Skip to main content

Автор: инфодеск

Пиротехнички средства

Утре показна вежба на градскиот плоштад – Петардите не се играчка

Views: 54 Во рамки на своите здравствено-превентивни активности Црвен крст Охрид ја продолжува соработката со СВР Охрид-Одделението за превенција со акцент на превенцијата на ризиците предизвикани од употребата на пиротехнички средства.Предвидено е утре на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ од 12 часот, припадници на СВР Охрид-Одделение за превенција и волонтери на Црвен крст Охрид да делат едукативни материјали за опасностите и последиците од користењето на петарди и други пиротехнички средства, со нагласување дека употребата на пиротехнички средства се казнува. Во рамки на...

Продолжи со читање

Новогодишен концерт на ОМУ „Методи Патче“

Views: 75 Во пресрет на празниците, учениците од ООМУ „Методи Патче“ традиционално и годинава ќе одржат новогодишен концерт.Учениците под менторство на своите професори ќе музицираат на тема „Вечер на валцер и танго”.Новогодишниот концерт ќе се одржи на 26-ти декември (четврток) во дијамантската сала на хотелот „Инекс“ со почеток во 19:00 часот.

Продолжи со читање

Охрид ќе одбележи сто години од смртта на револуционерот Патар Чаулев

Views: 94 Охрид ќе одбележи стогодишнина од смртта на Петар Чаулев.  Еден од најпознатите македонски револуционери од охридскиот регион. Член и раководител  на Македонската револуционерна организација, Чаулев се смета за  еден од позначајните ликови  во долгогодишната борба за ослободување на македонскиот народ.Бил на чело на охридското востание и еден од потписниците на  Мајскиот манифест на ВМРО, со кој се обединуваат сите револуционерни сили на македонското ослободително дело во единствен фронт.-Петар Чаулев активно е вклучен во...

Продолжи со читање

Зграда општина Охрид

Одлука за оцена за планскиот документ со намена Г2.1 на дел од КП 821/1 КО Косел

Views: 77 Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15,  129/15, 39/16 ,  99/18, 89/22 и 171/22 ), Општина Охрид,  на ден 25.11.2024 година,  донесе Одлука за оцена за планскиот документ со намена Г2.1 на дел од КП 821/1 КО Косел. Повеќе информации на линкот.

Продолжи со читање

Национален Парк Галичица организира Новогодишна работилница за деца

Views: 151 НП Галичица нареден петок 27.12.2024 во Инфо Центарот на Национален Парк Галичица организира Новогодишна работилница за деца, чија главна тема ќе биде изработката на новогодишни украси од природни материјали.-Ова е повеќе од само работилница – ова е авантура која ги учи децата за природата, ги инспирира со креативност и ги обединува со другарчиња во празнично расположение, а во сето тоа ќе ни помогне нашата драга Симона Ангелоска @hurricane_full_of_joy, велат од установата.Работилницата е наменета за деца од 7 до 10 годишна возраст, а сите посетители треба да се...

Продолжи со читање

облачно Охрид

Претпладне променливо облачно, попладне дожд

Views: 52 Променливо облачно, претпладне со појава на магла по котлините. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Попладне под влијание на циклонска активност од запад ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Утре поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 65 км/час) и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над...

Продолжи со читање

„Пакетчиња за сите дечиња“ по петти пат ќе ги стопли срцата на најмладите

Views: 181 Хуманитарната акција „Пакетчиња за сите дечиња“  по петти јубилеен пат ќе ги стопли срцата на најмладите во регионот.Популарниот Wik Kakarotski, кој е иницијатор на целата акција, задно со неговата екипа, и годинава сакаат да усреќат што повеќе дечиња, пред се’ од семејства од социјален ризик на територијата на Охрид,  за и тие да можат да ја почувствуваат празничата магија и радост.Илјадници пакетчиња ќе бидат  поделени во Охрид, но и на дечињата од околните градови Битола, Ресен, Кичево, Струга, Дебрца Македонски Брод…. и во руралните места каде младите се...

Продолжи со читање

Дивоградбите во Охрид сè уште чекаат уривање

Views: 95 Нелегалните градби впишани во Регистарот на дивоградби во Охрид се уште чекаат отстранување. Единствениот објект кој е срушен засега е една бетонската база. Наместо да се намалува, бројот на дивоградби расте, а тоа го стимулира Законот за легализација.Општината има буџет за уривање на дивоизградени објекти, како една од клучните препораки на Унеско, но нема фирма која би постапила.„Ние ги завршуваме постапките во одделнието за инспекциски надзор ги поднесуваме соодветните кривични пријави правиме решенија за орстранување и застануваме тука, затоа што имаме проблем со...

Продолжи со читање