Автор: инфодеск
Views: 77 Денеска православните верници во Македонија ја чествуваат најчестата слава во македонските домови, Свети Никола. Станува зборза посна слава па на трпезата ќе доминираат посна сарма, посно гравче, риба. Во народното паметење овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода.Именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле…Кај православните...
Денес сончево, од утре врнежи од дожд
Views: 62 Претпладне ќе има услови за појава на магла по котлините, а преку денот ќе преовладува сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Од утре попладне под влијание на циклонска активност ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Во сабота поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 65 км/час) и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м2), па на планините снежната покривка позначително ќе се зголеми. Помала...
Од 1 јануари бесплатен јавен превоз во Белград
Views: 96 Од 1 јануари следната година јавниот градски превоз во Белград ќе биде бесплатен и веќе никој нема да мора да плаќа билет, соопшти на денешната прес-конференција градоначалникот Александар Шапиќ.„Нема веќе да има ниту месечни, ниту годишни карти, ниту попусти, туку градот Белград со оваа социјална мерка станува единствениот град во Европа, поголем од 500.000 жители, кој има бесплатен јавен превоз. Има примери, како Талин, кој има 450.000 жители, а некои и во Франција, но тоа се се’ помали градови со по 200-300 илјади жители“, изјави Шапиќ.Тој посочи дека во тек е...
Поставени новогодишни декоративни реквизити на градскиот плоштад
Views: 69 Во рамки на новогодишното украсување на градот, со цел да се збогати претпразничната атмосфера, денеска во зелениот дел на градскиот плоштад во Охрид, беа поставени декоративни новогодишни реквизити.Се работи за новогодишни макети на снешковци, гномови-дедо мраз и санка со елени во поголема димензија, кои се изработени од Зорица Азеска Спасеска, дипломиран вајар на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, вработена во ООУ„Ванчо Николески“-Лескоец како наставник по ликовно образование.
Нов трансформатор во ТС Битола, се очекува да се зголеми стабилноста на енергетската мрежа и во охридскиот регион
Views: 111 Нов 400/110 kV трансформатор пристигна во Трансформаторската Станица (ТС) Битола 2. -Тоа претставува клучен чекор кон обновување на стабилноста на електроенергетската мрежа во Југозападна Македонија. Ова е значајна пресвртница во напорите на државата за справување со предизвиците во преносниот систем и обезбедување сигурно снабдување со електрична енергија во еден од најважните региони во земјата, информираат од МЕПСО.-По дефектот на двата 400/110 kV трансформатори во ТС Битола 2, кои се случија во јануари 2024 односно јули 2024, новиот менаџмент на МЕПСО се соочи со...
„Новогодишен сон“ на Црвен Крст Охрид ги собра децата на плоштад со хумана цел
Views: 68 Музика, игра и насмеани детски лица. Ваква беше атмосферата денеска на пладне на плоштадот Крушевска република во Охрид. Голем број граѓани со своите деца го посетија хуманитарниот настан „Новогодишен сон“ кој го организира Црвен Крст Охрид во соработка со општината.„Последниот месец од оваа година, месец декември или како што ние го нарекуваме месец на дарување, Црвен крст Охрид секоја година организира новогодишен базар којшто оваа година го организираме со локалната самоуправа се со цел да ја поттикнеме креативноста, солидарноста, хуманоста кај најмладите, затоа се...
Охрид полека го стигнува Скопје по загаденост на воздухот
Views: 101 Аерозагадувањето на брегот на Охридското Езеро урива рекорди. Со стартот на грејната сезона мерните станици секојдневно покажуваат енормно загадување . Сотојбата е алармантна особено во вечерните часови, синоќа е регистрирано присуство на штетните ПМ 10 честички во вредност од 270 мг на метар кубен. Еколозите велат итно се потребни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.„Загрижувачки се состојбите во зимскиот период кога од различниoт воздушен притисок немаме циркулација, а од север од Буково имаме носење загаден воздух, чад, смог кој што се позиционира над...
Приведен 17 годишен криумчар од Виница, пронајдени девет мигранти од Непал
Views: 73 На 17.12.2024 во 23.10 часот на локалниот пат кон с.Речица, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Бирото за јавна безбедност лишиле од слобода 17 – годишник од Виница. При преглед во возило „фолксваген кеди”, кое претходно го управувал малолетникот, а на кое биле поставени две различни кумановски регистарски таблички, биле пронајдени девет лица мигранти од Непал. Мигрантите биле сместени во Транзитен центар Табановце, а против малолетникот, по целосно документирање на случајот, ќе биде...








