Skip to main content

Автор: инфодеск

Цветен раскош на плоштадот Крушевска Република

Post Views: 318 По повод претстојниот празник 8-ми март, денот на жената, на плоштадот Крушевска Република поставени се тезги за продажба на цвеќе и цветни аранжмани.Изборот е разновиден, а цените поволни. Повелете, посетете не – напишаа од ЈП „Градски Пазар“ на официјалната фејсбук страница.

Продолжи со читање

Со пари од ЕУ ќе се поттикнуваат туристичките еко бизниси во Струга

Post Views: 366 Ќе се поддржуваат туристичките еко бизниси во Струга и Поградец. Целта е подобрување на туристичката инфтраструктура преку вложување во зелени бизниси за заштита на животната средина. Поголема промоција на природното и културното наследство, историските знаменитости, како и привлекување на што повеќе туристи.Субвенции за поставување соларни панели и подобра енерgетска ефикасност ќе добијат 40 компании од туристичкиот сектор во двете погранични општини.Да ги слушнеме еко бизнисите и нивните потреби кои што ги имаат. Како проект следна активност ни е...

Продолжи со читање

Променливо облачно време со сончеви периоди

Post Views: 427 Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Слаби локални врнежи од дожд ќе има во југозападните и јужните делови од земјата.Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од -2 до 4 Целзиусови степени, а максималните ќе бидат во интервал од 5 до 15 степени.Променливото облачно време со повремени сончеви периоди ќе се задржи и утре.

Продолжи со читање

Двојно убиство во Старата скопска чаршија

Post Views: 361 Двојно убиство во синоќешниот вооружен напад во Старата скопска Чаршија, во кафе барот „Шиша бар“. Според информации на Телма двајцата убиени се Јетон Кривањева и Енес Исени кои им подлегнале на повредите на местото на нападот.Телма дознава дека нападот го извршиле неколку вооружени лица неколку минути по 20 часот. Според се уште непотврдени информации за време на престрелката повредени се уште седум други лица, но овие информации се темелат врз база на сведоштва на очевидци.Кривањева според повеќе медиуми на албански јазик од Македонија беше дел и...

Продолжи со читање

Обезбедени средства за санација на колекторскиот систем Охрид-Струга

Post Views: 353 Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и в.д. директорот на Јавното Претпријатие Колекторски Систем – Скопје, Владимир Алексијоски, потпишаа Договор за доделување на средства за санација и унапредување на ефикасноста на колекторскиот систем Охрид – Струга.За санацијата на Колекторскиот систем, од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање за 2023 година се обезбедени средства во вкупна вредност од 40,4 милиони денари, согласно Програмата за колекторски систем Охрид и Струга за 2023 година.Владата на...

Продолжи со читање

Награда за филмот Кајмак во Португалија

Post Views: 364 Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски ја освои специјалната награда на жирито во престижната програма Недела на режисерите на фестивалот „Фантаспорто“. Ова беше 43. издание на фестивалот што се одржува во португалскиот град Порто. Како еден од наградените филмови, „Кајмак“ имаше специјална дополнителна проекција на затворањето на „Фантаспорто“.Ова е најнова награда за Манчевски, најтрофејниот македонски режисер, кој има освоено повеќе од 60 меѓународни награди и признанија во досегашната кариера. Меѓу нив се и „Златен лав“ во Венеција, номинација за „Оскар“,...

Продолжи со читање

Од полноќ нови цени на горивата

Post Views: 324 Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит.Од 07.03.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 78,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра...

Продолжи со читање

Македонски православен свештеник нападнат во Грција

Post Views: 550 Обединета македонска дијаспора (ОМД) реагира на физичкиот напад кон архимандритот Никодим Царкњас, 80-годишен македонски православен свештеник во Грција од страна на група млади грци.Додека возел кон дома, патот на архимандритот Царкњас бил намерно блокиран од две возила, спречувајќи го да го продолжи да вози, точно пред понтискиот „Црноморски клуб на Алмопија” во С’ботско/Аридеја. Откако учтиво побарал од групата да ги преместат возилата што му го блокирале патот, тие почнале вербално да го напаѓаат со лични и верски навреди. Тие потоа го засилиле нападот...

Продолжи со читање

Казнети 26 возачи во Охрид

Post Views: 439 На 05.03.2023 година од 12 до 18 часот, спроведени се сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид.Притоа, полициските службеници затекнале 49 возачи на моторни возила кои, ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид-26, Кичево-22, Дебар-01). Против нив, поднесени се соодветни платни налози – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Изложба на слики од повозрасни сликари и сликарки

Post Views: 519 На 7-ми Март во изложбениот салон при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид, со почеток во 18 часот, ќе се одржи изложба на слики од повозрасни сликари и сликарки од Охрид. Ќе бидат изложени слики од следните сликари: Јордан Манасиевски, Љубица Чифлигароска, Васка Опелоска, Ленче Војнеска, Јонче Силјановски, Данче Наумоска, Ленче Кошарскоска, Силвана Колчак, Александар Патчев, Разменска Суклоска, Ковиљка Малезанов, Ѓоко Симјановски, Олга Василевска и Слободанка Димоска. Изложбата е во организација на Женски Центар ,,Бисера” од Охрид и...

Продолжи со читање

Невладините : Извештајот за природното и културното наследство до УНЕСКО не е реален

Post Views: 260 Извештајот за природното и културно наследство на Охридскиот Регион, кој владата го достави до Унеско не кореспондира со реалната состојба, реагираат граѓанските организации од Охрид,  Струга и Поградец. Извештајот е обичен препис направен и поднесен до УНЕСКО. Многу аспекти од овој извештај не се точни и не ја отсликуваат реалната состојба. Од 19 клучни препораки на Унеско, реализирани се само четири и тоа нецелосно само делумно, велат невладините.Неконтролираната урбанизација е спомната со четири реченици, а тоа е голем проблем кој се случува во...

Продолжи со читање

Утре концерт на Трио Џентлмен во Света Софија

Post Views: 289 Утре, во црквата Света Софија во Охрид со почеток во 19 часот концерт ќе одржи популарното Трио „Џентлмен“, по повод 8 март, Денот на жената, а во организација на НУ „Охридско лето”.Трио „Џентлмен“ е музички состав од тројца професионални оперски пејачи, Дејан Стоев-тенор, Кристијан Антовски-баритон и Јане Дунимаглоски-тенор кои имаат посебна специфика во нивната изведба како модерна уметничко-сценска атракција.Она што претходно го најавивме, дека „Охридско лето” нема само да биде во рамките на 40 дена, сега го реализираме. По успешниот новогодишен...

Продолжи со читање