Автор: инфодеск
Post Views: 391 На 22.12.2022 година во СВР Охрид лишен од слобода е А.И.(25) од охридското село Горно Лакочереј.При контрола на возило „Опел”, со кое тој се превезувал, извршена на локален пат во селото, полициските службеници пронашле и одзеле ловечка пушка, која ја поседувал без соодветна дозвола. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Тепачка во казино на ул. Партизанска во Охрид
Post Views: 359 На 22.12.2022 година во 22:05 часот во СВР Охрид пријавено е дека во казино лоцирано на улицата „Партизанска” во Охрид, А.Ф. физички го нападнал Б.З.(42), двајцата од Охрид.По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Во вторник започнува исплатата на декемвриските пензии
Post Views: 214 На вчерашната седница, Владата усвои информација за исплата на пензиите за месец декември 2022 година и го задолжи Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.12.2022 година.Се препорачува на деловните банки да обезбедат, пензионерите да може да располагаат со декемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.12.2022 година.Деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за...
Јаневски : Во 2022 год повеќе од 2,8 милиони ноќевања
Post Views: 252 Со веќе остварените 2,6 милиони ноќевања во првите 10 месеци од годинава, туристичкиот сектор успеа да ја постигне поставената цел за 2022 година, а до крајот на годинава се очекува да има повеќе од 2,8 милиони ноќевања, информира директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски.– Во првите три квартали од 2022 година девизниот прилив од туристички промет е 376,48 милиони долари, што е за 25 отсто повеќе од истиот период во 2019 година. Се очекува вкупниот туристички промет за 2022 година да изнесува 430 милиони долари, рече...
Се уредува центарот на Белчишта
Post Views: 581 Вчера и денес екипата за Јавни работи при Општина Дебрца изврши чистење на речното корито и кастрење на вегетација во центарот на Белчишта.Етапно продолжуваме и во останатите населени места – вели градоначалникот Зоран Ногачески.
Над 100 лица од Охрид добија топол оброк во своите домови
Post Views: 233 Преку 100 лица, во социјален ризик, стари, осамени, лица со хендикеп, добија вкусен оброк во своите домови, приготвен од учениците и професорите на средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“, а доставен од страна на тимовите за логистика на Црвен крст Охрид и ученици од училиштето.Со тоа беше реализирана хуманитарната акција на Црвен крст Охрид и РЦСОО „Ванчо Питошески“ за обезбедување на предновогодишни топли оброци за социјално загрозени семејства во Охрид.Хуманитарната акција ја поддржа и во неа се вклучи и Факултетот за туризам и...
Новогодишен концерт на ТАНЕЦ вечерва во НОБ
Post Views: 271 Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ вечерва со почеток во 20 часот во Националната опера и балет ќе одржи ексклузивен новогодишен концерт.На програмата е богата музичко-сценска програма во која учествува целиот ансамбл. Публиката ќе може да ужива во познатите сценски постановки „Кумановка“, „Лазаренки“, „Беранче“, „Раштак“, „Црногорка“, „Пијанец“, „Рудо јагне“, „Калајџиско“ и во изборот на композиции од раскошниот вокално-инструментален репертоар на „Танец“, меѓи кои и сплетот инструментални ора посветени на виртуозот Тале Огненовски, по...
25 декември неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед
Post Views: 210 Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 25 декември 2022 година (недела), првиот ден на Божик е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија.Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот Божик.
Вработени на Нискоградба се селат во Касарната
Post Views: 316 Дел од администрацијата на Јавното претпријатие Нискоградба од Охрид ќе биде префрлена во простории на комплексот Касарна. Советниците со 13 гласови ЗА, 5 воздржани и ниту еден Против ја изгласаа одлуката за времено отстапување на претпријатието Нискоградба простории на вториот кат во едниствената функционална зграда во Касарна. Зградата е дел од простор кој според најавите на локалната власт треба да прерасне во технолошка и рекреативна зона, центар за развој и иновации и место за креативно творење и младинско изразување. Бојан Михајлоски советник на СДСМ на...
Дисеминација за членови на Собранието на Црвен крст Охрид
Post Views: 279 На 21.12.2022, во просториите на Црвен крст Охрид, се одржа дисеминациска сесија за членовите на Собранието на Црвен крст Охрид.Во текот на сесијата, учесниците се запознаа со историјата и со основните принципи на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, за улогата на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, за активностите на националните друштва, за дејствувањето на Црвен крст Охрид итн – информираат од Црвен крст Охрид.Дисеминациската...
ЈП Охридски Комуналец Ви ја нуди услугата е-фактура
Post Views: 1.364 Јавното претпријатие „Охридски Комуналец” ги известува граѓаните дека можат да ја користат услугата е-фактура.Со активирање на оваа услуга ќе ги добивате Вашите месечни сметки и фактури брзо и навремено, притоа давајќи голем придонес во заштита на животната средина – информираат ЈП „Охридски Комуналец“.Активирањето може да се изврши на два начини:1. Доколку ја користите нашата услуга за електронска наплата на сметките и фактурите на веб-страната www.eohridskikomunalec.com.mk , во копчето за корисничка сметка го штиклирате полето.Се...
Струшката болница функционира непречено и покрај милионските долгови
Post Views: 572 И покрај долгот од над три милиони евра, нема застој во работењето на струшката болница. Сметките на јавната здравствена установа се блокирани, против неа се водат судски спорови за наплата на долгови, но болницата и натаму ги нуди сите здравствени услуги за пациентите, а со тековното работење се намалуваат и долговите.Изминатава година се бележи зголемен број на пациенти, оперативни зафати и интервенции на сите оддели.Да имаме период, кога би имале потешкотии, но во координација и со министерството за здравство и со фондот за здравствено осигурување...