Автор: инфодеск
Post Views: 271 Честитка до припадниците на турската заедница во Охрид и Република Македонија, по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик – 21 декември упати градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков.Еден од основните предуслови за зачувување и негување на својата традиција е можноста за учење и творење на мајчин јазик, а ние сме тие кои мора да ги цениме и вреднуваме јазичните и културни одбележја на различните народи со кои живееме во нашата заедничка татковина, Македонија. Одбележувањето на овој празник е симбол на почитта на Македонија кон...
ВМРО ДПМНЕ со честитка за Денот на наставата на турски јазик
Post Views: 230 ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на припадниците на турската заедница во Охрид и Република Македонија им го честита 21 декември – Денот на наставата на турски јазик.Мајчиниот јазик и националната мисла се најважни обележја и нераскинливи делови од идентитетот на секој народ. ВМРО-ДПМНЕ Охрид како носители на Локалната власт во градот преку почит и вреднување на разликите даваме значаен придонес за турската заедница како нераскинлив дел од Охрид. Нека Ви е честит 21 декември – Денот на наставата на турски јазик – се вели во честитката на ВМРО ДПМНЕ Охрид.
Маж од Шпанија фалсификувал пресметки за плата во фирма во Охрид
Post Views: 261 СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Г.Р.(43) од Шпанија, со привремено живеалиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги”.Тој, од еден правен субјект во Охрид одзел деловна книга за евиденција, ја пополнил со лажни податоци како да бил вработен во друг правен субјект во периодот од 26.02.2021 до 21.07.2021, ги фалсификувал пресметките за плата во износ од 799.452 денари и истите ги заверил со сопствен потпис – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Синоќа започна неделата на шпански филмови
Post Views: 200 Вчеравечер во НУ Центар за култура “Григор Прличев“, започна циклусот „Недела на шпански филмови 2022“, во организација на Шпанската амбасада и Општина Охрид.Манифестацијата е резултат на културната соработка помеѓу амбасадата и локалната самоуправа. Претходно беше отворена изложбата „Пикасо можеби јас“ на македонскиот уметник Филип Фидановски, посветена на 140 годишнината од раѓањето на Пабло Пикасо. Пред присутните се обрати амбасадорот на Кралството Шпанија во Македонија, Н.Е. Хосе Луиз Лосано Гарсија.Најпрво би сакал да му се заблагодарам на тимот...
Фестивал на локални производи утре во Охрид
Post Views: 281 Утре на 22-ри декември (четврток) со почеток од 12:00 часот во холот на Факултетот за Туризам и Угостителство Охрид ќе се одржи Фестивал на локални производи „Купувај Локално“.Фестивалот има за цел да ги презентира локалните производители на храна, рачни ракотворби и други уникатни производи кои се автентични за ова поднебје.Настанот е отворен и слободен за сите граѓани и гости кои сакаат да ја вкусат локалната храна и да уживаат во мирисот на греаното вино, заедно со луѓето чии изработки ја негуваат традицијата и чувството за постоење.Организатори на...
Охриѓанецот Александар Петрески со Новогодишна песна за најмладите
Post Views: 494 Охриѓанецот Александар Петрески ја претстави неговата најнова новогодишна детска песна со наслов „Снегулка“, која е во соработка со девојката со ангелски глас, Марија Цветановска.Кога бев дете, имав преголема желба за снег во зима. Посебно пред Нова Година. Се молев секогаш кога врнеше снегот да се задржи. Во моето рано детство тоа беше почеста појава. Никогаш нема да ги заборавам оние моменти, кога со другарите од училиште си одевме дома низ охридското кале. Посебно мила ми беше рутата низ чаршија навечер! Неколкуте тезги со новогодишни украси, отсликуваа...
Младите очекуваат позитивни промени
Post Views: 235 Неформално образование и создавање услови и поддршка за мали бизниси, простор каде што можат да се организираат културни настани, екологија и спорт. Ова се дел од приоритетите на дел младите коишто ги навеле на Анкетата на ТВМ во рамки на проeктот Media for all.67,7 проценти од анкетираните веруваат дека отворањето на првиот младински центар во Охрид ќе донесе позитивни промени за подобрување на нивната положба во општината. 30,7 проценти од анкетираните сакаат во младинскиот центар да се оранизираат едукативни настани, 27,3 културни настани и околу 20...
Охриѓанец фатен со марихуана
Post Views: 290 На 19.12.2022 во Охрид во СВР Охрид, лишија од слобода е Ј.Д.(28) од Охрид.При претрес во неговото патничко возило „фолксваген голф”, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Кривична за охриѓанец поради узурпација на недвижности
Post Views: 272 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.К.(32) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности”.Пријавениот, во својство на сопственик и управител на правниот субјект, неовластено, на плажа на брегот на Охридското езеро, зазел површина од околу 70 метри квадратни, што со закон е определена како површина за општа употреба и противправно, без одобрение издадено од надлежен орган од општина Охрид, поставил 26 лежалки и 15 чадори за сонце – информира...
Објавен повик за субвенции на нови авиолинии
Post Views: 300 Сите авиокомпании коишто ги исполнуваат условите може да се пријават на јавниот повик за финансиска поддршка на нови авиолинии што денеска го објави Министерството за транспорт и врски.Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски изјави дека за оваа намена се предвидени 1,1 милион евра, а целта како што вели, е раст на авиосообраќајот во земјава.Овој јавен повик е различен од претходните и на него може да се изберат повеќе авиокомпании со коишто ќе се склучи договор. Истиот е во согласност со политиките на фер и конкурентни услови, согласно...
Младите охридски шахисти на средба со Пецаков
Post Views: 284 Градоначалникот на Охрид Кирил Пецков денеска во својот кабинет ги прими децата кои обезбедија пласман на државното првенство по шах за основни и средни училишта кое што го организираше Федерацијата за училишен спорт на Македонија.На натпреварот, во категоријата жени од средни училишта прво место освои Елена Лушеска која е прва година во ОСУ „Св. Климент Охридски“.Во категоријата жени од шесто до деветто одделение (основно училиште) трето место освои Емилија Лушеска од ООУ „Братство Единство“, а во истата категорија за мажи трето место освои Михаил...
Промовиран проект за подобрување на условите во ЈЗУ Кардиологија Охрид
Post Views: 326 Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков денеска присуствуваше на пригодниот настан за промоција на инвестицикиот проект „Подобрување на условите за здравствен туризам со реконструкција на ЈЗУ Кардиологија-Охрид, набавка на опрема и дигитализација“. Во своето обраќање пред присутните градоначалникот Кирил Пецаков се осврна на важноста на овој проект и упати благодарност до сите кои се заслужни за неговoто реализирање.Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ е гордост за Охридскиот...