Автор: инфодеск
Post Views: 294 И денеска во претпладневната училишна смена на електронските адреси на некои скопски училишта пристигна мејл со известување дека во објектот е поставен експлозив. Директорите на училиштата во 09.30 часот ја известија полицијата и веднаш пристапиле кон евакуација на учениците и вработените. Како што завчера ексклузивно објави МКД.мк, Министерството за образование и наука (МОН) до сите директори и градоначалници на општините испрати итен допис во кој препорачува во денови кога учениците се евакуираат поради закани за бомби, да се организира онлајн...
Продолжува опаѓањето на водостојот на Охридското езеро
Post Views: 329 Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата од 693,17 метри надморска височина, што e за 24 сантиметри пониско од просекот за февруари или седум сантиметри над дозволениот минимум зацртан на котата 693,10 метри надморска височина.Долготрајниот сушен период без врнежи дополнително ја усложнува ситуацијата со намалувањето на издашноста на изворите и на дотокот вода од притоките од езерскиот слив.Температурата на водата е 6 степени Целзиусови, што е во рамки на просекот кој изнесува 6,5 степени, информираат од УХМР.
НП Галичица работи на развој на одржлив туризам
Post Views: 377 Националниот парк „Галичица’ работи на развој на одржлив туризам. Изработена е стратегија за развој на туризам која е во согласност со Планот за управување со Охридскиот регион. Планинскиот масив изобилува со голем потенцијал за алтернативни типови туризам. Планинарење, велосипедизам, параглајдеризам.Во рамките на Националниот парк има 240 км обележани патеки од кои 40 км за велосипедизам.Природните карактеристики на регионот, големиот биодиверзитет, чистата природа, релативно чистата би рекол, но исто така многубројните културни споменици кои се...
Бочварски: Автопатот ќе биде завршен во предвиден рок
Post Views: 304 Автопатот Охрид-Кичево ќе биде завршен до крајот на годинава, изјави Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при посетата на Охрид. Се очекува да бидат испочитувани зададениот рок и цената на чинење за изградба на автопатот, доколку во наредниот период градежните работи продолжат со засилено темпо, посочи Бочварски.„Ова е нешто што го правиме перманентно последните месеци. Очекувам со засилено темпо да продолжат градежните работи оваа година, секако со подобрувањето на временските услови да се оствари поголем напредок и автопатот по секции како што...
Обука за проверка на факти и можност за еднонеделна посета во САД
Post Views: 406 Остануваат уште осум дена до крајниот рок (03.03.2023 година) за апликација за учество во обука „Дезинформации и проверка на факти“, преку која двајцата најдобри учесници ќе имаат можност да заминат на еднонеделна посета во САД.Предавач на обуката, која ќе се одржи во Струга од 22 до 24 март 2023 година, меѓу останатите, ќе биде еминентниот новинар Џон Гринберг, дописник на PolitiFact.За обуката можат да аплицираат сите млади луѓе на возраст до 29 години кои потекнуваат од Југозападниот и Пелагонискиот регион, преку пополнување на формуларот на...
Овации за Биљана Драгиќевиќ Пројковска во Народниот театар во Софија
Post Views: 375 Една од нашите најдобри актерки Биљана Драгиќевиќ Пројковска, вчеравечер играше како гостин на сцената на Народниот Театар „Иван Вазов“ во Софија. Пројковска во улогата на ликот Серафима Илинична беше дел од претставата „Животот е прекрасен” во режија на Александар Морфов, кој е еден од водечките европски режисери на денешницата. Пројковска имаше повеќе пати аплаузи на отворена сцена во текот на претставата, а на крајот од изведбата беше поздравена со бурни аплаузи и овации.Инаку, и македонската публика имаше можност да ја гледа Биљана Драгиќевиќ...
Реконструкција на кујната во детската градинка во Вевчани
Post Views: 358 Денеска започнаа градежни работи за комплетна реконструкција на кујната во детската градинка во Вевчани.Инвестициите во комплетна внатрешна реконструкција на објектот ќе продолжат и во иднина за што веќе се обезбедени финансиски средства од аплицирани проекти – информира Спасе Кочовски, градоначалник на Општина Вевчани.
Закажана 17-тата седница на Советот на Општина Дебрца
Post Views: 323 Свикана 17-тата седница на Советот на Општина Дебрца на ден 28.02.2023 година (вторник) со почеток во 13 часот. Седницата ќе се одржи во салата за седници на Советот на општина Дебрца.ДНЕВЕН РЕДУсвојување на записник од 16-та седница на Советот на општина Дебрца.Предлог – Одлука за усвојување на извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година.Предлог – Статутарна одлука за дополнување на Статутот на општина Дебрца.Предлог – Правилник за организирање и одржување на форумите на заедницата...
Акција за чистење на детските игралишта
Post Views: 267 ЈП „Охридски Комуналец“ реализираа активности за тековно одржување на детските игралишта на територијата на општина Охрид.Игралиштата генерално се чистат, хортикултурните содржини тековно се одржуваат и се коси тревната површина. Активностите се спроведуваат по налог на локалната самоуправа, а ќе продолжат и во наредните денови – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Охрид претставен на Саем за туризам во Белград
Post Views: 292 Рекорден број на коегзибитори ќе ги промовираат туристичките понуди на македонскиот штанд, на претстојниот саем за туризам во Белград.Свеченото отворање на 44-от Меѓународен саем за туризам се одржа на саемот во Белград во фантастична атмосферa. Околу 350 изложувачи од 33 земји, вклучително и Македонија, учествуваат под слоганот „Кога е одмор, не е тешко“.Во рамките на саемските денови од 23-ти до 26-ти февруари општина Гевгелија, општина Дојран, општина Ресен, општина Крушево и општина Охрид ќе ја прикажат природната убавина, богато културно наследство...
Свети свештеномаченик Харалампиј
Post Views: 352 Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Харалампиј.Уште од стари времиња, нашите предци, со доаѓањето на празникот на Свештеномаченикот Харалампиј Магнезијски, го сметале како предвестител и почеток на Пролетта. Затоа на денот на неговиот празник се носи мед во храмот, за осветување и употреба на гладно срце по лажичка за лекување, како и за во храната, Тој е заштитник на пчелите, пчеларите и на болните.Житие:Овој голем светител беше епископ во Магнезија и во својата сто и тринаесетта година пострада за Христа. Кога настана страшното гонење на...
Дигитална информативна табла поставена во ООУ Св. Климент Охридски
Post Views: 255 Дигитална информативна табла е поставена во ООУ „Св. Климент Охридски”, истата е направена со маскота која е афтентична за училиштето и избрана од училишната заедница на предлог на ученикот Сара Велјанова.Покрај информативниот карактер, дигиталната информативна табла воедно ќе биде мотивациска табла на која ќе бидат истакнувани учениците со високи постигнувања на општински, регионални и државни натпреварувања и воедно ќе претставува стимул за сите останати ученици – велат од ООУ „Св. Климент Охридски“.

