Skip to main content

Автор: инфодеск

Златна година за Миа Танеска освојувајќи златен медал од сите натпревари во 2024 година

Views: 91 Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација под водство на претседтаелот Марјанчо Лазаревски и националниот селектор Саша Поповски  од 13-15. 12 2024 година, учествуваше на најјакиот меѓународен Таеквон-до ИТФ А класа натпревар “10 Кинг оф Таеквон-до” во Солун, Грција, на кој имаа пријавено учество 1239 натпреварувачи  од 17 земји ширум светот. Боите на нашата држава ги претставуваа 8 натпреваувачи кои и овај патм покрај огромната конкуренција и пристрасноста на допмашните судии, се потрудија повторно да  не направат горди на нив, освојувајќи 1 златен и 5...

Продолжи со читање

Завршена обука за подобрување во третманот на мозочен удар во Охрид

Views: 152 Со цел унапредување во третманот на мозочен удар тим на доктори и сестри од ЈЗУ Општата болница Охрид и ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, беа на обука во Каунас, Литванија.Обуката беше спроведена со цел да се имплементира стратегија и систем, за првпат во нашиот град, за третман на исхемичен мозочен удар реканализациона терапија под надзор и менторство од врвни експерти.Тимот беше составен од д-р Маја Божиноска-Смическа, специјалист невролог од болницата „Св. Еразмо“, д-р Тони Чифлигароски, специјалист радиолог, и медицинските...

Продолжи со читање

Што го загадува воздухот кој го дишат стружани и какви мерки се потребни

Views: 94Според истражувањата, Струга е еден од помалку загадените градови во нашата држава, односно просечната годишна концентрација на ПМ 2,5 честичките ја надминува дозволената гранична вредност за околу 20%. Сепак, дури и во Струга загадувањето ги надминува дозволените граници. Анализите покажуваат дека најголемите извори на загадување на воздухот во Струга се емисиите од сообраќајот, согорувањето на биомаса, мазут и нафта, како и палењето на оган и отпад на отворено.        Сообраќајот во Струга е постојан загадувач на воздухот...

Продолжи со читање

Спречени обиди за криумчарење компјутерска опрема за рударење на крипто средства, суплементи, парфеми и птици

Views: 113 Царинската управа објави дека во текот на минатата недела, царинските службеници и мобилните тимови спречија обиди за криумчарење разна стока, при што е запленета компјутерска опрема наменета за рударење на крипто средства, суплементи, парфеми со потпис на познати модни брендови, ладилник за товарно возило, облека, а спречен беше и обид за нелегален внес на птици. Во продолжение детали:-на граничниот премин Блаце откриена е специјализирана компјутерска опрема наменета за рударење на крипто средства.-Спречен обид за криумчарење на 8,26 килограми суплементи(19 кутии од по...

Продолжи со читање

Утре ќе се одржи хуманитарен предновогодишен настан „Новогодишен сон“

Views: 75 Одбележувајќи го месецот на дарување, Црвен крст Охрид во соработка со Општина Охрид организира хуманитарен предновогодишен настан „Новогодишен сон“. Целта на овој настан е да се поттикне креативноста, хуманоста и солидарноста кај децата од основните училишта, но и возрасните волонтери на Црвен крст Охрид, преку изработка на најразлични новогодишни украси и предмети кои ќе бидат истакнати за продажба. Со секој купен производ ќе бидат извлекувани награди.Во забавниот дел од настанот, со музички точки ќе настапат ученици од второ и трето одделение од основните училишта во...

Продолжи со читање

Гимназијалците имаа показна вежба за евакуација 

Views: 73 Вчера во ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид во соработка со ТППЕ Охрид, СВР Охрид и Црвен крст Охрид беше изведено “Сценарио за показна вежба на евакуација”.-Според однапред утврдено сценарио, учениците предводени од своите класни раководители и координирани од останатите професори и вработени, внимателно ги проследија инструкциите за евакуација во случај на земјотрес.Ваквите показни вежби ги подготвуваат учениците, професорите и другите вработени да можат најсоодветно да изреагираат во евентуална кризна ситуација.- информираат од училиштето.

Продолжи со читање

Света Варвара

Света великомаченичка Варвара

Views: 57 За време на имераторот Максимилијан во Илиопол живеел еден богат човек по име Диоксор, а неговата жена рано починала. Единствената ќерка Варвара ја сакал многу и ја чувал како своите очи. Полагал голема грижа за ќерка си и за нејзиното воспитување. Девојката била необично убава и до нејзиното полнолетство татко и ја чувал во своите богати одаи на една висока кула. Девојката не гледала никого, освен воспитувачките и слугинките.Гледајќи во природната убавина почнала да размислува: чија рака ја создала таа убавина? И добивала одговор, да никој не го сторил тоа освен вистинскиот...

Продолжи со читање

УХМР: До четврток ќе имаме стабилно и релативно топло време

Views: 80 Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.До четврток ќе се задржи стабилно и релативно топло време. На планините поради повисоките температури висината на снежната покривка ќе се намалува. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму дневната температура ќе биде пониска. Нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег се очекува во петок попладне и во сабота, информираат од УХМР.Во Охрид денес температурите ќе се движат во интервал од -2 до 11 степени.

Продолжи со читање