Автор: инфодеск
Post Views: 356 Младинскиот центар Охрид отвори веб портал на кој младите охриѓани и сите заинтересирани можат да добијат повеќе детали за начинот на функционирање на центарот и сите информации поврзани со младинското делување во Охрид.На веб страницата www.mco.mk објавени се различни видови на содржини поврзани со програмите кои ги спроведува центарот за подобрување на благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјалниот и професионалниот живот. Исто така, постојано се објавуваат информации од важен интерес и се обезбедува навремено и точно информирање на локалните...
Пладневно поетско матине во Прличевата одаја
Post Views: 244 Утре со почеток во 12 часот, во просториите на Национална установа Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, во Прличевата одаја ќе се одржи ,,Пладневно поетско матине”, на кое ќе се чита проза и поезија од пензионери автори од општина Охрид.Матинето е организирано од Женски Центар ,,Бисера” од Охрид и Локалната агенција за развој од Струга, во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи”, координиран од Црвениот крст на Република Северна Македонија и Црвениот...
Новогодишна еуфорија во Охрид
Post Views: 294 Охрид деновиве блесна со сиот свој сјај и е подготвен за Дочекот на Нова година и претстојните празници.Веќе се чувствува Новогодишната еуфорија низ центарот на градот, а највесели се секако најмладите охриѓанчиња.Сите оние кои сакаат да ја почувствуваат празничната атмосфера се добредојдени во Охрид. За новогодишната ноќ се потрудивме да обезбедиме забава за сечиј вкус, а за тоа ќе се погрижат веќе докажани македонски естрадни уметници. Денска забава на Градскиот плоштад ќе има и наредниот ден – напиша градоначалникот Кирил Пецаков, на...
СДСМ со соопштение по повикот за работен состанок на ЈП Билјанини извори
Post Views: 251 Во врска со јавното обраќање на Јавното Претпријатие „Билјанини Извори“ и повикот за разговор и работен состанок за состојбата и начинот на работа на претпријатието не’ радува ентузијазмот и намерата на младиот менаџерски тим да го истакнe својот придонес во менаџирањето на транспарентен начин и како што и самите наведуваат: „со соодветна документација“.Впрочем, тоа е нивна законска обврска, не можност или волја. Советот на општина Охрид е претставнички орган на граѓаните кој одлучува во рамките на своите надлежности утврдени со закон. Во рамките на...
Сообраќај во две насоки на бул. Македонски Просветители
Post Views: 350 На булеварот „Македонски Просветители“ се воведува нов режим на сообраќај.Од кружниот тек на булевар „Туристичка“ до пресекот со улицата „Димитар Влахов“ сообраќајот ќе се одвива во две насоки. За останатите делови од булеварот „Македонски Просветители“ продолжува да важи постоечкиот режим на сообраќај.Овој режим на сообраќај важи до носење на конечното решение за режим на сообраќај.
Денес започна исплатата на декемвриските пензии
Post Views: 226 Денеска започна исплатата на декемвриските пензии, информираат од Министерството за труд и социјална политика.Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според висината на пензиите и тоа:– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.12.2022 година (вторник);– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.12.2022 година (среда);– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.12.2022...
Лажна дојава за бомба во охридско училиште
Post Views: 346 Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешната пријава дека на електронската адреса на едно училиште во Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа.Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, а потоа се извршени детални антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава – се вели во официјалното соопштение на СВР Охрид.Ова е прва дојава за бомба во охридско училишта, по...
Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува
Post Views: 219 Бензините од полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се намалува за исто толку, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 отсто.Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС95 ќе изнесува 77 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС98 ќе се продава за 79,5, а ЕУРОДИЗЕЛ за 80 денари за литар.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за половина денар по литар и ќе изнесува 78,5 денари....
Минималната плата ќе се зголеми во првиот квартал од 2023
Post Views: 295 Премиерот Димитар Ковачевски најави зголемување на минималната плата во првиот квартал од идната година. Ковачевски рече дека согласно методологијата што беше направена на самиот почеток на мандатот на Владата, зголемувањето ќе биде во првиот квартал од идната година.Имаме елемент на зголемување на продуктивноста на трудот и сметам дека економијата може соодветно да одговори на ова зголемување на минималната плата – истакна Ковачевски во одговор на новинарско прашање дали домашната економија во сегашните услови може да издржи нов „минималец“ од 20.000...
Бектеши : Замрзнатите маржи остануваат до април
Post Views: 267 Мерката за замрзнување на маржите на основните прехранбени производи која истекува на крајот на месецов ќе биде продолжена до крајот на април идната година, до кога е прогласена и енергетската криза, најави министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес конференција.Министерот додаде дека ако е потребно, ќе бидат преземени и други мерки во насока на намалување на цените на продуктите, иако, како што кажа, цените особено на основните прехранбени производи веќе се стабилизираат, а некои синџири маркети веќе и самите почнале да ги замрзнуваат цените...
Санкциониран возач со 4,07 промили алкохол
Post Views: 349 Денеска (26.12.2022) во 13:34 часот полициски службеници од СВР Охрид-ОВР Струга при сообраќајна контрола на патничко моторно возило „опел астра” со охридски регистарски ознаки во Струга го санкционираа возачот К.Б.По извршеното алкотестирање кај лицето биле измерени 4.07 промили на алкохол. Лицето е исклучено од сообраќај, одземена му е возачката дозвола и поднесен соодветен поднесок – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Хотелите на Охридското крајбрежје нецелосно исполнети за Дочек на Нова година
Post Views: 363 Хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера за Новогодишните празници ќе бидат исполнети 60 до 70 отсто, информира претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ Крсте Блажески. За разлика од хотелите, помалите сместувачки капацитети, станови и апартмани се целосно исполнети за Нова година.Според него, дел од хотелите на охридското крајбрежје, односно околу 30 проценти се затворени, а очекува бројката да се зголеми по Нова година. За дочекот на Новата година и годинава најголем број од гостите се од соседните држави, Бугарија, Србија,...
