Skip to main content

Автор: инфодеск

Буџетот на Општина Охрид за 2023 тежок 640 милиони денари

Post Views: 245 Советот на Општина Охрид го усвои буџетот за 2023 година проектиран на околу 640 мил денари или околу 10,5 мил евра основен буџет. Според позицијата во советот тој е развоен и реален, буџет со поддршка од граѓаните и обезбедува економска стабилност.Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски, истакна дека Општина Охрид за прв пат го креираше буџетот транспарентно заедно со граѓаните на отворени денови. Божиновски стави акцент на програмата за култура со која Охрид ќе има меѓународна промоција, а таа опфаќа издаваштво на книги, прв...

Продолжи со читање

Хуманитарна акција на охридските гимназијалци

Post Views: 262 Хуманитарна собирна акција „Слатка среќа“ под мотото „Направете магијата да стане реалност, бидете дел од среќата на едно дете“ организираат учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ Охрид.Собирната акција трае до 26-ти декември, а кутиите за донации се поставени на влезот од охриската гимназија.Слатка среќа! Хуманитарна акција на младинската организација од нашата гимназија – напишаа од ОСУ „Св. Климент Охридски“ на официјалната фесбук страница.

Продолжи со читање

Грст медали за учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ на натпревар по математика

Post Views: 318 Ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски“ Охрид на 13-ти декември учествуваа на меѓународниот натпревар по математика International Youth Math Challenge.Учениците од охридската гимназија ги освоија следните награди:• Ана Томоска – бронзен медалI година под менторство на професор Александра Томоска• Нина Стевоска- сребрен медал• Горазд Блажески – сребрен медалIII година под менторство на професор Александра Томоска• Кристијан Шишкоски – златен медал• Ева Китрозоска – златен медалОд IV година под менторство на професор Валентин Чачор

Продолжи со читање

Кривична за уште еден охриѓанец поради узурпација на недвижности

Post Views: 244 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.М.(71) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности”. Кривична за охриѓанец поради узурпација на недвижностиТој, неовластено, на плажа на брегот на Охридското езеро во туристичкиот комплекс „Св. Стефан”, зазел површина од околу 180 метри квадратни што со закон е определена како површина за општа употреба и противправно без одобрение издадено од надлежен орган од општина Охрид, поставил лежалки и чадори за сонце – се вели во соопштението на СВР...

Продолжи со читање

Охриѓанец фатен со рибарска мрежа и незаконски уловена риба

Post Views: 636 На 21.12.2022 околу 17:30 часот, кај каналот „Студенчишта” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид при незаконит риболов со рибарска мрежа го затекнаа Б.О.(35) од Охрид.Притоа, пронајдена и одземена е рибарска мрежа во должина од 20 метри и 120 парчиња уловена риба плашица. За настанот, запознаен е јавен обвинител и надлежниот инспекторат за водостопанство. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава согласно Законот за рибарство и аквакултура – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање

Тренинг за врснички едукатори во Клубовите на млади при Црвен крст

Post Views: 266 Изминатиот викенд се одржа тренинг за врснички едукатори во Клубовите на млади при Црвен крст Охрид и Црвен крст Струга.На истиот, 18 млади од двете општински организации се запознаа со основите на врсничката едукација, имаа можност да ги извежбаат вештините кои се потребни за одржување на врсничка едукација како комуникација, презентациски и говорни вештини, фасилитаторство и кофасилитаторство и работа во тим, но и ги ставија своите знаења и способности на тест пред останатите со одржување на презентација на одредена тема – велат од Црвен крст...

Продолжи со читање

Се чистат улиците Галичица, Лазо Трпоски и 8 септември

Post Views: 235 Генерално чистење на улиците „Галичица“, „Лазо Трпоски“ и „8-ми Септември“Деновиве екипите на јавна хигиена спроведуваат активности за темелно чистење на тротоарите од улиците „Галичица“, „Лазо Трповски“ и „8-ми септември“. Се отстранува ниската дива вегетација од тротоарите, се чистат граничниците и се подига расфрланиот ситен комунален отпад – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Продолжи со читање

Денес се слави зачнувањето на Света Ана

Post Views: 379 Според православниот календар на 22 декември Црквата ги слави светите Јоаким и Ана, родителите на Марија, која се удостои, како избрана од целиот човечки род, да го роди самиот Бог.Уште попрецизно, Црквата се сеќава со радост на зачнувањето на онаа што подоцна ќе ја слават сите родови како Богородица. Во таа смисла, светите Јоаким и Ана. Црквата ги нарекува богоотци.Денешниот ден е празник на чуда за сите жени, особено за оние кои имаат мали деца или сакаат да добијат. Денес, според обичаите, жените не треба да работат ништо, а пак женитек ои имаат...

Продолжи со читање

Столбови за ограничување на бул. Македонски Просветители

Post Views: 484 Во рамки на активностите за реконструкција на бул. „Македонски Просветители“ утрово екипи на Охридските јавни претпријатија поставуваат столбови за ограничување и друга урбана опрема по должината на улицата со цел побезбедно сообраќање и движење на пешаците.Активностите за реконструкција на улицата започнаа минатата година. Согласно проектот на улицата има комплетно булеварско решение со осветлување, двосмерна велосипедска патека, пешачки патеки од двете страни и нови коловозни ленти одвоени со зелен појас.

Продолжи со читање

Започнаа Денови на кариера во Касарна Хаб

Post Views: 331 Започнаа Денови на кариера во просториите на Касарна ХАБ Охрид. Најголемите и најуспешни ИТ компании од Македонија на свои штандови денеска и утре во Касарна ХАБ ги презентираат моделите на работа, споделувајќи дел од своите искуства, ќе понудат работни позиции за младите од југозападниот регион.Заинтересираните млади лица на настанот имаат можност за остварување директни интервјуа за вработување во ИТ секторот. Владимир Дукоски, дипломец на Факултетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид детално се запознал со условите кои ги нудат овие компании, вели дека му се...

Продолжи со читање

Денеска почнува зимата

Post Views: 264 На денот на почетокот на зимата (денеска), денот е најкраток, а ноќта најдолга. Вечерва во 22 часот и 48 минути календарски почнува зимата во земјава и земјите од северната хемисфера на Земјината полутопка. Паралелно на јужната хемисфера стартува летото.На првиот зимски ден, според најавите, не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.Зимата ќе трае 88 дена, односно до 20 март 2023 година.

Продолжи со читање

Нов Дневен центар за деца со посебни потреби во Струга

Post Views: 616 Струга доби нов Дневен центар за децата со посебни потреби. Овие лица, конечно добија пристојно катче за згрижување, едукација и нега. Во објектот ќе бидат сместени 20-тина деца, за кои ќе се грижат три воспитувачки и психолог.Иницијативата е на стружанецот Ергин Борово, кој живее во Холандија, а пред две години го преплива Охридското езеро за оваа благородна мисија. Проектот се реализира со меѓународни донации, поддршка од општината и волонтери.Имаме спонзори од дијаспора, од Холандија и се трудиме сега да имаме што повеќе финансиски средства за да...

Продолжи со читање