Автор: инфодеск
Post Views: 163 Една од основните причини за создавањето на дивите депонии на територијата на Охрид и охридскиот регион е неправилното и несовесно одлагање на кабаст, зелен и друг тип на опасен отпад, велат од Збогум Буково.Општината на Охрид како дел од подготовките за спроведување на Планот за управување со отпад веќе има одредено место за изградба на собирен центар како и основен план за дизајнот и фракциите на отпад коишто таму ќе се одлагаат. Збогум Буково во насока да го потпомогне процесот спроведува мала анкета за испитување на мислењето на граѓаните во однос...
Сиљановска-Давкова во Охрид оствари средба со претставници на „Збогум Буково“
Post Views: 109 Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими основачите на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ – Охрид, Драгана Карашова, Ѓорѓи Љатко, Симеон Карашов и Љиљана Илиевска.На средбата во вила „Билјана“, еко-активистите ја информираа претседателката за нивните активности во справувањето со отпадот на депонијата „Буково“ и воопшто, со заштитата на животната средина во Охрид и околината, соопшти кабинетот на претседателката.– За нив состојбата сѐ уште е загрижувачка, со оглед на фактот дека депонијата честопати се пали, ширејќи чад со...
Фестивал на пчелни производи од локални пчелари „Пчели и мед“ на плоштадот Крушевска Република
Post Views: 141 Во деновите 8, 9 и 10 Август 2025 година, на плоштадот Крушевска Република ќе се одржи манифестација „Пчели и мед“ во организација на Пчеларското здружение Охрид.На манифестацијата локалните пчелари ќе го изложат својот мед и пчелни производи, а потрошувачите ќе можат да ги дегустираат различните племенити вкусови и специфичности на охридскиот мед. -Ги очекуваме сите љубители на пчелни производи, сите љубители на природата, дечињата и сите добронамерни посетители, порачуваат од Пчеларското здружение Охрид.
Општина Охрид доби 8 прочистувачи на воздух кои ќе бидат поставени во основните училишта
Post Views: 114 Општина Охрид доби 8 нови прочистувачи на воздух од програмата на Владата на Република Македонија кои ќе бидат поставени во основните училишта во општината.Оваа мерка е дел од програмата на Владата за подобрување на квалитетот на воздухот и покажува сериозен напор за намалување на критичните концентрации на штетни честички, како што се PM10 и PM2.5, кои претставуваат главна закана за здравјето.Се работи за напредни системи за прочистување на воздухот од реномираниот германски производител MANN+HUMMEL кои ќе помогнат во елиминацијата на вируси,...
Седмо издание на манифестацијата „Културно лето Пештани 2025“
Post Views: 232 Во сабота, 9-ти август, започнува седмото издание на манифестацијата „Културно лето Пештани 2025“. – По седми пат го славиме духот на уметноста и традицијата во ова мало место на мапата, но големо по душа. Придружете ни се, инспирајте се, создавајте, порачуваат организаторите.Манифестацијата ќе се одржи во центарот на село Пештани, а присутните ќе можат да ја видат жива традиција на замесување за свадба, да уживаат во староградска музика, повозрасните жители на селото ќе ги споделат спомените, легендите и вредностите од минатото. На програмата има и...
Книжевно-музички настан: пет години „(е)Лит”
Post Views: 116 Со настанот на 6 август, Здружениeто за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности „Креативна верига”, го започнува одбележувањето на петгодишнината од своето електронско списание „(е)Лит”.Со своите соработници и пријатели, оваа среда во 20:00 часот, во Музејско-културниот центар „Лапидариум”, гостите ќе имаат можност да ги чујат Миодраг Богиќ на виолина и Искра Атанасова Митуш на пијано. Дел од своето книжевно творештво ќе читаат: Славе Ѓорѓо Димоски, Лилјана Пандева, Ана Илијоска Богиќ, Долорес Атанасова-Лори,...
Недела на млади 2025: Пет дена полни со креативност, инспирација и младинска енергија во Охрид
Post Views: 144 Од 11ти до 15ти август, во организација на Младински Центар Охрид, ќе се одржи третото издание на „Недела на млади” – мултидисциплинарна програма наменета за млади, млади уметници и креативци, по повод Меѓународниот ден на младите – 12ти август.Програмата опфаќа уметнички и музички работилници, филмски проекции, мастеркласови, јога, изложби, музички настапи и предавања, а активностите се распоредени низ пет дена со утрински, дневни и вечерни содржини.Програмата започнува во понеделник (11ти август) со летна ликовна...
Сончево време со умерена облачност
Post Views: 120 Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе се искачи до 30. степени. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.– Од денеска ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со пораст на дневната температура, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија
За една година угостителските услуги поскапеле за 5%
Post Views: 144 Цените на угостителските услуги во јули се зголемени за 5% во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.Гледано по групи, цените во угостителството во однос на јуни се зголемени за 0,4 проценти кај храната, 1,6 проценти кај алкохолните пијалоци, 0,9 проценти кај безалкохолните пијалоци и за 0,2 проценти кај ноќевањата. Од Државниот завод за статистика информираа дека цените на угостителските услуги во јули 2025 година се зголемени за 0.5 % во однос на претходниот месец јуни. Во периодот јануари – јули во...
Документарниот филм „Хармонија помеѓу човекот и природата“ премиерно прикажан во Вевчани
Post Views: 116 Во рамки на програмата на Вевчанско Лето 2025, на 4 август во Мултикултурниот центар „Коста Србакоски“, беше прикажана премиерата на документарниот филм посветен на Споменикот на природа Вевчански Извори – „Хармонија помеѓу човекот и природата“. Овој филм на инспиративен начин ја раскажува длабоката поврзаност меѓу вевчанската заедница и природата, преку лични сведоштва, научни согледувања и живописни кадри од заштитеното подрачје.Општина Вевчани изразува голема благодарност за вложениот труд и искрена посветеност на сите инволвирани, а додели плакета за...
Од 16 до 30 август ќе се одржи третото издание на Ohrid Water Festival
Post Views: 168 Под покровителство на Општина Охрид од 16 до 30 август градов ќе биде домаќин на Ohrid Water Festival, што годинава се одржува по трет пат. Станува збор за случување кое ги спојува водените спортови, убавата музика и гастрономска понуда од ова поднебје .Фестивалот започнува на 16-ти август на пладне со Ревијалниот ватреполо турнир што ќе се одржи пред хотел Александрија, а попладнето на Старото пристаниште ќе се одржи Red Вull Педалинка. Наредниот ден на базенот „Атина Бојаџи“ ќе биде пливачкиот митинг. Од 18-ти до 21-ви август на плажата К’ј...
Одземени пет возила во Струга поради преголема бучава
Post Views: 274 Денеска (05.08.2025) во периодот од 00:30 до 02:00 часот, постапувајќи по претходна пријава дека на паркинг во Струга бил нарушен јавниот ред и мир од повеќе лица со бучава од возила, полициски службеници презеле повеќе мерки по Законот за безбедност на патниот сообраќај.-Веднаш по пријавување на случајот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Струга излегле на местото и затекнале повеќе од 500 лица и околу 120 спортски и луксузни возила, кои наводно изведувале изложба. Лицата не постапиле по наредбите на полициските...