид традиционално ја организира кампањата за „Недела на борба против глад“ под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС“ со цел поттикнување на граѓаните, компании, фирми, итн. активно да учествуваат во оваа хуманитарна акција.-Во животот, на луѓето им се случуваат немили настани како губење работа, болест во семејството, губење на близок член, природни катастрофи како поплава, пожар… и сл. и истото повлекува финансиски проблеми кои го нарушуваат секојдневното живеење и тогаш приоритетите се менуваат. Тогаш храната е најголем приоритет кој...

Продолжи со читање