Skip to main content

Автор: инфодеск

Започнуваат уписите за есенскиот циклус на програмата „ПОЛЕТАРЧЕ“

Views: 189 Црвен крст Охрид започнува со уписите за есенскиот циклус на програмата „ПОЛЕТАРЧЕ“, наменета за деца од 3 до 5 години.Преку игра, забава и дружење, децата ќе имаат можност да ја развиваат и зајакнуваат самодовербата, како и да стекнуваат вештини значајни за нивниот понатамошен развој и успешно совладување на училишните задачи.Програмата опфаќа креативни и едукативни вежби за броење, помнење и концентрација, размислување, графомоторика и фина моторика, како и активности за осознавање на просторните и временските односи. Дел од програмата се и вежби за развој на говорот и...

Продолжи со читање

Се уредува улица со велосипедска и пешачка патека од автокампот „Ас“ до вливот на реката Сатеска

Views: 217 Започна асфалтирањето на улицата во Езерски Лозја, на потегот од автокампот „Ас“ до вливот на реката Сатеска во Охридското Езеро.Проектот опфаќа реконструкција на 700 метри од постојната сообраќајница, како и изградба на пешачка патека и велосипедска патека, со широчина од по 3 метри.-Станува збор за инвестиција која значително ќе ја подобри инфраструктурата и безбедноста на движењето во една од атрактивните локации на Струга, долж брегот на Охридското Езеро, посочуваат од Општина Струга.Проектот се реализира во рамки на Western Balkans Trade and Transport...

Продолжи со читање

Забрана за движење во шума

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Views: 237 Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за продолжување на целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 00.00 до 24 часот на територијата со која стопанисува јавното претпријатие. Забраната се воведува со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор, а ќе трае од 1 до 30 септември.Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште не важи за Министерството за внатрешни работи, Министерство за одбрана, Шумската полиција, Центарот за...

Продолжи со читање

Вирусот на Западнонилска треска откриен кај угинат гавран во Ресен

Views: 244 Агенцијата за храна и ветеринарство потврди присуство на западнонислкиот вирус кај мртов гавран во Ресен.–Во период од 24.08.2026 до 27.08.2026 пристигнати се повеќе од 100 пријави од граѓани, дел од пријавите се однесуваат на угинати птици, како што се врапчиња и други видови, кои не се соодветни за испитување за Западно нилска треска. Поради тоа, не секоја пријава може да резултира со земање примерок и лабораториско испитување. Од тестираните примероци, досега се добиени два позитивни лабораториски резултати – еден кај угината птица пронајдена на подрачјето на...

Продолжи со читање

Нови откритија на локалитетот Пенелопа во Охрид, траги од животот во доцниот неолит

Views: 159 Керамика, камени орудија, кремени сечила, коскени алатки, семиња, уметнички творби фигурини и остатоци од дрво и коски од животни, траги од секојдневието на луѓето кои живееле во Охрид во доцниот неолит.Ова се новите откритија пронајдени на археолошкиот локалитет „Пенелопа”, каде за првпат се вршат систематски сондажни истражувања на наколната праисториска населба.Луѓето на ова тло околу 5.000 година пред нашата ера живееле во организирана населба, се занимавале со земјоделие и одгледување животни, а храната ја дополнувале и со она што го нудело...

Продолжи со читање

Затворен базен

Нов рок за изградбата на затворениот пливачки базен

Views: 187 Повеќе од една деценија од поставувањето на камен-темелникот, затворениот пливачки базен во Охрид сè уште не е ставен во функција. Ново проектно решение е доставено во Општина Охрид, а по неговото одобрување треба да започне тендерска постапка за довршување на објектот. Според првичниот проект, затворениот пливачки базен е замислен како современ спортско-рекреативен комплекс со голем базен за пливање и ватерполо, помал базен за деца и непливачи, трибини со 500 седишта, фитнес, спа и велнес-центар, простор за пинг-понг, ресторан и комерцијално-административни содржини....

Продолжи со читање

Свечено доделени дипломите на матурантите во OЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Views: 196 Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид свечено беа доделени дипломите на матурантите од генерацијата 2025/26 година.По четири години исполнети со учење, труд, предизвици, дружење и бројни успеси, матурантите го одбележаа завршувањето на своето средно образование.На свеченоста им се обратија заменик-градоначалничката на Охрид, Ана Крстеска, и директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, Сашо Недески.Во рамките на свеченоста, на учениците со континуиран успех им беа доделени пофалници како признание за нивната посветеност, труд и постигнати резултати.Посебно...

Продолжи со читање

Општина Охрид организира Меѓународна ликовна колонија „Лихнид – Охрид“

Views: 156 Од 1 до 9 септември, Охрид ќе биде домаќин на првата Меѓународна ликовна колонија „Лихнид – Охрид“, во организација на Општина Охрид.На колонијата учество ќе земат 17 ликовни уметници од земјава и странство, кои преку својот уметнички израз ќе создаваат инспирирани од Охрид, неговото културно наследство и уникатниот амбиент.Повеќе информации на линкот.

Продолжи со читање