Skip to main content

Автор: инфодеск

 ЕВН и ТАВ поставија полначи за електрични автомобили на аеродромите во Скопје и во Охрид

Views: 94 Од денес, патниците, корисниците, гостите и персоналот на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид ќе имаат на располагање дополнителна услуга и погодност – четири станици за полнење електрични возила. Оваа нова предност, која дополнително ја збогатува понудата на ТАВ Аеродроми, е овозможена од ЕВН Македонија и е во согласност со стратегиите за одржливост и континуирано подобрување на услугите за клиентите на двете компании.Новопоставените станици за полнење на електрични возила кои работат на наизменична и еднонасочна струја се стратешки...

Продолжи со читање

Утре се одбележуваат 80 години од Антифашистичкиот фронт на жените

Views: 84 Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје утре, четврток 12.12.2024, со почеток во 19.30 часот, во соработка со Региноналната феминистичка антифашистичка мрежа (ФАМа) ќе одржат настан по повод одбележување на 80 години од основањето на Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ), во Кинотека на Македонија.Предвидено е учество на експертки и активистки од регионот со цел заедничко одбележување на наследството и влијанието на АФЖ, осврнување на заедничката историја и на вредноста на антифашистичкиот фронт на жените во денешен контекст, информираат од фондацијата.Свои...

Продолжи со читање

Марихуана

Пронајдена марихуана во „Езерски лозја”

Views: 82 На 10.12.2024 во 12.50 часот во струшката населба „Езерски лозја”,  полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода Л.А.(18) од Република Албанија. При претрес во апартман, кој тој го користел, била пронајдена и одземена марихуана и други предмети. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Продолжи со читање

Реприза на „ЦЕПЕНКОВ’N ROLL“ во петок

Views: 63 3-та по ред детска театарска претстава на Детското драмско студио „Драмакидз” која предизвика голем интерес кај охриѓани – „ЦЕПЕНКОВ’N ROLL” ќе биде репризно изведена во петок, 13.12.2024 во 20 часот.„ЦЕПЕНКОВ’N ROLL” е патување низ времето и мудростите на македонската традиција, преку кое ќе направиме мост помеѓу старите преданија и модерната култура. Оваа претстава ги истражува богатствата на македонското усно творештво но со еден свеж и провокативен пристап. Со почитување на традиционалните поуки, нашите млади актери ќе зборуваат и пеат со јазикот на...

Продолжи со читање

Претставата „Кумови“ повторно на репертоарот пред охриѓани во понеделник

Views: 61 Поради зголемениот интерес на театарска претстава “КУМОВИ” од Душан Ковачевиќ во понеделник, 16.12.2024 повторно на репертоарот.Режијата е на Билге Емин, а играат: Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев. Превод и драматургија: Кристина Тодороска Петреска. За сценографија е задолжена Татјана Христоска Бажевска, а за костимографија Марија Пупуческа.Претставата започнува во 20.00 часот, цената на билетот е 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на...

Продолжи со читање

Нефрологија Струга

Презентација на резултатите од инфраструктурната поддршка насочена кон подобрување на медицинските услуги во струшка Нефрологија

Views: 115 Центарот за развој на Југозападен плански регион денес ќе одржи презентацијата на резултатите од инфраструктурната поддршка насочена кон подобрување на медицинските услуги во ЈЗУ Нефрологија – Струга, овозможени во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кои ги реализираше Центарот за развој на Југозападен плански регион со поддршка на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија.Настанот ќе се одржи во 11 часот во ЈЗУ Нефрологија – Струга.На настанот ќе присуствува директорот на установата, Јетмир Зиба, заменик министерот...

Продолжи со читање

Променливо облачно со сончеви периоди

Views: 88 Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 2 до 11 степени Целзиусови.До петок ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност и пониска дневна температура. Во сабота кон крајот на денот и во недела ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег, велат од УХМР.

Продолжи со читање

Пензионерите го надополнуваат недостигот oд кадар во охридско-струшкиот регион

Views: 102 Пензионерите го надополнуваат недостигот на кадар во хотелско угостителскиот сектор. Се поголем дел од работоспособните  пензионери на брегот на Охридското Езеро се вработуваат во хотелите и рестораните, најчесто како помошен персонал во кујна. Потребата од дополнителни приходи е главната причина за пензионерите наместо да одмараат, пензионерските години ги минуваат на работните места.  Дополнителна причина за нивниот ангажман е и недостигот на кадар во туризмот.„ Има доста пензионери со големо искуство во сите гранки не само во туризмот кој што може да дадат огромен...

Продолжи со читање