Skip to main content

Автор: инфодеск

Збратимување меѓу ИПА Охрид и ИПА Егнатија

Post Views: 215 Викендов во Охрид, беше потпишана Повелба за соработка и збратимување помеѓу Интернационалната полициска асоцијација, регион Охрид – Македонија и Интернационалната полициска асоцијација, регион Егнатија – Република Албанија.Повелбата ја потпишаа претседателите на двата ИПА региони, м-р Стефан Димоски и Генц Постоли.Повелбата за збратимување е доказ за меѓусебното разбирање, желба и потреба за кооперативност, заемно помагање на двата ИПА региона и двете национални секции на сите нивоа, со цел ширење на ИПА идеите и доказ за билатералната меѓународна...

Продолжи со читање

Студентскиот дом во Охрид ќе се обнови во фази

Post Views: 340 Студентскиот дом „Никола Карев“ – Охрид ќе се реконструира следнава година. Речиси шест децении старата зграда во која е сместен охридскиот студентски дом ќе биде структурно зајакната, ќе се подобри енергетската ефикасност како дел од владиниот проект за рехабилитација на државните студенстки домови. Градежните зафати предвидуваат и реновирање на санитарни инсталации, обнова на електрична опрема, безбедносни мерки, стандардни работни соби, со цел да се подобри средината за живеење и учење за студентите. Жарко Куциноски директорот на охридскиот студентски...

Продолжи со читање

Новогодишен концерт на ООМУ Методи Патче

Post Views: 246 ООМУ „Методи Патче“ на 21-ви декември организира голем Новогодишен концерт.Концертот е со почеток во 19 часот, а ќе се одржи во Дијамантската сала на хотелот „Инекс Олгица“.

Продолжи со читање

АМСМ известува за состојбата на патиштата

Post Views: 316 АМСМ известува каква е состојбата на патиштата:СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.ИЗВЕСТУВАЊЕ: Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).ФРЕКВЕНЦИЈА : Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена...

Продолжи со читање

Какво време нè очекува до крајот на годината?

Post Views: 258 Неделата започнува со пониски температури, нормално за средината на декември. Максималните во текот на оваа недела ќе се движат од 7 до 13 степени.На почетокот од следната недела започнува зголемување на облачноста, со услови за врнежи од дожд. Температурите ќе се движат од 9 до 12 степени, а утринските од 0 до 3 степени.На 27-28 декември низ земјава се очекува да помине студен атмосферски фронт. Потоа на повеќе места ќе има врнежи од дожд, кои поради студот речиси насекаде ќе преминуваат во снег.За новогодишната ноќ на 31-ви декември ќе имаме облачно...

Продолжи со читање

Вечерва започнува изложбата Пикасо можеби јас

Post Views: 205 Вечерва со почеток во 18 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ започнува изложбата „Пикасо можеби јас” од македонскиот уметник Филип Фидановски и „Недела на шпански филм”.Во рамки на „Неделата на шпански филм“ ќе бидат прикажани филмовите „Шампиони“ од режисерот Хавиер Фезер, „Тајната во нивните очи“ од режисерот Хуан Хозе Кампанела и „Лесно е да се живее со очи затворени“ од режисерот Давид Труеба.Проекциите ќе започуваат во 19:00 часот, а влезот е бесплатен.

Продолжи со читање

Показни вежби за последици од користење на петарди

Post Views: 385 Во пресрет на новогодишните празници, волонтерите од Црвен крст Охрид во соработка со СВР Охрид спроведува акции за зголемување на свесноста кај населението за последиците од користењето на петарди и други пиротехнички средства.Новообучените волонтери од тимот за прва помош и тимот на шминкери за реално прикажување на повреди имаат можност да ги покажат своите знаења преку изведување на симулација на ампутирани прсти и изгореници како резултат од користењето на петарди заедно со волонтерите од Клубот на млади – велат од Црвен крст Охрид....

Продолжи со читање

Кривична за охриѓанец кој вршел јавен превоз без лиценца

Post Views: 271 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.В.(41) од Охрид како и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца”.При контрола извршена на 02.11.2022 година на улицата „15 корпус” во Охрид, полициските службеници сопреле патнички автомобил „Пежо” со охридски регистарски ознаки, управуван Г.В., а сопственост на правниот субјект. Притоа, утврдиле дека тој врши превоз на патници без да поседува соодветна дозвола-лиценца за вршење на јавен...

Продолжи со читање

Казнети возачи кои управувале возило под дејство на алкохол

Post Views: 281 На 17.12.2022 година од 19 до 24 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници во Охрид затекнале 4-ца возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол.Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози. Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, СВР Охрид ќе ги засили контролите во патниот сообраќај со цел, подигнување на сообраќајната безбедност – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Се уредува детското игралиште на ул. Јане Сандански

Post Views: 206 Активностите за уредување на детските игралишта на територија на Општина Охрид продолжуваат.Деновиве се изведуваа градежни активности за уредување на детското игралиште на улицата „Јане Сандански“.Детското игралиште веќе е оградено и се постави бетонска подлога, врз која ќе биде поставена мека подлога. После тоа следува поставување на детските реквизити – информира градоначалникот Кирил Пецаков.

Продолжи со читање

Луфтханза ќе лета од Франкфурт до Скопје

Post Views: 319 Германскиот авиопревозник Луфтханза, влегува на македонскиот авијациски пазар со отпочнување летови на линијата Франкфурт – Скопје, од 23-ти април 2023 година, соопшти ТАВ Македонија, откако авиокомпанијата ги закажа летовите помеѓу двата града.Lufthansa ќе ги поврзе македонскиот главен град со главниот аеродром во Франкфурт нудејќи летови од Меѓународниот Аеродром Скопје секој ден во неделата, а во некои денови ќе лета по два лета неделно, со авиони од видот : Airbus A319, Airbus A320 и Airbus A321.Среќни сме што Lufthansa одлучи да влезе на...

Продолжи со читање

ТППЕ Струга воспостави сензорен систем за детектирање пожари

Post Views: 313 Противпожарната единица во Струга воспостави сензорен систем за детекрирање на пожари.Базата е со седиштето во Струга, а антени со камери се поставени на повеќе локации во градот и струшките села. Целта е 24 часовен мониторинг, брзо откривање и следење на пожарите во непристапни терени, во шумски појаси, во селата и во градот.На две места имаме по пет камери со сензори и покриен е цел терен. Го фаќаат секое село. Овој проект овие камери покажуваат секаде каде што има чад даваат сигнал веднаш каде гори – вели  Фети Мазари, командир на ТППЕ...

Продолжи со читање