Skip to main content

Автор: инфодеск

Кривична за стружанец поради узурпација на недвижности

Post Views: 331 ОВР Струга поднесе кривична пријава против У.К.(54) од Струга, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности”.Тој на катарстарска парцела во Струга во државна сопственост, без одобрение од надлежен државен орган, поставил обележја и симболи на општина Струга и просторот го адаптирал за паркинг простор – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Финализиран проектот Мапирање и управување со трската во Охридското езеро

Post Views: 405 Со завршниот настан кој се одржа минатата седмица, Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина „Регионален зелен центар“ Охрид успешно го финализираше проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“.На настанот беа сумирани и презентирани постигнатите резултати, како и сите реализирани активности. Во рамки на настанот се одржа и промоција на документарниот филм за трската во Охридското Езеро, изработен во рамки на овој проект.Тимот на РЗЦ Охрид упати огромна благодарност кон сите кои што на било каков начин дале придонес и...

Продолжи со читање

Потребно е вложување во еко зелени хотелски капацитети

Post Views: 345 На охридско-струшкото крајбрежје потребни се инвестиции во еко зелени хотелски капацитети. Главната причина е заштитата на животната средина како една од клучните прпепораки на Унеско, но и заштеда на електрична енергија во време на криза.Постоечките хотели треба да ги редизајнираат своите објекти, системите за греење и ладење, за да ги направат еколошки попријатни. Бројот на патници кои избираат да одат на еко патување расте, согласно последните студии, туристите се подготвени да платат и повеќе.Се повеќе и повеќе ќе се случува да создаваме аранжмани...

Продолжи со читање

ГРК Охрид утре го пречекува тимот на Алкалоид

Post Views: 360 Утре во Охрид нов ракометен спектакл, овој пат помеѓу ГРК Охрид и РК Алкалоид. И покрај проблемите со повредите на Андоноски, Будрали и Каракоч, охридските гладијатори се подготвуваат да го изненадат скопскиот тим познат по големиот број на македонски репрезентативци предводени од легендарниот Кире Лазаров.И покрај тоа што сите најавуваа дека Охрид нема да го биде, Охрид е одличен за разлика од претходните три години кога играше епизодна улога во плејофот. На добар пат сме, на ниту еден натпревар нема да играме епизодна улога како што покажавме во овие три...

Продолжи со читање

Нова фекална канализација на крак од ул. Абас Емин

Post Views: 364 Екипи на ЈП „Нискоградба“ работат на изведување на нова фекална канализација на крак од улицата „Абас Емин“.Линијата е со должина од 115 метри, а вредноста на зафатот изнесува 566 073 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид – информира градоначалникот Кирил Пецаков.

Продолжи со читање

Охридски Комуналец набави булдожер за одржување на депонијата Буково

Post Views: 403 Во рамките на ЈП „Охридски Комуналец“ дејност извршува Одделението „Депонии“ кое ја одржува и оперира депонијата Буково. На депонијата Буково се депонира комунален отпад од домаќинствата и од правни субјекти кој се подигнува од територијата на општина Охрид.Расчистувањето на комуналниот отпад на депонија Буково, негово растурање и набивање односно одржување на депонијата Буково ја врши ЈП „Охридски Комуналец“ со градежна машина – Булдожер, специјално набавен за таа потреба. Во изминатиот период услугата – одржување на депонија ја извршуваа други...

Продолжи со читање

Авион кој летал од Дортмунд за Охрид итно слетал во Венеција

Post Views: 441 Авион од компанијата WizzAir кој лета на релација Дортмунд-Охрид поради итен случај беше пренасочен кон Венеција, дознава 4NEWS.mkАвионот побарал итно слетување во Венеција, но во моментов не е позната причината поради која тоа го побарал.Авионот во моментот додека се наоѓал во воздушниот простор на БИХ, свртел од курсот и се пренасочил кон Венеција.

Продолжи со читање

Продолжуваат врсничките едукации

Post Views: 338 Врсничките едукатори од Клубот на млади на Црвен крст Охрид продолжуваат со спроведување на врснички едукации со цел побрзо исполнување на минимум стандардите и информирање на населението.Минатата недела на 22-ри и 23-ти февруари беа одржани две врснички едукации за превенција од болестите на зависности во основното училиште „Григор Прличев”.На овие едукации околу 50 ученици од деветто одделение беа запознаени со зборот зависност, причините поради кои настанува, штетните ефекти на зависните супстанци, како и начините на третман и спречување на...

Продолжи со читање

Балетската претстава Жизел вечерва во НОБ

Post Views: 355 Романтичниот балет во два чина „Жизел “ од Адолф Адам ќе биде изведен на сцената на Националната опера и балет вечерва во 20 часот.Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов е преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски. Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска.Диригент на претставите е Иван Еминовиќ. Костимографијата е на Александар Ношпал, сценографијата на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, светло-дизајнот е на Милчо...

Продолжи со читање

Проекција на Кајмак на филмски фестивал во Португалија

Post Views: 400 Филмот „Кајмак“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски денеска ќе има европска фестивалска премиера на 43. издание на Меѓународниот филмски фестивал Фантаспорто во португалскиот град Порто.Манчевски досега три пати беше лауреат на Фантаспорто – во 2020 година кога со „Врба“ ја освои наградата „Мануел де Оливеира“ за Најдобар филм во програмата „Недела на режисерите“, во 2017 со „Бикини Мун“ ја освои Специјалната награда на жирито во истата програма „Недела на режисерите“, а во 2016-та ја доби Наградата за кариера, при што беше организирана и ретроспектива на...

Продолжи со читање

Награда за најдобра необјавена песна за деца Тоде

Post Views: 304 Здружение за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности „Креативна верига” ве поканува да присуствувате на културниот настан, доделување на Наградата за наjдобра необјавена песна за деца „Тоде”, што се доделува во чест на охридскиот поет, есеист, книжевен критичар, енигматичар и шаховски проблематист, Тоде Илиевски.Настанот ќе се одржи на 7 март 2023 година, во просториите на Библиотеката „Григор Прличев” – Охрид, со почеток во 13:00 часот.Овој настан е организиран со поддршка од Општина Охрид.Наградата ја...

Продолжи со читање

Облачно време со повремени врнежи од дожд

Post Views: 305 Утрово температурите во земјава беа над нулата. Во Охрид и Крушево се регистрирани 3 степени Целзиусови, 4 во Претор, 5 во Берово, Битола, Крива Паланка и Прилеп, 6 во Куманово, 7 Виница, 8 Скопје-Петровец и Дојран, 9 Штип и Гевгелија и 10 степени во Демир Капија.За изминатите 24 часа најмногу наврнат воден талог до 7 часот (во l/m2) е измерен во Пожарање од 10 литри на метар квадратен, следат 6 во Скопје-Петровец и Охрид, 5 Куманово и Дебар, 4 Гевгелија, 3 Дојран и Крушево и 2 во Битола и Ѓуриште.Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 12...

Продолжи со читање