Skip to main content

Автор: инфодеск

Кардиолошки центар „Св. Стефан“ воведува нова метода во третманот на периферна артериска болест со системот Jetstream Atherectomy

Post Views: 140 Утре во просториите на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – „Св. Стефан“ Охрид, ќе се одржи работилница  која е посветена на воведување на нова метода во третманот на периферна артериска болест со користење на системот Jetstream Atherectomy.-Со оваа метода се третираат специфични промени на периферните артерии. Ова ќе значи натамошно унапредување на квалитетот на здравствените услуги за пациентите со периферна артериска болест, подобрување на нивниот квалитет на живот, избегнати сложени...

Продолжи со читање

Стаматовски: Охриѓани сакаат и умеат да препознаат добар хумор

Post Views: 154 Во време кога секојдневието е сè побрзо и понапорно, хуморот станува неопходен дел од животот. Денес на 1 април се потсетуваме дека хуморот не е само забава, туку и начин полесно да се поминат животните предизвици. Смеата го подобрува менталното, а со тоа и физичкото здравје.Според актерот и стенд-ап комичар Стрезо Стаматовски, луѓето со развиена смисла за хумор полесно се справуваат со секојдневието.„Јас би рекол дека денес, и не само денес, имаат предност луѓето со високо развиена смисла за хумор. Така што мислам дека доста лесно се пробиваат низ...

Продолжи со читање

По повод Светскиот ден на литературата за деца промоција на книгата „Тапшин танана“ од Божана Атанасова

Post Views: 187 НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, Светскиот ден на литературата за деца утре од 12.00 часот ќе го одбележи со промоција на приказните за деца „Тапшин танана“ од Божана Атанасова.Роднокрајната авторка Атанасова е родена 1944 година во село Лактиње и по струка е медицинска сестра во пензија. Автор е на книгите „Митуш“ ( 2013) , „Водици“ ( 2016) , „Талкачи по виножитото“ ( 2016), „Во приквечерината“ ( 2021) и „Низ прозорецот“ издадена 2022 година.„Тапшин танана“ содржи 17 приказни кои влечат корени од нејзиното детство, но и инспирирани од...

Продолжи со читање

За прв пат оваа година во Охрид ќе биде организирана Лазарева поворка

Post Views: 180 За прв пат оваа година во Охрид ќе биде организирана Лазарева поворка. Лазарева сабота или Лазарица e саботата пред Цветници, денот кога православните верници си споменуваат за чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. –Во нашата културно-народна традиција, овој ден се одбележува со Лазареви поворки. Обичајот бил широко распространет, а во него особено биле вклучени училишните установи. Така, во пресрет на празникот, децата, заедно со своите родители, повозрасни роднини и другарчиња, собирале врбови...

Продолжи со читање

МОН го објави конкурсот за упис во средни училишта во учебната 2026/2027 година

Post Views: 306 Министерството за образование и наука го објави конкурсот за упис во средни училишта во учебната 2026/2027 година.Со конкурсот се предвидени  над 25.000 слободни места во сите 109 јавни средни училишта во државата. Од нив, повеќе од 17.000 се во стручното образование, речиси 6.000 во гимназиското и 570 слободни места во уметничкото образование.Учениците ќе се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици од сопствените кориснички сметки на schools.mk, а потоа во училиштата во кои ќе конкурираат ќе ја...

Продолжи со читање

Полиција мотоциклисти

СВР Охрид со интензивни контроли кон сите возачи на моторни возила, а посебно кон возачите на моторцикли

Post Views: 129 Со цел подобрување на безбедносната состојба во сообраќајот, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, ќе ги интензивира контролите кон сите возачи на моторни возила а посебно кон возачите на моторцикли, мопеди, велосипеди со помошен мотор, трицикли и четирицикли и према оние возачи кои, не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, ќе презема репресивни мерки согласно законските овластувања.Од СВР Охрид потсетуваат дека согласно Кривичниот законик, управување моторни возила без положен возачки испит ќе се санкционира  согласно членот...

Продолжи со читање

Светите маченици Хрисант и Дарија и другите со нив

Post Views: 152 Хрисант беше син единец на еден велик бојарин, Полемиј, којшто од Александрија се пресели во Рим. Како син на богати родители Хрисант ги изучи разните светски школи, а ги имаше за учители најучените луѓе. Но, светската мудрост го збуни и го остави во неизвесност околу прашањето што е вистина. И тој тагуваше заради ова. A Бог Кој промислува за сите и за сè ја ублажи неговата тага: до рацете на младичот Хрисант дојдоа Евангелието и Делата Апостолски. Кога ги прочита се просветли со Вистината. Бараше учител и го најде во лицето на еден свештеник Карпофор, којшто го...

Продолжи со читање

Облачно и врнежливо

Post Views: 227 Денес под влијание на циклонска активност ќе има врнежи кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²). Поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h.Денес во Охрид минималните температурите од 3, а максималните до 8 степени Целзиусови.

Продолжи со читање