Автор: инфодеск
Post Views: 381 На иницијатива на Секторот за спорт, млади и невладини организации, денес во просториите на Општина Охрид, се одржа работна средба помеѓу Советот на млади на Охрид и претставници на улилишните заедници од средните училишта.Целта на средбата е да се мотивираат средношколците за поактивно вклучување во креирањето на младинските политики. Претставниците на Советот на млади, Јован Цветкоски и Димитар Поп Стефанија, пред учениците ги претставија досегашните активности на советот и изразија отвореност за сите идеи и проекти кои се од интерес на младите....
Во март ќе биде објавен нов повик за субвенционирани летови
Post Views: 241 На почетокот на март, ќе биде распишан новиот јавен повик за субвенционирање нови авиолинии од Меѓународниот аеродром во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, откако претходниот беше поништен. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска во Охрид кажа дека во моментов течат роковите за жалба, по што ќе следи новата постапка за избор на авиокомпании кои ќе добиваат субвенции од државата за отворање нови линии од двата аеродрома.Очекувам кон почетокот на март да го распишеме новиот повик. Комисијата која работи на подготвување на оваа...
Потпишана Меѓународна спогодба за спасување во воздухопловство
Post Views: 299 Во Охрид денес беше потпишана Меѓународна спогодба за соработка во рамки на регионалниот советодавен комитет за трагање и спасување во цивилното воздухопловство( RASARAC ). Цивилните воздухопловни власти на Северна Македонија, Словенија, Србија и Црна Гора се согласија на соработка, размена на искуства и развој на капацитети во областа за трагање и спасување со цел интервенции при вонредни околности. Со потпишување на спогодбата, се утврдува рамка за унапредување на прекуграничната соработка на државите членки на комитетот, чие претседавање годинава го презема...
Дебата за климатски промени, животна средина и родова перспектива во Струга
Post Views: 379 Презентација на програмата за животна средина и родова перспектива на Општина Струга за минатата 2022 година беше целта на дебатата „Климатски промени, животната средина и родовата перспектива“, што се одржа во Струга во организација на „Зелен институт“.Во рамките на дебатата, како што информира координаторката за еднакви можности при Општина Струга, Сервер Шашко, била направена анализа на програмата за животна средина со акцент на влијанието на климатските промени.Влијанието на климатските промени од година во година е се по изразено. Сведоци сме на...
Се расчистува дива депонија кај Градинар
Post Views: 391 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска имаат акција за расчистување на мапирана дива депонија на просторот од поранешен Градинар.По претходно добиен налог од општинскиот инспекторат, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ пристапија кон расчистување на мапираната дива депонија на просторот од поранешен Градинар. Количествата на расфрлан кабаст отпад, градежен шут и друг отпад се енормни, па активностите ќе се реализираат и во наредните денови – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Во Охрид потпишана спогодба за потраги и спасување во воздухопловството
Post Views: 312 Агенциите за цивилно воздухопловство на Република Македонија, Република Србија, Република Словенија и Република Црна Гора денеска во Охрид ја потпишаа Спогодбата за потраги и спасување како дел од заедничките операции на земјите од регионот во цивилната авијација.Со Спогодбата се зајакнува меѓусебната соработка на ниво на Агенции во градење, развој на капацитети, размена на искуства и знаења, подобрување на оперативната прекугранична соработка.Директорот на Агенцијата за Цивилно воздухопловство, Томислав Тунтев истакна дека со ова се врши хармонизација на...
Во Охрид приведен битолчанец баран по централна потерница
Post Views: 265 На 21.02.2023 во 17 часот, полициски службенци од СВР Охрид го лишија од слобода Б.А.(23) од Битола.Тој беше баран по централна потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда” по член 131 од Кривичниот законик. Тој е задржан во полициска станица и ќе биде предаден на надлежното ОЈО – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Презентиран каталогот за стандардизација и визуелна унификација на урбана опрема
Post Views: 330 Денеска во Општина Охрид се одржа презентација на Правилникот и каталогот за стандардизација и визуелна унификација на урбаната опрема на локациите кои беа опфатени со Анализата на визуелното оптеретување на градот Охрид.На презентацијата присуствуваа сопственици на угостителски објекти, занаетчии, сместувачки капацитети, трговци, туристички работници и останати субјекти кои ја обавуваат својата дејност во стариот дел на градот и охридската чаршија.Со Правилникот и каталогот за стандардизација и визуелна унификација на локациите се пропишуваат видот,...
Исплатени субвенциите за градинарско производство
Post Views: 309 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на директните плаќања по обработлива земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници.Корисници на оваа поддршка се земјоделски стопанства кои имаат пријавено обработени површини со домати, пиперка, лубеница, диња, тиква, грав, боранија, грашок, компир, краставици, корнишони, зелка, кељ, кромид, лук, праз, тиквички, зелена салата, брокула, спанаќ, карфиол, модар патлиџан, рукола, морков, целер, пашканат, цвекло, аспарагус,...
Продолжува собраниската седница за реконструкција на Владата
Post Views: 293 Со расправа за предлогот за разрешување на министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи денеска продолжува 104-тата седница на Собранието посветена на владината реконструкција.Според последните најави за збор по предлогот за разрешување на Чупи се пријавени вкупно 39 пратеници.Претходно, во рамки на оваа прва точка од седницата заврши расправата за предлозите за разрешување на министерот за здравство Беким Сали и за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.На дневниот ред на 104-тата седница се и назначувањата на новите министри...
Времето денеска : Сончево, топло и ветровито
Post Views: 279 Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе биде од -4 до 4, а дневната од 15 до 23 Целзиусови степени.Утре, според УХМР, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Tемпературата утре во текот на денот ќе биде до 20 Целзиусови степени.
Најава за можно враќање на евтината струја
Post Views: 331 Можно враќање на дневната евтина струја од 14 до 16 часот од 1 јули најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски.Можно е враќање на дневната евтина струја, но ќе треба да почекаме за тоа до крајот на грејната сезона. Од октомври до средината на февруари имавме поволни услови, граѓаните заштедија 14 проценти енергија, сите домашни капацитети се во функција и за прв пат над 80 отсто од потребите за енергија ги задоволуваме од домашни капацитети. Позитивните трендови продолжуваат, намалени се загубите, а ЕСМ може да има...
